логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!
И еве денес пак се собираме молитвено да им се обратиме на Петнаесетте Тивериополските свети маченици зашто и за пофалба и за крепост ги имаме. И на нивниот подвиг се сеќаваме и воедно се воодушевуваме и пак прашањето во што се разликуваме ние од светите 15 си го поставуваме и зошто се тие толку поголеми од нас пред Бога?
И ајде со ред да одиме и на Христовите зборови од евангелието Јованово да си спомнеме за кон одговорот да се приближиме.
“Ако Мене Ме гонеа и вас ќе ве гонат.” (Јован 15,20)
Ако ги држиме при срце овие зборови лесно би си одговориле на прашањето во што се разликуваме ние од овие петнаесет ерарси, свештеници и левити кои идолската прелест ја разобличија.
Верува ли некој можеби дека местото ги осветило? Секако дека не. Та нели секаде е земја господова, та нели е секоја педа земја од Бога создадена, та нели до каде што се чуло за Христа до таму и свети луѓе допреле? Та и ние нели во овој момент на истото место сме коешто тие со својата крв го натопија и го осветија?
И пак каде е нашиот подвиг? Сме никнале и ние и растеме на оваа почва, од нив со нивната крв натопена и осветена, како собир на живи и конкретни личности собрани околу епископот сите на едно место. Сме никнале по молитвите на овие Петнаесет свети и неустрашливи мажи и сме растеле заедно со многумина од вас со кои ги правевме првите чекори на патот кон вечноста. Сме растеле и растеме како црква собирајќи се и заедничарејќи во Телото и Крвта Христови. А сепак се разликуваме од Петнаесетте и научивме дека не е местото она што не осветува.
Друг ќе рече можеби до времето во кое што живееле е разликата помеѓу нас. Та малку ли искушенија носи секое време, секој нов ден? Е да, тие живееле во време кога Јулијан отпадникот од верата се зацарил, ние живееме во време кога отпадништвото преку секуларизмот и релативизмот и заробеноста од правата на малцинските групи завладеал со светот. Сепак по нивните молитви опстојуваме сè уште.
Јулијан ги побарал нивните глави. И ги добил главите, но Христос ги добил во истовреме нивните души и ги населил во Рајот согласно Неговото ветување кон нас дека оној што ќе ја изгуби душата заради Него ќе биде спасен и ќе ја сочува за живот вечен.
Новиот Јулијан Апостатот, отпаднатиот свет, не ги бара нашите глави на тацна сè уште, но лукаво нè убедува да ги наведнеме пред сите сладострастија што ни ги нуди секојдневно.  Да ги наведнеме главите и така да ги изгубиме душите. Ние во удобства да се веселиме, а Христа да го растажиме одбивајќи преку подвигот на воздржанието горе да ги имаме срцата, а рацете да ни бидат испружени кон ближниот секогаш подготвени да му помогнат да не се удави во вителот на страстите
И ќе речам ете не била ни до времето различноста помеѓу нас и Тивериополските светила.

19042009


Тогаш што ни останува освен разликата да ја бараме во нашето разбирање на Црквата Божја. Зашто денес за многумина  црквата не е место каде животот би го положиле за Христа, туку е место за бегање од искушенијата барајќи преку нашиот наемнички однос со Бога награда за принесените молитви и дарови, награда за сите испостени денови, за сите запалени свеќи. Наградата ја замислуваме во вид на среќа и заштита од искушенијата и многу лагоден живот во кој парите ни даваат привидна сигурност. Немојте, не се ни осмелувајте да ја замислувате така. Црквата треба да е за нас свето место во кое ќе го надминеме наемничкиот однос и ќе го изградиме нашиот синовски, љубовен однос со нашиот Бог Света Троица кој не би нè одделил од Него дури и кога би дошол глас од Небесата дека нема веќе места во Рајот.
Дури тогаш кога би останале со Христа дури и само во тие изброени денови на земјата бестрашни би станале и без трунка сомнеж пред мечот на гонителот своите глави би ги наведнале и тогаш одговорот ќе го добиеме и ќе можеме оправдано да се наречеме Христијани и би биле еднакво големи со нашите свети Петнаесет Тивериополски маченици и со сите оние милиони и милијарди осветени праотци, пророци, маченици, преподобни, исповедници, подвижници, светители кои се населиле на небесата и по чии молитви опстојува светов и веков.
Нека ни биде овој наш денешен молитвен собир за многу години, за храброст и вера неустрашлива. Богородица Брзопослушничка да ги чуе нашите молитви, а светите Петнаесет наши заштитници постојано нека се молат за сите нас пред Престолот на Бога Света Троица за еден ден и ние рамо до рамо со нив да застанеме и таму.
За многу години!

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
                              Струмица 11.12.2021

 

 https://www.tiveriopol.mk/mitropolit-evropski-pimen-beseda-za-sv-petnaeset/?fbclid=IwAR1TxYh_H-6_amCNYEGlXH3LYWXXGddCl1gSZS2pktBy0OgbmxU3qeElD4c

 

 

 

 

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 3413
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 3242
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Чудото на иконата „Брзопослушничка’’

„Пред братската трпеза на ѕидот од памти век е напишана иконата на Пресвета Богородица. Веродостојност отците принесуваа и претходно и ние сега така се однесуваме, согласно нивните мислења, за изобразување на таа икона во времето на Свети Неофит, основач на тој манастир. Според историско мерење на времето од  Свети Неофит дури до нас протече веќе не помалку од 840 години, затоа што Свети Неофит живеел во XI век.

Повеќе...

Наука и Култура

Ноември 29, 2022
1926.Sava.SHumanovich

Конзерваторска приказна за сликата „Турска бања “

Со стручно-научна поддршка на Институтот за историја на уметноста на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Белград, во рамките на дводневната научна конференција во изминатиот викенд, истакнати експерти од Србија, Хрватска, Северна Македонија и Франција…
Септември 26, 2022
TViTer448

„Турска бања“ на Националната галерија изложена во Европска престолнина на културата за 2022, Нови Сад

„Ваквите претставувања отвораат врати за идни билатерални соработки помеѓу нашите земји. Особена чест и задоволство е за Националната галерија да биде дел од ваков исклучителен настан. Значението на учеството е дотолку поголемо бидејки ние како институција

ТРКАЛЕЗНА МАСА ЗА ПОДАТОЦИТЕ ЗА Е-ТРГОВИЈАТА ВО НАШАТА ЗЕМЈА

Јул 24, 2022 Друго од култура 604
TViTer319
Од АЕТМ велат дека со оваа тркалезна маса, Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и…

Конгресот на САД ќе носи резолуција за славење на македонскиот јазик и наследство

Јан 27, 2022 Друго од култура 927
Во Конгресот на САД е покрената резолуција за прогласување на септември 2022 за „Месец на…

„Анатомија на бумбарот” на Стефан Марковски

Дек 28, 2021 Литература 1007
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
Во романот, чие македонско издание е објавено од „Паблишер“, се дефинира енергична и…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Воведение на Пресвета Богородица (03.12.2022)

Митрополит Струмички Наум: Воведение на Пресвета Богородица (03.12.2022)

    Некаде во своите дела светиот Старец Јосиф Исихаст вели: „Ако не ја достигнеш благодатта Божја во најголема мера, не сметај се себеси за потполн човек“. Си велам, само потполн...

о. Горан Стојчевски: Дар на светот, икона на човекот, учителка на послушанието, педагог на служењето, првиот исихаст, родителка на вечниот живот, божествен цвет на сè создадено

о. Горан Стојчевски: Дар на светот, икона на човекот, учителка на послушанието, педагог на служењето, првиот исихаст, родителка на вечниот живот, божествен цвет на сè создадено

 Таа единствена тихувателка и патоводителка низ исихијата, нè приведува во заедницата од која се откинавме, а еве повторно ни е дадена можност, не само да се вратиме, туку да црпиме...

Митрополит Струмички Наум: СВЕТИ ГРИГОРИЈ ПАЛАМА (26.11.2022 )

Митрополит Струмички Наум: СВЕТИ ГРИГОРИЈ ПАЛАМА (26.11.2022 )

Во Црквата не постои надворешен, т.е. научен критериум за познавање на Вистината – Христос, туку постои внатрешен, аскетско-исихастички (молитвен) критериум, преку кој лично и опитно Го познаваме Христос Вистинскиот Бог.Кога...

Сашко Николовски: СВЕТИ ЈОВАН ЗЛАТОУСТ 13/26 ноември

Сашко Николовски: СВЕТИ ЈОВАН ЗЛАТОУСТ 13/26 ноември

Животот на Златоуст бил тежок и бурен. Тоа е живот на подвижник и маченик. Меѓутоа, Златоуст не се подвизувал во својата келија, ниту пак во пустина, туку сред животната таштина,...

Св. Григориј Палама - „Господи, просвети ја мојата темнина„ (Собрани беседи)

Св. Григориј Палама - „Господи, просвети ја мојата темнина„ (Собрани беседи)

Градот војува сам со себе, завојувал сам со себе, се гази од своите сопствени нозе, се руши од своите сопствени раце, одекнува од своите сопствени извици. Она што е кај...

Поминувајте го времето на своето живеење со стравот ( I Пет. 1,17)

Поминувајте го времето на своето живеење со стравот ( I Пет. 1,17)

 Ова се зборови на големиот апостол Петар, зборови кои имаат двојна потврда: небесно вдахновение и сопствено искуство. По небесното вдахновение простиот рибар Петар, стана учител на народот, столб на верата,...

Игумен Фотиј Беровски: Извадоци од  беседа

Игумен Фотиј Беровски: Извадоци од беседа

        "Секогаш го дефинираме односот кон другите и односот кон себе...Каде и кога? Постојано, почнувајќи овде во Црквата а потоа и во своите домови. Секогаш кога зборуваме  на  оваа тема зборуваме...

Митрополит Струмички Наум : Како да ја зачуваме Божјата благодат во нас

Митрополит Струмички Наум : Како да ја зачуваме Божјата благодат во нас

За денешното евангелско четиво (види: Лука 8, 41–56) битно е да се запамети следново:Како што крвта е потребна за животот на телото, така и благодатта Божја е потребна за вистинскиот...

БEСEДА за пoзивoт на ситe христијани да бидат свeти

БEСEДА за пoзивoт на ситe христијани да бидат свeти

Акo вo пoслeднитe врeмиња свeтитe пoстаналe исклучoк, вo oниe први врeмиња, нeсвeтитe билe исклучoк.Свeтитe билe правилo. Всушнoст, нe трeба да сe чудимe штo апoстoлoт ги нарeкува ситe крстeни души вo...

« »