логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Скопје- Во првиот ден од Страсната седмица, а во храм на св.Петка , на празникот на св.Василиј Исповедник свештеникот Сашо Наков, во сослужение на старешината на храмот протоереј Томе Велјанов и ѓаконот Јане Илиев отслужи Литургија на Претходноосветени дарови, на која верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

sv.Josif.Prekrasniot.jpg

Еврејското собрание, без духовни плодови,
Христос го споредува со бесплодната смоква;
Затоа да бегаме од страстите, зашто и ние еден ден би можеле да бидеме проколнати и исушени.

Во овој свет и Велик понеделник правиме спомен на блажениот и прекрасен Јосиф, и на исушената смоква. Бидејќи одовде добиваат почеток светите страдања на нашиот Господ Исус Христос, за прв негов образ (слика) се зема Јосиф. Тој беше последниот син на патријархот Јаков, роден од Рахила, кому браќата му позавидеа поради некое негово видение на сон. Најнапред тој бил скриен во една јама, а неговиот татко е измамен од неговите браќа со неговата искрвавена облека, велејќи дека е изеден од некој ѕвер. Потоа за триесет сребреника бил продаден на Исмаилќани кои, исто така, го продале на Пентефрија -начлникот на евнусите на египетскиот фараон. Бидејќи неговата жена се разгневи против младиот, поради неговата невиност и чистота, затоа што не сакаше да направи беззаконие со неа, тој побегнал оставајќи ја својата облека. Таа го наклеветала на својот господар, и затоа доби затвор и окови. Оттаму е ослободен поради негиовиот дар да толкува сонови и одведен пред фараонот, а потоа поставен за господар на сета земја египетска. Подоцна станал и снабдувач со жито на своите браќа и, откако во се добро го помина својот живот, умре во Египет, со голем углед поради неговата чистота, покрај другите добродетели. Може да се рече дека тој е праобраз (икона) Христова, бидејќи и на Христа Му позавидеа неговите едноплеменици Јудеи, и од ученик е продаден за триесет сребреника, и затворен во еден мрачен и темен ров - гроб, и оттаму излезе со своја власт, за да владее со Египет, односно над секој грев што го победува до крај. Он владее со целиот свет и човекољубиво не искупува нас преку таинствено давање на пченица, бидејќи Самиот се дава за нас и не храни со небескиот леб - со своето живоносно тело. Ете, од овие причини, прекрасниот (убавиот) Јосиф е поместен овде.

Овде правиме спомен и на исушената смоква, бидејќи божествените евангелисти, односно Матеј и Марко, за неа зборуваат по расказот за Цеветници: „Утрото, кога Он излезе од Витанија, огладне"; а другиот вели: „Кога утрото се врати во градот, огладне и, кога виде една смоква која имаше само лисја но без смокви (бидејќи не беше времето за смокви), се доближи до неа и рече: „Никогаш повеќе да не раѓаш плод!" И веднаш се исуши смоквата. Смоквата ја симболизира еврејската синагога во која Спасителот не го најде плодот што го очекуваше, туку само лиснатата сенка на законот, и тоа Создателот го одзеде од неа, бидејќи беше неплодна. Но некој ќе рече: Зошто бездушното дрво стана суво, откако прими клетва без да згреши? - За да се знае дека Евреите, гледајќи Го Христа како на сите им прави добро и никому не први зло, мислеа дека Он има сила да прави само добро, а не да прави зло. Но човекољубивиот Господ не сакаше тоа да им го покаже на луѓето. Он сакаше да ги увери неблагодарните луѓе дека има власт и да ги казни, иако оној којшто е добар не сака да казнува една бездушна и нечувствена природа. Исто така, до нас дошле и некои неискажливи поуки од премудри старци духовници. Како што вели Исидор Пелусиот: „Дрвото на престапот беше она од кое престапниците ќе ги употребат лисјата за да се покријат. Поради ова тоа е проколнато од Христа човекољубиво, бидејќи тоа немаше да пострада, ако смоквата не беше дала плод одговорен за престапот." А тоа дека престапот може да се спореди со ова дрво, тоа е очигледно, бидејќи во него ја наоѓаме сладоста на задоволството, која го привлекува гревот, а потоа горчината и грижата на совеста. Впрочем, историјата за смоквата Отците ја поместиле овде за да поттикне на покајание, како и онаа за Јосифа поради сличноста со Христа. Смоквата е секоја душа која е туѓа за секој духовен плод: кога наутро, односно по сегашниов живот, Господ не наоѓа кај неа покој, Он ја исушува со клетва и ја испраќа во вечниот оган, и таа стои како некој исушен столб, плашејќи ги оние што не дале достоен плод на добродетели.

По молитвите на прекрасниот Јосиф, Христе Боже, помилуј не. Амин.

 

 

Јереј д-р Сашо Наков - ЛИТУРГИЈА НА ПРЕТХОДНООСВЕТЕНИТЕ ДАРОВИ

 Преминпортал (к.т.)

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

СВЕТА СОФИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ЌЕРКИ,МАЧЕНИЧКИТЕ ВЕРА, НАДЕЖ И ЉУБОВ

СВЕТА СОФИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ЌЕРКИ,МАЧЕНИЧКИТЕ ВЕРА, НАДЕЖ И ЉУБОВ

Откако сите четири бестрашни маченички биле изведени пред царот, смирено и одлучно ја исповедале верата во Христа Господа и одбиле да принесат жртва пред идолската божица Артемида. Пред страдањата, Софија...

Св.Григориј Палама: Вистинската смрт настанува кога душата се одделува од божествената благодат и се соединува со гревот

Св.Григориј Палама: Вистинската смрт настанува кога душата се одделува од божествената благодат и се соединува со гревот

· Да се трудиме и ние, со сите наши сили, да бегаме од неа. Да отфрлиме сѐ, да оставиме сѐ, да се откажеме од сѐ и во нашите взаемни односи,...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Арх. Емилијан Симонопетриски -  „Крстот и искуството на Крстот во Православната Црква“

Арх. Емилијан Симонопетриски - „Крстот и искуството на Крстот во Православната Црква“

Постојат толку многу препреки кои се појавуваат и го прават тежок човечкиот живот, а дните негови болни! Можеме да кажеме дека она што човекот го живее е сè она што...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Струмички Наум: Воздвижение на Чесниот Крст (26.09.2022)

Митрополит Струмички Наум: Воздвижение на Чесниот Крст (26.09.2022)

Ако некое страдање (Крст) ни предизвикува очај наместо радост, тоа е знак дека треба да го смениме нашиот однос со Бог, односно знак дека нашиот однос со Бог сигурно е...

Александар Несторовски:16-та недела  по Педесетница 24/09/2023

Александар Несторовски:16-та недела по Педесетница 24/09/2023

Преку денешнава парабола, Христос не поучува дека секој од нас е создаден од Бога со уникатна убавина, различна од другиот до нас. На секој од нас Бог ни дарил разнообразни...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Митрополит Струмички Наум – Рождество на Пресвета Богородица (2022)

Митрополит Струмички Наум – Рождество на Пресвета Богородица (2022)

Освен ова благодатно проникнување, проземање, друг начин на постоење и спасение за нас, христијаните, е невозможен, и незамислив. Ние не сме етичко тело, ние сме Тело Христово – еден со...

« »

Православен календар

 

30/09/2023 - сабота

Св. мч-чки Вера, Надеж и Љубови мајка им Софија

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христови мч-чки Вера Надеж и Љубов и нивната мајка Софија 17 септември / 30 септември 2023

Тропар на св.Христови мч-чки Вера Надеж и Љубов и нивната мајка Софија 17 септември / 30 септември 2023

Блажени сте вие о маченици Христови, Вера, Надеж, и Љубов,ќерќи на Софија која е напоена од Мудроста,ве приведе не само...

Тропар на воздвижение на Чесниот Крст 14 септември / 27 септември 2023

Тропар на воздвижение на Чесниот Крст 14 септември / 27 септември 2023

Спаси ги, Господи, луѓето Твоии благослови го Твоето наследство,победа на Православниот благоверен народ нашнад непријателите давајќи му,и со Крстот Твој...

Тропар на Рождество на Пресвета Богородица 8 септември / 21 септември 2023

Тропар на Рождество на Пресвета Богородица 8 септември / 21 септември 2023

Раѓањето твое, Богородице Дево,радост ѝ јави на целата вселена,зашто од тебе засветли Сонцето на правдата

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная