Божествена Литургија во храмот на св.Петка, Скопје (17.12.2018)
Со послушание, нашето срце и нашиот дух ќе се прошират бескрајно. Со послушание, нашиот живот станува особено осветен, дури и во најдлабокиот сон! Со послушание се бориме против страстите, така што ниедна страсна помисла да не може да нè зароби! Послушанието е совршено ослободување од сопствената волја!


Кога го собираме нашиот ум, секој од нас, нека го помоли Бога да ни даде дух на послушание на Неговата волја и сите да нè благословува. Било најмладиот, било најстариот, со срце да го слушате ближниот, за да разберете кога духот Божји говори низ него. Еден дваесетгодишен ѓакон – Свети Атанасиј Велики – а не патријарсите, ниту епископите или другите маченици, беше оној
Духовното послушание е неопходно во секојдневниот живот! Да ја претпочитате волјата на другиот, повеќе, отколку вашата! Да го примите со потврден став секое барање на вашиот духовник, на еден брат или на една сестра, така што ќе создадете лека-полека, внатре во вас и околу вас една благопријатна атмосфера и вашето срце ќе стане многу меко, многу
“На апoстoлитe им e дадeнo сè”, вeли св. Златoуст, т.e. ситe дарoви, сeта сила, сeта пoлнoта на благoдат штo вooпштo oд Бoга сe дава на вeрницитe. Тoа гo глeдамe oд живoтoт на гoлeмиoт апoстoл Андрeј Првoпoвикан, кoјштo e и апoстoл, и благoвeсник, и прoрoк, и пастир и учитeл (Eфeс. 4:11).
Светиот Апостол Петар за царското свештенство вели, дека може да биде остварено со нашето учество во Светата Литургија. Верно, плашете се да одите од навика на Литургија. Потрудете се секогаш подлабоко да го живеете она што го живееше Христос за време на Тајната Вечера, кога ја востанови оваа голема тајна, Божествената Евхаристија. Тогаш, Литургијата
На 8- ми декември 2018 година,на празникот на св.Климент Охридски, молитвениот закрилник на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија во соборниот храмот на светителот, во Скопје, беше отслужена Архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Блаженство Митрополитот Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан. На Архиепископот ...
И никој без борба не може да стекне невенлив венец и живот вечен, зашто сегашниот живот сличен е на борилиште. Совршените борци радо и без приговор тргнуваат во борба, а плашливите и разгалените постојано ја одбегнуваат.
Чествувањето започна со Вечерна богослужба во црквата „Св. Спас“ во Драчево, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Брегалнички г. Иларион,
На празникот Воведение на Пресвета Богородица - Пречиста, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на Митрополитот Европски г. Пимен, Епископот Полјански г. Јаков и бројно свештенство на Повардарската епарјхија отслужи Света Архиерејска Литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес. На Литургијата со празнично слово се обрати новоизбраниот Епископ Полјански г. Јаков.
Денес, на празникот Воведение на Пресвета Богородица, со благослов на Митрополитот Струмички г. Наум излезе најновиот том „Житија на светиите“ за месец октомври, во чест и слава на Преблагословената Владичица наша Богородица и Секогашдева Марија, преку Која секој Божји дар го добиваме, и во чест на светиот отец наш Григориј Палама, заштитникот на Струмичката епархија, и светиот великомаченик Димитриј Мироточив, кому му е посветен храмот што ги издава „Житијата на светиите“.
Никoј да нe сe oддeлува oд oпштoтo славeњe на Бoга; и никoј да нe пoмислува дeка нeгoвoтo славeњe на Бoга, вo oдвoeнoст и пoсeбнoст e пoдoбрo oткoлку славeњeтo на Бoга вo eдинствo и вo цeлина на ситe вeрници. Нe e вистина дeка eдeн члeн сe губи вo мнoзинствoтo, та нeгoвиoт глас прeд Бoга нe сe слуша. Зарeм раката нe гo извршува свoeтo дeлo најдoбрo кoга e вo цeлина сo тeлoтo?
Љубовта, пламенот којшто Христос го фрли во душата на човекот, има восхитливо својство: го води нив бездни и височини кои никому инаку не се достапни, му дава да го совлада секое страдање, па и смртта, често го фрла во неопишлива бесконечност, во која е сам, напрегајќи се повторно да ја здогледа Светлината на љубениот Бог. Таков е процесот на очистувањето на нашата природа.
Единствено што нe привлекува е Христос, Неговата личност. И должни сме да Го живееме Христа како мерило на секое естество, божествено и човечко. Во Христа го имаме својот Бог Создател. Во Христа го имаме примерот, откровението на Планот Божји за човекот. Љубовта Христова секогаш треба да го исполнува нашето срце. Во Бога не живееме со интелектуално размислување. Бог ни се открива
Пред да кажеме нешто за Лествица, најнапред да се запознаеме со авторот на овој монашки буквар, светиот Јован игуменот Синајски. За него нема сигурни податоци, светиот Димитриј Ростовски претпоставува дека тој е син на светите Ксенофонт и Марија, дека потекнува од Константинопол, а според други, дека е роден во Палестина или Египет.
Свети апостол Павле го изоди светот проповедајќи.
"Во Божествената Литургија се случува размена на животи. Човек му го принесува на Бога својот ограничен и минлив живот, а Бог му возвраќа и му го дава Својот неограничен и вечен живот, и така секој ден се исполнува со животна полнота и целиот наш живот станува благопријатната година Господова (Лк. 4,19)".























