Скопје- храм на св.Петка, н.Црниче
На 7-ми декември 2018 година, во нашата света, соборна и апостолска Цркви молитвено се прослави споменот на :
- Светата великомаченичка Екатерина
- Светиот великомаченик Меркуриј
На 7-ми декември 2018 година, во дваесетиседмата недела по Педесетница, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија молитвено го прослави споменот на светиот великомаченик Меркуриј и св.вмч.Екатерина, свештеникот Здравко Пејковски во сослужение на ѓаконот Мартин Ѓуревски отслужи Божествена Литургија во храмот на св. Петка, во скопската населба Црниче. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.На крајот на Литургијата отецот го протолкува денешното Евангелие. На крајот на Литургијата, традиционално, се направи мал петочен водосвет, а во овој ден молитви кон Бог за верниот народ, упати старешината на храмот, отецТоме Велјановски.
[youtube height="400" width="750" align="none"]https://www.youtube.com/watch?v=iZlm1cNhqzw[/youtube]
Поука на денот: Свети Ефрем Сирин
Ни во светот ни меѓу монасите никој не бива овенчан без борба. И никој без борба не може да стекне невенлив венец и живот вечен, зашто сегашниот живот сличен е на борилиште. Совршените борци радо и без приговор тргнуваат во борба, а плашливите и разгалените постојано ја одбегнуваат. Совршените борци и воздржливите подвижници пред очите секогаш го имаат рајот, и очекуваат во него да се насладуваат со неговите добра, во вечната светлина и бесмртниот живот. Сакаш ли да влезеш во оваа борба и да бидеш совршен? Постојано облекувај се во добродетелта, како во одежда. Или можеби веќе ја имаш на себе? Тогаш неизоставно и постојано на сите начини настојувај никогаш да не ја слечеш од себеси.
Преминпортал (к.т.)
Друго: