Крстното знамение – силна поткрепа во подвигот на Постот
Од сите чудеса Христови, вели св. Јован Дамаскин, најпрекрасен и најдостоен за восхит е Неговиот чесен Крст. Оти со ништо друго, туку само преку него смртта беше победена, прародителскиот грев уништен, адот ограбен, нам ни се дарува Воскресение, ни се даде сила да ја презреме мачната сегашност па и самата смрт, ни се врати првоначалното блаженство, и отвори вратата на Рајот, нашата природа седна оддесно на Бога, а ние станавме чеда Божји и наследници. Затоа, крштевајќи се во името на Исуса Христа, како што вели Апостолот,...


Господ Исус Христос вели: „Без Мене не можете да направите ништо." (Јн. 15, 5), а светиот апостол Павле појаснува: „Се можам преку Исуса Христа, Кој ме крепи." (Филип. 4, 13). Без Божја помош не би можеле да ги практикуваме добродетелите кои до сега сме ги правеле. Радоста на воскресението и надежта за ветеното Царство Небесно и живот вечен во незалезниот ден на Христовото блаженство, ни даваат сила уште сега, на земјава, да ги совладуваме секојдневните пречки и
На Тебе, Која неракоплетениот венец го исплете за светот, Ти песнословам воскликнувајќи: Радувај се, Дево, на сѐ сохранилиште и засолниште, укрепување и свештено прибежиште;
Со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, се подготви и се испечати книгата „Велики руски старци“. Станува збор за едно капитално дело во кое се содржани житијата, чудесата и духовните поуки на сите руски светители и подвижници. Ова најново издание од издавачката дејност при Повардарската епархија „Св. Ѓорѓи Полошки“ е превод на м-р. Александар Ѓорѓиевски.
На 24. 03. 2019 година, во Неделата од втората седмица на Великиот пост – Недела на свети Григориј Палама, кога го прославуваме споменот на светиот Софрониј Ерусалимски и светиот маченик Пиониј, во храмовите на Австралиско – сиднејската епархија, беа отслужени Свети Божествени (Василиеви) Литургии, на кои верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Во средата од третата седмица од Великиот Пост, 27 март 2019 г., во храмот на свети Јован Крстител во Кратово, митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф, служеше Литургија на Претходноосветени дарови. На Светата Литургија верниот народ се причести со претходноосветените Христови Тајни.
Следниот ден, 24 март 2019 година, во црквата „Св. Григориј Палама и св. вмч. Димитриј“, по архиерејската Божествена Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение со Митрополитот Европски г. Пимен и викарниот епископ Стобиски г. Јаков, започна свечената литија со иконата, по булеварот „Маршал Тито“ до градскиот плоштад „Гоце Делчев“.
На 22 март 2019 година, на денот на чествувањето на светите Четириесет Севастиски маченици, Митрополитот Европски г. Пимен, во сослужение на викарниот Епископ г. Јаков, отслужи Божествена Литургија во манастирот „Светите Четириесет Севастиски маченици“, во с. Банско, Струмичко. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
На 24.03.2019 година, Недела на Св. Григориј Палама, Неговото високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше Света Василиева литургија во Лешочкиот манастир, со свештеници од Тетовското архиерејско намесништво. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Но, секое добро што го прави човекот на својот ближен треба да произлегува од љубовта спрема Бога и ближниот. Човек треба да го сака Бога со сета душа и со сето свое битие, какои својот ближен, бидејќи преку тоа фактички се помага себе си. Се бoгати со богатството кое никој не може да му го одземе, а со тоа и си ја создава вечната радост и блаженство.
На 24.03.2019 година, во втората недела од Великиот пост, кога Црквата го прославува споменот на свети Григориј Палама, Неговото високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф, во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово служеше Света Василиева Литургија.На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Носејќи ја длабоко во себе радоста од првата благодатна Акатистна средба со Мајката на Животот, повторно ги издигнавме кон неа своите топли молитви и со прекрасните стихови на Акатистот исплетовме уште еден венец на пофалби кон оваа наша моќна закрилничка, под чиј што омофор сите се засолнуваме сега. А таа, Божјата и наша Мајка, како свои возљубени чеда, никого не лишува од својата нежна мајчинска прегратка, особено во овие мигови кога солзите и радоста се преплетуваат, и кога ѝ го принесуваме најдоброто нешто од нашите души.
Во Неделата на Православието, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во Соборниот храм на Повардарската епархија „Св. вмч. Пантелејмон“ во Велес. На Литургијата сослужуваа повеќе свештенослужители од епархијата. Со празнично слово за споменот на победата над иконобоството кон насобраните верници се произнесе протоереј Љупче Миланов.
Човековото спасение зависи од молитвата, бидејќи тоа е она што приближува и соединува кон Бог. Кога човекот се наоѓа во близина Божја, наполно природно е да не скршнува од етичкиот пат, зашто вложува внимание во секој свој чекор. И покрај сето наше внимание, ѓаволот не престанува да нè сопнува, зашто сака да нè изненади во миг на слабост и да нè одвлечка на својот пат,
На 16ти март 2019 година, во Недела сиропусна ,кога Светата Црква молитвено го прославува споменот на
На 15ти март 2019 година, во првата недела од Великиот Пост, кога Светата Црква молитвено го слави споменот на преп. Агатон Египетскиј, во храмот на св. Петка, во Скопје, протоереј Зоран Данев во сослужение на свештениците отслужи мало повечерие, и првиот Акатист кон Пресвета Богородица. На ова прво по ред вознесување на молитви кон Пресвета Богородица, присуствуваше бројниот верен народ. На крајот на вечерната богослужба беа благословени празничните петолебија на стотина верници.
На 15.03.2019 година, Неговото високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф,























