Како вистински раритети во ризницата на манастирот се издвојуваат трите хартиени (графички) икони и една двострана графичка бакрорезна плоча, клише за печатење на овие икони. Оваа мала двострана бакрорезна плоча, всушност, е и единствената зачувана од времето на 19 век. Постарата графичка икона со претстава на св. Јован Крстител, патронот на манастирот, игуменот Арсениј ја нарачува во 1831 г., а изработена е од халкографот монахот Теофил на Света Гора и отпечатена во 1832 г. Иконата е реплика на постарата чудотворна икона од 17 век. З
Всушност, станува збор за одбележување на едно траење и за еден духовен континуитет кој самиот за себе многу кажува, а уште повеќе сведочи, не само за минатото, туку и за сегашноста и за иднината. И денешново чествување, како и многуте други одбележани или што ќе се одбележат, најмногу го потврдуваат нашето охристовено битисување, како и нашата црковна вистина и нашето црковно право на самобитност и автокефален живот.
Изложбата ја отвори претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев, во присуство на претставници на Владата, дипломатскиот кор, како и митрополити на МПЦ-ОА, и тоа: Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и нашиот старец и игумен, епископот Антаниски г. Партениј. Присутни беа и повеќемина свештеници на нашата света Црква. Свое пригодно слово имаше и Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.
На 4 октомври 2020 година, на празникот Собор на сите македонски светители, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г. г. Стефан, во сослужение на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Брегалнички г. Иларион и Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, отслужи Златоустова Литургија во соборниот храм „Свети Климент Охридски“, во Скопје. Пред Литургијата беше осветен новиот фрескоживопис. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.
На 30. 09. 2020 година кога Светата Православна Црква го празнува споменот на светите маченички Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија во храмот „Св. Кирил и Методиј“ во Велес се отслужи Света Божествена Литургија. На Литургијата служеа свештенослужители од градот Велес. По Литургијата се отслужи молебен за успешна школска година за Човекољубиот Господ, нашиот Спасител, да ги просветли сите ученици, за да бидат за радост на своите родители и од полза на нашата татковина и на Светата Црква.
Во 16 недела по Педесетница кога го празнуваме и празникот на Воздвижение на Чесниот Крст во храмот посветен на св. Николај Мирликиски Чудотворец во нас. Аеродром, презвитер Бобан Митевски отслужи Света воскресна богослужба.
Со Величание на Чесниот крст беа пеени богослужните стихови и верниот народ се поклони на Животворниот Чесен Крст Христов. На литургијата многуброен народ, дечиња, мажи и жени пристапи да се соедини со Пречистите Тајни, крвта и телото на нашиот Господ Исус Христос!
На 27ти септември2020 година, во шеснаесетата недела по Педесетница, кога соборната црква молитвено го прослави споменот на Воздвижение на Чесниот Крст, свештеникот Димоски Александар отслужи Божествена Литургија. На Божествената Литургија, верниот народ пристапи кон Исуса, лeбот на вeчниoт живoт, на вистинскиoт и нeминлив живoт, најблагиот лeб, Кој нè храни сo Сeбe си.
„Христос ни предлага модел во кој преку учество во Крстот Негов ќе воскреснеме духовно – уште сега, а потоа и телесно. Овој свет ни наметнува модел во кој преку учество во неговите уживања ќе умреме духовно – уште сега, а потоа и телесно. Христос ни предлага затоа што не сака да ја наруши нашата слобода, а светот ни наметнува затоа што веќе ја нарушил нашата слобода.“
Во присуство на претставници на највисокото црковно и државно началство, на културниот, научниот и општествениот живот, Филхармонијата изведе достоен за секаква пофалба концерт на стари македонски изворни композиции, во кои се воспеваат верата и љубовта кон Бога и кон Татковината, подготвеноста на пожртвуваност за нив, како и стремежот кон убавото и возвишеното. Среде присутните гости, ова торжество го проследија во живо: Неговото Блаженство, Архиепископот г. г. Стефан, Претседателот г. Стево Пендаровски, членови на Светиот Синод на МПЦ-ОА, членови од Владата, свештеници, монаси и монахињи,
10 г. заедно со нас
Игуменот Партениј со браќа од Бигорскиот и сестри од Рајчичкиот манастир - Роденденска честитка за Премин Портал
10 години заедно со нас
29 Септември 2015
Посети: 2936
11.jpg
Роденденска честитка за Премин Портал
Со голема љубов во Христа и со особена почит кон мисијата што ја правите меѓу народот во овие десет години, ви го честитаме овој јубилеен роденден, посакувајќи ви уште многу години плоден труд на нивата Божја за слава на Неговото свето име. Премин Портал ја отвори портата за медиумското присуство на нашата Православна Црква како прв црковен сајт, и за тоа секако неоспорна е заслугата на нашиот возљубен Митрополит Струмички Наум. Во ова наше современо либерално општество, кога современиот човек полека го губи својот идентитет во лавиринтот на динамичната бескрупулозна егзистенција, незаменлива станува улогата и значењето на православните портали, како своевиден излез и патоказ кон светлината и радоста на личносното општење со Бога. Нека Он Милостивиот и понатаму раководи со сите ваши дела во полза на нашата Света Црква и за доброто на овој наш христољубив народ. На многаја лета.
08.jpg
Игуменот Партениј со своите браќа од Бигорскиот и сестри од Рајчичкиот манастир
Слово на Архимандритот Партениј за празникот Рождество на Пресвета Богородица ...
Годинава што тече е навистина многу голема – не по бројот на деновите во неа, туку по великите јубилеи што таа со себе ги носи. Во неа ја славиме илјадагодишнината од основањето на оваа Свештена Обител – јубилеј достоен за восхит, но годинава се исполнуваат и 50 години од раѓањето на нашиот Старец и Владика, како и 25 години негово монашко и свештеничко служење. Веќе 25 години како свештенослужител, тој ги принесува бескрвните Дарови на Нашиот Спасител, секојдневно молејќи се за нашите братство и сестринствата, но и за сите духовни чеда ширум нашата Татковина Македонија, и надвор од неа.