† СВЕШТЕНИЧКИ СЕМИНАР
На втората, историско-литургиска тема, говореше свештеникот Александар Димоски, кој даде кус историски осврт и поттикна размислување за тоа дали свештенството треба трипати да пие од Евхаристиската Чаша. Двете теми пробудија голем интерес кај свештенството, и се отвори и кратка дискусија.


На 05.09.2021 година, Митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар, во манастриот „Свети Јован Крстител“, во Слепче, во монашка риза потстрижа шест расофорни монахињи, четири монахињи во мала схима и една монахиња во големата ангелска схима.









Денес, на 02.08.2021 година, кога Црквата го празнува споменот на светиот пророкот Илија – Илинден, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан отслужи Божествена Литургија во храмот „Свети Илија“ во населбата Аеродром. На Литургијата во ѓаконски чин беше ракоположен дипломираниот богослов Илија Пројчевски.

Секој ден е ден за благодарење, за фалење и за славење на Господа! Секој ден ни е даден од Бога за да празнуваме и да се радуваме! Но овој ден – празникот Илинден, е ден за особено семакедонско прославување, но и ден за таговна радост и радосна тага. Ние, Македонците, како ретко кој народ, торжествено го празнуваме славеникот и богоугодникот, чудотворецот и боговидецот – големиот пророк Илија.


























