На 13. 10. 2019 година, во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес, се отслужи света Божествена Литургија со која ќе чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, Митрополитот Брегалнички г. Иларион и бројно свештенство на Македонската православна црква. По завршувањето на Литургијата,
На 11 октомври 2019 година, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, беше свечено отворена Меѓународната конференција: Св. Софија - „Премудроста која си изгради дом“, во организација на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ од Скопје. На отворањето свои говори имаа Неговото Блаженство Митрополитот Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, како и ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Никола Јанкуловски.
Кога секоја во душата вселена страст ќе се отстрани од неа, а умот ќе се врати самиот на себеси, собирајќи ги целосно и сите други душевни сили, тогаш тој исполнувајќи ги добродетелите ја одобродетелува и душата, напредувајќи кон сѐ поголемо совршенство, склон кон натамошно искачување (сп. Пс. 84, 5). Уште повеќе, очистувајќи се и миејќи се со Божја помош, умот не само што се чисти од демонските наноси туку отстранува од
На 6 октомври 2019 година, на празникот на Соборот на сите македонските светители, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан, со членовите на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија изврши осветување на нова црква посветена на Раѓањето на свети Јован Крстител во населбата Бутел, во Скопје, и во присуство на многуброен верен народ отслужи Архиерејска Божествена Литургија.
Син на рибарот Заведеј и на Саломија, ќерка на праведниот Јосиф. Повикан од Господ Исус, Јован веднаш го остави татка си и мрежите рибарски и заедно со својот брат Јаков тргна по Христа. И оттогаш повеќе не се одвојуваше од својот Господ до самиот крај. Со Петар и Јаков присуствуваше при воскреснувањето на Јаировата ќерка и на Перображението на Господ на Тавор.
Кoј му дава на сирoмавиoт, на Христа му дава. Тoа e смислата на eвангeлската наука штo сe пoтврдила вo искуствoтo на свeтитeлитe. Кoга сe пoкајал Пeтар Милoстив, пoчнал да дeли милoстина на сирoмашнитe кадe штo ќe му сe укажeла прилика. Eднаш гo срeтнал eдeн брoдoлoмник кoј oдвај гo спасил свoeтo гoлo тeлo при брoдoлoмoт, гo срeтнал и му пoбарал нeкoја oблeка. Пeтар гo сoблeкoл свoeтo скапoцeнo палтo и гo oблeкoл гoлиoт.
На 06.10.2019. На празникот Собор на сите македонски светители ,Неговото Блаженство Архиепископот охридски и македонски г.г.Стефан со членовите на САС на МПЦ-ОА изврши осветување на нов храм св.Јован Крстител во нас.Бутел и богослужеја св.литургија.Во чест на 20 год од избор за архиепископ и 33 год од хиротонија за поглаварот на МПЦ-ОА г.г.Стефан ,Синодот на МПЦ-ОА едногласно му додели Светиклиментов орден од 1 прв ред.
И навистина, Му благодарам на Бога што ни даде да доживееме и што живееме период со многу настани и случувања, време преполно со многу предизвици и искушенија. Се удостоивме, во наше време, да одбележиме две илјади години на христијанството, и дваесет столетија на христијанството во Македонија, илјада и седумстотини години од Миланскиот едикт, илјада години од основањето на
На 04.10.2019 година, во официјална посета на Р. Македонија престојуваше државниот секретар на Соединетите Американски Држави, г-дин Мајк Помпео, заедно со својата сопруга, г-ѓа Сузан Помпео. При својата посета, г-динот Помпео ја посети Галеријата на икони во Охрид, како и едно од најзначајните светилишта на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, храмот „Пресвета Богородица Перивлепта“, кој потекнува од XIII век.
Молитвата е големо благо кое е дадено на родот човечки. Особено кога таа се упатува со чист разум и со силна вера. Секој што се моли со вера сѐ добива од милостивиот Бог. Ние, пак, како христијани и кога се молиме, а не добиваме тоа што бараме, не треба да се гневиме, ниту на себе, а уште помалку на Бога, затоа што Бог знае што ни е потребно за спасение на нашите души, па често пати нашите молби и нашите очекувања не ги исполнува,
Излезе од печат 51-то издание на списанието „Православна Светлина“. И во овој обработивме многу нови душеполезни теми, од кои се надеваме дека читателската публика ќе пронајде поука. Се надеваме дека и овој празничен број на Православна Светлина ќе биде радосна вест за сите верници во Повардарската епархија, па и пошироко. Вашиот примерок од новиот број ќе можете да го земете во сите храмови низ Повардарската епархија.
Архимандрит Партениј, во придружба на неколку монаси од Бигорски и монахињи од Рајчица, имаше работна средба со Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г. Даријан Сотировски, во неговиот работен кабинет. На средбата беа присутни, исто така, и повеќе познати личности од културно-општествената сфера во Македонија, а беше разговарано за претстојниот голем јубилеј на Бигорскиот Манастир – 1000 години
Оној којшто многу страда во срцето свое кога го срамотат и го нажалуваат, од ова нека познае дека внатре во себе ја носи древната змија. Според тоа, ако трпи молчејќи или ако одговори со многу смирение, ќе ја расслаби и ќе ја направи немоќна онаа змија. Ако пак, одговара со горчина и ако зборува дрско, ќе ѝ овозможи да излее отров во неговото срце и миговно да ја разјаде неговата внатрешност, така што оваа змија од ден на ден
Бoг нe дoзвoлува пoтсмeвањe. Пoтсмeвачитe Бoг или ги казнува за да ги пoправи или ги oбраќа вo oнакви на какви штo им сe пoтсмeваат. Св. Пoрфириј првo сe прoславил мeѓу нeзнабoжцитe какo пoтсмeвач на христијанствoтo. Eднаш тoј сe пoтсмeвал на христијанската тајна крштeниe прeд царoт Јулијан Oтстапник и нeгoвата придружба. Кoга Пoрфириј сe пoтoпил вo вoдата и ги изрeкoл збoрoвитe дeка сe крштава вo имeтo на Свeтата Трoица,
И кога ние го вознесуваме Крстот и се поклонуваме пред него во почит и прославување, прогласуваме дека припаѓаме на Царството што не е од овој свет и дека нашето изворно и вечно граѓанство заедно со светите му припаѓа на Градот Божји.
На 27.09.2019 година, кога го прославуваме Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф служеше Света Златоустова Литургија во храмот на Свети Мина во Куманово. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Денес, на празникот Воздвижение на Чесниот Крст – Крстовден,
викарниот Епископ г. Јаков Стобиски отслужи Божествена Литургија
во манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, во Струмица.
Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.
Амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, Нејзината Екселенција Кејт Мари Брнз, и министерот за култура, г. Хусни Исмаили, денес, во манастирот „Пресвета Богородица Елеуса“, во Велјуса, Струмица, потпишаа договор со кој ќе се овозможи конзервација и реставрација на фреските и мозаиците во овој манастир. На свеченоста гостите ги поздрави викарниот Епископ г. Јаков Стобиски, кој изрази голема благодарност до Амбасадата на САД.
Во саботата домаќин им беше Неговото високопреподобие, Архимандритот Нектариј – Игумен на манастирот Свети Наум во Охрид. За време на кратката средба со отец Нектариј, новинарите беа запознати со историјата на манстирот.Во неделата пак, групата новинари беше во посета на Бигорскиот манастир, каде монасите, со благослов на архимандритот Партениј, им овозможија прошетка низ најзначајните објекти на манастирот, како и ги запознаа со неговата значајна духовно-историска мисија низ вековите.