логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Проект ФОТОМЕДИА 2018

Фотомедиа претставува меѓународно биенале на фотографска уметност со натпреварувачки карактер. Организирана е од страната на Фото Клубот “Елема 1962” од Скопје, поддржана од Фото Сојузот на Македонија и е под патротнат на Меѓународната фотографска асоцијација - ФИАП (Fédération Internationale de l'Art Photographique).

Ова 16-то издание на ФОТОМЕДИА е порджано од Министерство за култура,  Национална галерија на Македонија и Градот Скопје

Низ текот на годините со своите искрени и посветени заложби Фото клубот ЕЛЕМА (единствен фотоклуб во Скопје формиран 1962 година) успеа од Фотомедиа да направи една од најпрестижните изложби на традиционална (принт) фотографија во Македонија и секако високо ценета во светски рамки на која редовно учествуваат реномирани фотографи од целиот свет.




На конкурсот за оваа ФОТОМЕДИА пристигнаа повеќе од 800 фотографии, од кои меѓународното жири во состав: Антон Савов (Бугарија), Станко Абаџиќ (Хрватска) и Боро Рудиќ (Македонија), направи селекција од 163 фотографии кои ќе бидат изложени во периодот од 10-15.11.2018 година во Националната галерија на Македонија–изложбен салон Чифте Амам.

Добитник на престижното Гран При за оваа година е познатиот фотограф од Соединетите Американски Држави Alain Licari

Меѓународната изложба на фотографска уметност Фотомедиа исто како и претходните години и оваа година ќе се одржи во Националната Галерија на Македонија – изложбен салон Чифте Амам, а свеченото отворање е на 10 Ноември во 20 часот.


Kаталози од минатите изданија на Фотомедија, во дигитална форма можете да погледнете на следниов линк: http://www.photomedia.mk/archive.html.



Со почит,
Претседател на Фото клуб „ЕЛЕМА 1962“
Вацлав Лукиќ


Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie