логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Dario.KOVZ

Интервју со м-р Даријан Сотировски, Директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи

МПЦ-ОА е присутна во Македонија уште од самите зачетоци за државата. Впрочем, со удирањето на темелите на државата после Втората светска војна, започнува и возобновувањето на Охридската Архиепископија во лицето на МПЦ-ОА. Какви беа односите меѓу државата и Црквата на самите почетоци, и какви се денес?

                   Најпрво дозволете да упатам искрени желби за успех на Вашиот портал, но и да се заблагодарам за укажаната чест да го направиме ова кратко интервју на самиот почеток на Вашата работа. Потребно е развивање на медиумскиот простор кој ги третира верските прашања и се надевам дека во вистинско време започнувате нешто што ќе трае.

                Сега да се вратам на првото прашање. Македонската држава и Македонската православна црква имаа и имаат заеднички именител, а тоа е македонскиот народ. Поради тоа, за да се долови вистинскиот однос помеѓу државата и Црквата најпрво треба да се разгледа односот на македонскиот народ кон нив. Тука доаѓаме лесно до заклучок дека со векови нашиот народ страдал од окупации, пропаганди, бил обесправен во секоја смисла и мечтаел и се борел за слобода која во најголема мера ја сфаќал политички како ослободување и создавање на своја независна држава, но и како духовна слобода, односно обновување на својата народна црковна катедра, Охридската архиепископија, како современа и автокефална Македонска православна црква. Токму поради тоа сметам дека во услови на рушевини од претходните системи, без сериозна едукација, без изградени институции, во тешка економска состојба, со сеуште врели оружја и присутно ехо од истрелите, македонскиот народ ги придвижувал паралелно сите процеси на издигнување на својата нација. Ги оценувам како блиски и партнерски односите помеѓу Црквата и државата на самите почетоци на асномска Македонија, а за тоа говорат и безбројни примери. Со изминувањето на времето и развојот на општествените и политичките прилики, овој однос бил многупати ставан на тест, загрозуван, но и искушуван однадвор и одвнатре. Но, како што започнав, колку и какви и да биле влијанијата сепак за народот и државата и црквата биле блиски, посакувани и свети. Кога сето ова ќе го ставиме во современ контекст сметам дека новото време ги има изменето генерално односите во многу пори на општественото живеење. Заслабнато е чувството на силна асномска определба за изградба и издигање, па разбудени се некои прагматично реалистични идеи за иднината, кои мислам го бојат во доминантна нијанса актуелниот момент. Односот на државата и Црквата е коректен, но ценам дека има можност да биде во одредена поголема мера и партнерски, имајќи во предвид дека се што е вистински полезно, полезно е за сите.

Вашата активност и на институцијата која ја раководите во минативе години е забележителна. Сите верски заедници имаат редовни контакти со вас, и јавно соопштуваат дека имаат добра соработка со КОВЗРГ. Но, од другата страна, се забележува дека политичарите кога допираат теми кои се верски чувствителни, воопшто не се координираат со КОВЗРГ. Сметате ли дека треба да се направи некоја реформа во општеството, каде КОВЗРГ ќе има поголема улога во креирање на државните политики и ставовите кон верските заедници?

                  Довербата која постои меѓу Комисијата и верските субјекти е добар пример дека секоја институција во својата сфера на делување може да изгради поволна состојба и да го оправда својот мандат. Комисијата е самостоен орган на државна управа и таа треба да си гради своја автентична линија на активност. Секоја институција кога допира сфера која не е во нејзината основна надлежност би било полезно, но и очекувано да соработува со институцијата која за таа сфера е надлежна. На тој начин се создава комплементарна, сеопфатна и долгорочна државна политика. Се согласувам дека потребно е зреење на институционалниот систем во оваа насока. Изминатиов период за повеќе прашања сме имале можност да укажуваме, насочуваме и предупредуваме, тогаш беше видливо дека тоа е повеќе од потребно.

                      Во контекст на претходното прашање, сметате ли дека во самата КОВЗРГ треба да има вработени лица кои ќе доаѓаат од редовите на самите верски заедници? Бидејќи самата КОВЗРГ е алката која ги поврзува верските заедници и секуларната држава, а таа врска тешко може да функционира кога во неа нема нема вклученост на лица од двете страни!

                 Не. Сметам дека како и во секоја друга институција верската, етничката или јазичната припадност не треба да бидат причина за отпочнување на работен однос, туку квалитетите и квалификациите на личноста. Комисијата е неутралната точка на врзување помеѓу државата и верските субјекти, па како таква не треба воопшто да навлегува во градење на субјективни алки, туку исклучиво да одржува професионална и што е можно по стручна соработка во взаемна почит и со објективни начела.

                   На Балканот во изминативе децении бевме сведоци на многу конфликти, од тоа не бевме поштедени и ние во Македонија. И покрај многуте обиди да се предизвика некаков верски конфликт, тоа не се случи кај нас. Постоеја многу инциденти, но тие не наидоа на поддршка кај верниците. Свеста на народот е на многу високо ниво, но никогаш не треба да се чувствуваме комотни кога станува збор за верските конфликти! Треба ли да се работи на тоа поле и во иднина, и дали на нашево општество му недостига веронаука во редовниот образовен систем, која сите знаеме дека ќе има голем придонес во верската толеранција и соживот?

                      Ова е прашање кое е актуелно и на меѓународно ниво. Има голем број на европски држави кои имаат веронаука, а повторно се сведоци на општествена сегрегација, зголемена конфликтност и намалено ниво на присутност на вредности во животот особено на помладата генерација. Во македонски контекст сметам дека традиционално добрите меѓуверски вредности кои се доказ за зрелоста на нацијата се сериозен капитал кој треба да го негуваме. За жал етничката бариера сеуште постои во нашето општество, па кога ќе се зачини со секојдневна партиска политика и реторика станува честопати и точка на продуцирање на подлабока општествена сегрегација. Оттаму, моделите на меѓусебно запознавање, кои природно се развиваат меѓу граѓаните се поволни и корисни, но мора да прифатиме дека иако времето и промената на генерации буди надеж, не смее да ни биде единствен извор на надеж и тие процеси треба да се поттикнуваат. Во однос на веронауката, истата како наставен предмет своевремено беше укината од Уставниот суд, но подоцна е воспоставен моделот на изучување на предмет Етика во религиите како изборен предмет во основното образование, за кој сметам дека е повеќе од корисен и треба да се унапреди неговиот статус во задолжителен предмет.

Во перспектива, како ги гледате меѓусебните односи на верските заедници и како треба да се движат односите меѓу државата и верските заедници?

                  Во овој дел направен е сериозен исчекор. Надминати се многу јазови и воспоставени се практики за редовно комуницирање, за водење на дијалог и негување на нормални и квалитетни односи помеѓу верските субјекти. Тука состојбата е поволна, но сега пак се отвара и поширока перспектива за натамошно продлабочување на соработката по различни прашања. Односите со државата на верските субјекти пак веќе ги оценив како коректни, но потребно е многу поголемо залагање за решавање на проблемите и прашањата од различни институции, за да се оправда сервисната определба која треба да ја имаат сите институции. Од друга страна современите предизвици за човештвото ќе наметнуваат и нов корпус на прашања каде ќе биде од голема полза да биде слушнат и гласот на верските субјекти кои чуваат во своето предание многувековна мудрост.

 

 Извор:

https://liturgija.mk/glasilo/razgovori/makedonskiot-narod-e-zaednichki-imenitel-na-crkvata-i-drzhavata/

Март 2024 лето Господово

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3217
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7710
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная