„Злобното паметење е крајна граница на гневот. Тоа е паметење на гревовите на нашите ближни против нас, отстапување од правилото, кое ни го постави Бог: простете – за да ви биде простено.
Затоа е тоа – загубување на сите претходно задобиени добродетели, отров што ја погубува душата, црв што го нагризува срцето, срам – за да не можеме да ги изговориме зборовите од Господовата молитва: „Прости ни ги долговите наши, како што им ги проштаваме и ние на нашите должници“ (Матеј 6,12),
клинец – забиен во душата, грев што не престанува, беззаконие што не заспива и постојано зло.“
За Преминпортал
Подготви: Светланка Трајчева
18-ти февруари 2018 лето Господово
Друго: