Не ожалостувај ја душата на падниот; не огорчувај го оној што е во сиромаштија. Не измачувај срце што е веќе огорчено; не ја одлагај милоста кон оној што нема. Не одбивај ги молбите на неволниците; лицето твое не свртувај го од сиромавиот; не свртувај ги твоите очи од оние што просат; никому не давај повод да те колне.


Важи и обратното – кога човек има смирение, тогаш и покрај гревовите што ги прави, и слабостите што ги има, на Бога тој му станува мил и возљубен, и стекнува прошка. Затоа што има смирение, тој ја привлекува Божјата милост. Кога прашале некој светија : што претпочиташ во животот – да видиш добродетелен егоист или смирен грешник? Тој рекол: го претпочитам смирениот грешник.
– Сите ние во Дивеево сме слугинки на Царицата Небесна. А нашиот отец овде е отец Серафим. Тој ништо овде не направи по своја волја, дури ни камче, по неговите зборови, не помести, - така и ние треба постојано да испитуваме, дали е волја на нашата Врховна Игуменија за кои било од нашите започнати работи. Ништо не може да се направи произволно во ова место кое е под покровителство на Божјата Мајка.
Бидејќи, кој се срами од Мене и од зборовите Мои, од него ќе се засрами и Синот Човечки, кога ќе дојде во славата Своја, и на Отецот и на светите ангели.
Божјата благодат му помага на човекот тогаш кога Господ ја гледа неговата „добра волја“, и „добра желба“, кога човековата душа објавува вистинска решителност: и кога што и да ѝ биде сторено, и кога меѓу илјада искушенија, трпејќи сѐ, вели: и ако треба да умрам нема да Го оставам за да му угодам на гревот и непријателот (св. Макариј Велики).

Палењето кандило го симболизира принесувањето како жртва на нашата почит и чест кон Бога и кон Неговите светии.
Мнoгу луѓe oд нeзнаeњe пoвeќe сe трудат какo да ги ублажат макитe вo старoста и вo прeтсмртната бoлeст, oткoлку какo ќe сe избават oд адскитe маки вo живoтoт пo старoста и пo смртта. Така, ималo нeкoј нeoжeнeт чoвeк, гoлeм срeбрoљубeц, кoј oд гoдина вo гoдина сo сè пoсилна страст сoбирал за сeбe нeпoтрeбни бoгатства.
Фанатизмот нема врска со Христос. Биди вистински христијанин и тогаш никого нема погрешно да го сфаќаш, туку „твојата љубов сè ќе покрива”. И кон иноверниот однесувај се како христијанин. Почитувај го на благороден начин независно од неговата вероисповед. Можеш да му се најдеш на некој муслиман кога има потреба, да зборуваш со него и да се дружиш со него.
Само што еромонахот ја зел просфората во левата рака, а копјето во десната, монахот десно од жртвеникот ја видел упокоената. Таа била така свртена за да може да ја види жртвата која за неа се принесува !
Оваа Девојка, значи, имала сила со оцелувањето на нејзината личност, како најсилен магнет, да го привлече од пазувите на Отецот блесокот на славата Очева и да го облече во смирението на човечката природа, освен во гревот, за да го спаси паднатиот човек од пропадливоста и смртта и да го издигне до пазувите на Отецот, до толку што и Самиот да рече не ве нарекувам повеќе слуги, зашто сте Ми пријатели.
– Не благодетите, НЕ, не доаѓаат од Бога. Знаете колку „добра“ ни носи и ѓаволот, за да нè задржи далеку од Бога? За нас добро е ова што нè води кон нашето спасение. Сите други „добра“ (благодети) да не ги сакаме. Затоа вели апостолот Павле дека ѓаволот доаѓа како ангел на светлината.























