СТРАСНА СЕДМИЦА - ПОСЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ ОД ХРИСТОВИОТ ЖИВОТ НА ЗЕМЈАТА
Младоженецот доаѓа на полноќ и блажен е слугата што ќе го најде буден, а недостоен ќе биде оној што ќе го најде да дреме. Затоа пази, душо моја, сонот да не те притисне, и на смрт да не бидеш предадена, и вратите на Царството да не се затворат пред тебе.
________ ☦️☦️☦️ __________
Последните денови од Христовиот живот на земјата Црквата ги нарекла Страсна седмица (со значење Страдална седмица).
Секој ден во оваа Велика седмица во богослужбените книги е наречен „велик и свет“, и секој еден од нив е одбележан од посебни и карактеристични богослужби кои се разликуваат од богослужбите во останатите денови од годината. Во овие денови животот на верните христијани како да престанува, и тие се „искачуваат со Господа во Ерусалим“ (од Утрената на Велики понеделник).
Секој ден од Страсната седмица е посветен на определена тема, односно парабола.
Во првите три дена, на Часовите, како и на Литургијата на претходноосветени дарови се чита Евангелието.
Eвангелието се чита и на Утрените богослужби, наречени „Служби на Женихот“, во кои централна тема е второто Христово доаѓање и Судот, а кои вообичаено се служат навечер.
Старозаветните паримии се читаат од Втората книга Мојсеева, Книгата Јов и пророците.
Ете, Младоженецот доаѓа на полноќ и блажен е слугата што ќе го најде буден, а недостоен ќе биде оној што ќе го најде да дреме.
Затоа пази, душо моја, сонот да не те притисне, и на смрт да не бидеш предадена, и вратите на Царството да не се затворат пред тебе, но разбуди се, викајќи: 'Свет, Свет, Свет си, Боже, по молитвите на Богородица, помилуј нè'.
Fb Pravoslavie mk
27.04.2024