логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

 СИНАКСАР на ВЕЛИКИ ПОНЕДЕЛНИК

sv.Josif.Prekrasniot.jpg
Стихови на Јосиф прекрасниот:

Целомудрениот Јосиф, се покажа држител на правдата, Давател на пченица и ризничар на добра.

Стихови за исушената смоква:

Еврејското собрание, без духовни плодови,
Христос го споредува со бесплодната смоква;
Затоа да бегаме од страстите, зашто и ние еден ден би можеле да бидеме проколнати и исушени.

Во овој свет и Велик Понеделник правиме спомен на блажениот и прекрасен Јосиф, и на исушената смоква. Бидејќи одовде добиваат почеток светите страдања на нашиот Господ Исус Христос, за прв негов образ (слика) се зема Јосиф. Тој беше последниот син на патријархот Јаков, роден од Рахила, кому браќата му позавидеа поради некое негово видение на сон. Најнапред тој бил скриен во една јама, а неговиот татко е измамен од неговите браќа со неговата искрвавена облека, велејќи дека е изеден од некој ѕвер. Потоа за триесет сребреника бил продаден на Исмаилќани кои, исто така, го продале на Пентефрија -начлникот на евнусите на египетскиот фараон. Бидејќи неговата жена се разгневи против младиот, поради неговата невиност и чистота, затоа што не сакаше да направи беззаконие со неа, тој побегнал оставајќи ја својата облека. Таа го наклеветала на својот господар, и затоа доби затвор и окови. Оттаму е ослободен поради негиовиот дар да толкува сонови и одведен пред фараонот, а потоа поставен за господар на сета земја египетска. Подоцна станал и снабдувач со жито на своите браќа и, откако во се добро го помина својот живот, умре во Египет, со голем углед поради неговата чистота, покрај другите добродетели. Може да се рече дека тој е праобраз (икона) Христова, бидејќи и на Христа Му позавидеа неговите едноплеменици Јудеи, и од ученик е продаден за триесет сребреника, и затворен во еден мрачен и темен ров - гроб, и оттаму излезе со своја власт, за да владее со Египет, односно над секој грев што го победува до крај. Он владее со целиот свет и човекољубиво не искупува нас преку таинствено давање на пченица, бидејќи Самиот се дава за нас и не храни со небескиот леб - со своето живоносно тело. Ете, од овие причини, прекрасниот (убавиот) Јосиф е поместен овде.

Овде правиме спомен и на исушената смоква, бидејќи божествените евангелисти, односно Матеј и Марко, за неа зборуваат по расказот за Цеветници: „Утрото, кога Он излезе од Витанија, огладне"; а другиот вели: „Кога утрото се врати во градот, огладне и, кога виде една смоква која имаше само лисја но без смокви (бидејќи не беше времето за смокви), се доближи до неа и рече: „Никогаш повеќе да не раѓаш плод!" И веднаш се исуши смоквата. Смоквата ја симболизира еврејската синагога во која Спасителот не го најде плодот што го очекуваше, туку само лиснатата сенка на законот, и тоа Создателот го одзеде од неа, бидејќи беше неплодна. Но некој ќе рече: Зошто бездушното дрво стана суво, откако прими клетва без да згреши? - За да се знае дека Евреите, гледајќи Го Христа како на сите им прави добро и никому не први зло, мислеа дека Он има сила да прави само добро, а не да прави зло. Но човекољубивиот Господ не сакаше тоа да им го покаже на луѓето. Он сакаше да ги увери неблагодарните луѓе дека има власт и да ги казни, иако оној којшто е добар не сака да казнува една бездушна и нечувствена природа. Исто така, до нас дошле и некои неискажливи поуки од премудри старци духовници. Како што вели Исидор Пелусиот: „Дрвото на престапот беше она од кое престапниците ќе ги употребат лисјата за да се покријат. Поради ова тоа е проколнато од Христа човекољубиво, бидејќи тоа немаше да пострада, ако смоквата не беше дала плод одговорен за престапот." А тоа дека престапот може да се спореди со ова дрво, тоа е очигледно, бидејќи во него ја наоѓаме сладоста на задоволството, која го привлекува гревот, а потоа горчината и грижата на совеста. Впрочем, историјата за смоквата Отците ја поместиле овде за да поттикне на покајание, како и онаа за Јосифа поради сличноста со Христа. Смоквата е секоја душа која е туѓа за секој духовен плод: кога наутро, односно по сегашниов живот, Господ не наоѓа кај неа покој, Он ја исушува со клетва и ја испраќа во вечниот оган, и таа стои како некој исушен столб, плашејќи ги оние што не дале достоен плод на добродетели.

По молитвите на прекрасниот Јосиф, Христе Боже, помилуј не. Амин.

СИНАКСАР - Лазарева сабота

  markov.nedela1.jpg

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Извор: ПОСЕН ТРИОД

 

Издавач: МПЦ Црква Св. Петка-Мил Парк, Викторија- Австралија и Австралиско- новозеландска епархија и Преспанско- пелагоника епархија

Превод: преводот и препев од црковнословенски јазик, го направи   д-р Јован Таковски

 Друго:

takovski.jovan9.jpg
Интервју со протопрезвитер- ставрофор д-р Јован Таковски

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7621
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная