логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



hristos.voskresenie1.jpgЕдна древна хронологија. Во книгата “Дидаскалија” на дванаесетте апостоли има една интересна хронологија на Господовите страдања, која не се среќава во друг споменик од христијанската древност:

 Во третиот ден од неделата (вторник навечер) Христос ја јадеше Пасхата со апостолите и потоа отиде на Маслиновата планина, каде вечерта беше фатен, предаден од Јуда. Така да страдањата Господови започнуваат од четвриот ден на седмицата (средата). Тој ден Христос бил под стража во домот на првосвештеникот Кајафа, а насобраните јудејски старешини имале советување.

 Следниот, петтиот ден од неделата (четвртокот) Го приведоа Исуса пред Пилата, и тука Тој остана под стража во ноќта после петтиот ден.
 Утрото во петокот Го обвинија пред Пилат, и побараа смртна казна за Него и во истиот ден во петокот Го распнаа на крстот.
 Шест часа во петокот Тој страда на крстот и тие шест часа се однесуваат на цел ден.
 После тоа настапи мрак, кој продолжи три часа и тоа се однесува за цела ноќ.
 Наредните три часа, од деветиот час до вечерта, истотака се однесуваат за цел ден.
 После тоа доаѓа саботната ноќ на страдањата.
 Саботата и три часа од ноќта спроти неделата Господ претстојува во гробот и воскресна. И така се исполни напишаното: “така и Синот Човечки ќе биде во срцето на земјата три дни и три ноќи “ (Мт.12:40) и кај Давида “Ете, ти ми ги скрати деновите”.
 Синаксарите од страсната седмица ја исполнуваат богато содржината на таа древна подобна хронологија.

 Судењето. Тешки страдања Му престоеле на Христа, нив ќе ги осеќа со страшен ужас и пречистата Негова Мајка. Приведен при Кајафа, Исус пратен од целиот сенидрион со намера дека “заслужува смрт!” (Мт. 26:66). Го плукаат, Го удираат по образот, Го камшикуваат (Мт.26:27). Го приведуваат на суд при Пилат (Мт.27 гл). И тука понижувања, потсмевања и подигравање; црвена багреница и трнов венец. Велики Петок.

 Огорчената Мајка ги прати сите страдања на Својот Син. Ги слуша гневните викови: ”Распни, распни Го!” Ја гледа испреплетена во трње Неговата руса коса, која некогаш нежно ја милувала, кога беше дете; оросеното Му од крв бледо чело, кое во времето на детската нежна доверливост Го приклонувал на топлите мајчински гради. А сега во таа бедотија не може да Го заштити од разгневените напади. Со истите очи, кои сега личат на бескраен океан на неискажлива мака, со кои Тој £ се насмевнувал.
 За целото тоа време таа, придружувана од Марија Клеопова и саканиот ученик Јован, безшумно гледала обесилена да помогне и да утеши. На нејзиното чело нема трнов венец, гневните повикувања на толпата не ја бараат нејзината смрт. Но истовремено таа го осеќа на своето чело најботликавиот трнов венец, кој £ причинувал неискажлива мака, каква никогаш не осетило човечко срце. Без да е распната, со Божиот Си Син таа гледајќи Го на крстот ги чувствувала и неиздржливите измачувања, кои Тој Ги доживувал од чеканот на забиените железни клинци.

 Приклонета на карпата до Пилатовиот дворец, таа ја очекувала неизбежната и веќе одредена пресуда. До денес е сочувано местото како што било и некогаш, местото каде била приклонета пречистата Дева следејќи што се случувало.
 Смртната пресуда е изречена. Натоварен е со крстот, на кој ќе биде распнат, Христос е поведен кон Голгота. Толпата на народ е во раздвиженост. Со трновиот венец, потклекнат од ударите и од тежината на крстот едвам чекори Христос. До Него вооружени римски легионари, при секое подзастанување Го удираат со камшици.

 Застапништвото на св. Дева пред Пилат. Има предание, дека при формирањето на крсната поворка, Мајката Божја по неиздржливите мајчински болки се пробила до Пилата со молба да би Го помилувал Исуса. Пилат со својата колеблива нерешителност £ откажал.

 Св. Роман Слаткопевец, трагично ги опишува осеќањата на разочарената Мајка во тие моменти: “Те водат, Чедо, за да Те убијат и никој нема околу Тебе! Го нема Петар, кој се колнеше, дека нема да се одрече од Тебе и ако затреба и ќе умре! Те остави и Тома, кој ги поттикнуваше другите апостоли: “Да одиме и да умреме со Него!” Сите роднини и познати, кои чекаа да судат на израилевите колена - каде се сега? Нема ниту еден! Сам умираш за сите, Чедо мое, трудејќи се да им помогнеш на сите, и сите да ги спасиш!”.

 Кон Голгота. Во тие моменти, поткрепена од силната мајчинска љубов, Мајката Божја обиколила по една попречна уличка позади дворецот на Пилата и ја пресретнала страшната поворка.

 Еден даровит непознат уметник ја овековечил таа средба.
 По стрмен, калдрмиран пат, бавно се движеше поворката. Најнапред Исус Христос, подведнат до земјата од тежината на крстот. Напред на кривината чекаат Мајката Божја и уште две жени. Гледајќи Го својот Син, изнемоштен под крстот, таа им припаѓа во рацете на жените. На лицето £ се оцртуваат неопишани страдања. Патот станува пострмен. Му помага Симон Киринеец. На кривината Исус упатува мил поглед кон расплканите жени. Вероника ја испружи раката и со крпа Му го избриша Неговото лице. На крпата остана ликот на Божиот Страдалник.
 Гледајќи Го, како Го водат во смрт, Дева горко Го оплакува:
 -Каде одиш, Чедо! Каде брзаш? Да не одиш пак во Кана на друга свадба, и пак ли, да му ја претвориш водата во вино? Ќе дојдам ли и јас со Тебе, Чедо мое? Или пак да Те почекам? Кажи ми Чедо, не ме одминувај со молчење, Кој при раѓањето ме сочува чиста, Ти си мој Син и Бог !
 Овие зборови на Мајката Божја стојат во икосот на Велики Петок.
 Патот завршува пред портите на судот. Голгота! Ударите од чеканот ги приковуваат пречистите раце  и на крстот. Крстот е исправен. Раскрварените раце на распнатиот Бог се растегнати за целиот човечки род. Спасителните бранови од Божествената благодат се лечат од крстот, заплискувајќи го и обновувајќи го светот.
 Христос страда на крстот. Со пронижено срце од неискажана тешкотија Мајката Божја стои во непосредна близина на Својот Син, која тоа го правеше уште од Витлеемската ноќ. Во овој час се исполони и пророчанството од пред триесет и три години на старецот Симеон. Од тогаш и таа ја отпочна својата вечна благодатна мисија да биде сострадалница на оние кои страдаат во животот.
 Во подножјето на крстот. Само до пред кратко време пратен од одданите свои апстоли и од восхитениот народ, Христос е оставен сам. Сите го напуштија, освен Јован. Еден дури трипати се одрече од Него.
 Но во тие страшни часови сите нив ги замени безграничната љубов на Мајката!
 Таа - Мајката, стои блиско до крстот. Распнатиот £ Син ја гледа. Голема таинственост, никогаш не дознаена од светот, се поведува разговор помеќу нив. Нема ништо на светот потешко од навредена светиња. За Мајката Божја, Христос на крстот бил распнатата и развлечена човекова неправда, чии измачувања ги осеќала на своето тело И во нејзиното со меч пронижено срце. Ја крепнела само мислата, дека Тој доброволно примал да пострада, за кое често и зборувал. Ја тешела и мислата за големото значење на тие последни страдални моменти кои биле посветени на човечанството. Таа страдала преќутно. Некои вообичаени луѓе кои биле присутни на овој страшен настан не можеле да ја поднесат таа страшна слика, а Мајката Божја стоела под крстот без и да плаче. Оплакувањата кај Нејзе беа нарушени, од самото пред кратко време торжествување, и во тие единствени часови на човечката историја беше засегната човековата природа на Господа Исуса Христа.
 Мајката Божја, страдала за Христа како за Син, на која £ биле добро познати Неговите способности, Кој ги манифестирал на сите, таа најдобро Го познавала. Мајчински страдала за Него, бидејќи како земна Мајка Го отгледала “од своите пелени” и покрај толку тешкотии и грижи. Страдала за Него како христијанка за новото големо христијанско учење. Големо страдање е за сите, кои веруваат во светињата, гледајќи ја светињата како се понижува. Кој е тој што повеќе верувал, поискрено и поубедливо од св. Богородица во Христовото слово, во Спасителните принципи, кои Тој ни ги даде? Таа не можела да ја изрази на друг начин преданоста кон тие принципи, освен да стои премолчно под крстот во тие тешки часови.
 Таа стоејќи молчаливо ја осеќала врз себе распнатоста на Својот Син и Бог. И колку големи да биле страдањата Христови, присуството на вечната и света Мајка барем малку Му се ублажувале. Св. Роман Слаткопевец во својата поезија кажува, дека Самиот Господ од крстот кога ја видел големата тежина на Својата Мајка, ја тешел со зборови на вера и нада: “Зошто плачеш Мајко Моја? Што ќе им дадам на другите жени, ако не пострадам и умрам! Како ќе го спасам Адама, ако не слезам во гробот? Како ќе ги издигнам во живот заробените во адот ако не отидам таму? Ти гледаш дека неправедно Сум распнат. Не плачи! Подобро кажувај дека доброволно страдам. Бидејќи Бог Словото преку тебе стана човек. Со Човековата Моја природа страдам, преку неа и спасувам. Не плачи Мајко, туку радост возвести, дека од љубов кон човекот примив, да пострадам за него!”.
 Посинувањето на човечкиот род. Стопена во длабока тага, дознала за неизбежната смрт на Својот Син, пречистата Мајка се потресува пред мислата за иднината на својата самотија. Нема повеќе за кого да се грижи, нема повеќе кого да сака. С¢вишниот распнат Син и Бог, продрел во нејзините растревожени мисли и, покажувајќи £ со Своите очи на саканиот ученик, Ги кажал заветуваните зборови: - “Жено, ете ти син! А потоа на него: - Ете ти мајка”! (Јн.19:26-27).
 “Ете ти мајка, сакан ученику! Укажувај £ благоговејна синовска почит како на Моја Мајка! Опколи ја со грижи и внимание во животот! Исполнувај ја свето Нејзината воља! Слушај ги Нејзините поуки! При тешкотија и тага, побарувај ја Нејзината помош, и ќе ја имаш! Обраќај се кон Неа за заштита и ќе ја добиваш при сите потреби во животот! Меѓусебната љубов и почитување секогаш да ве сврзува!”.
 Во личноста на Јована е посинет од Мајката Божја целиот човечки род. Христос Ги остави и зборовите:
 “Јас Си одам. Ти нема повеќе да Ме гледаш. Нема да го слушаш Мојот Синовски поздрав, кој те исполнуваше со радост. Нема да Ми ткаеш пак таков прекрасен хитон. Јас, на Небото нема да имам потреба од мајчинската ми помош, но, место Мене, прими во своето срце друг син - сите луѓе, кои поради Мене ќе доаѓаат при тебе, кои заради Мене ќе се обраќаат кон тебе, заради Мене ќе те повикуваат тебе, и со верата своја во Мене, според Моите зборови, тебе ќе те почитуваат како своја Мајка. Прави за нив с¢ што правеше за Мене! Во неограничената грижлива љубов биди секогаш пожртвована! Прави за нив повеќе отколку што правеше за Мене. По Божественоста твоја биди им чуварка од злото, Јас не Сум направил никакви тешкотии, но тие кои ти ги поверувам, ќе бидат нахални и грешни; често пати ќе се спротивставуваат и против Мене, одново ќе Ме распнуваат и со нивните дела како со меч ќе Ме прободуваат во Моето срце. Но со својата безопределена, с¢опроштајна, сончевозрачна мајчинска љубов простувај им, и колку да се грешни, сакај ги, како никоја мајка што толку ги сакала своите деца! Во тоа ќе се состои и иднината на твојот живот, како што Јас бев исполнет со љубов, сакам и ти да покажеш на луѓето таква возвишена љубов, каква никогаш порано не го стоплувало срцето човечко. . . “
 Тој миг за Пречистата ништо помалку не бил голем од часот на Благовестието, кога £ беше кажано, дека ќе стане Мајка на Спасителот Исус.
 Кога £ Ги кажал на Својата Мајка мајчините должности кон човечанството, Господ £ дал признание и големо мајчинско право. Откао £ го доверил човечкиот род, кој природно треба да се стреми кон небеските висини на доброто, но со својата малодушност бива заведуван од злото; човечкиот род ќе цвета во верата, но и ќе овенува во одрекувањето, Господ £ дал право да се моли за него, и £ дал ветување, дека ќе £ ги слуша Незините молитви и за грешните и за слабите, кои секогаш ќе имаат потреба од помош, застапништво и заштита.
 Во моментот на најголемото Свое страдање, откако Му дал на секого што верува во Него право на синовско сродство со Својата Мајка, Господ со тоа и Самиот се збратимил со човечанството, ги направил Свои браќа сите луѓе и со тоа Го збогатил христијанството со невообичаена топлина, радост и благодат, го осветил човековото братство и еднаквост.
 Никакво човечко слово неможе да ја опише душевната состојба на Мајката Божја во последните денови од животот на Исуса; неможат да се искажат  Нејзините тажни чувства, Нејиниот трепет и ужасот пред невообичаените природни појави, кога во сред бел ден сонцето се помрачи, мрак ја обви целата земја и бледата светлина од димните факели го одбегнуваа страдалниот лик на распнатиот Богочовек. Предавајќи ја Својата душа без никаква мака, а со Неа и чувството дека големиот подвиг е исполнет, дека искупителноста веќе е свршено дело, дека настапува нов живот. Да се искаже таа состојба на мака за Синот на крстот, Кој Си заминува, - Он вели: Жеден Сум! Страдам! Боже Мој, Боже Мој, зошто Си Ме оставил? (Мт.27:46 Јн.19:28). С¢ ова го понело срцето на Пречистата Мајка Божја, сето ова таа го преживеала во премолчно страдање. На крајот: “Се сврши!” и откако ја наведнал Главата, Исус Го предаде Својот Дух (Јн.19:30).
 Плачот на Пресвета Богородица. Мајчиното милостиво срце не издржало, покрај утехата и вољата, кои £ ги дал Исус, таа Го оплакува со неиздржлив плач. Оплакување кои верните срца Го оплакуваат секоја година на повечерието на Велики Петок со тажните зборови на Симеон Логотет:
 -Кога Го гледам на крстот Својот Син и Бог, чистата Дева потиштена тихо Го оплакува:
 -Те гледам распнат на крстот, сакани Сине Мој, срцето ми се кене од мака. Отвори уста, кажи ми некој збор.
 -Горко на мене, лишена сум веќе од мојот Син и Бог, од мојата надеж, радост и веселост (1 песна).
 -Со големото Твое чудно раѓање, Сине Мој, бев возвеличена над сите жени, но денес, кога Те гледам распнат на крстот, оган силен ме гори.
 -Еве ја светлината на моите очи, надежта на мојот живот, мојот Бог изгасна на крстот, осеќам како утробата ми се јади (2 песна).
 -Сонце мое кое не зајдуваш, мој предвечни Боже и Створителе на с¢ што се гледа и негледа, дозволуваш да бидеш распнат? (4 песна).
 -Те имав на светот за единствена надеж, живот и светлина ми беше во моите очи, Сине мој, а сега од с¢ сум лишена (5 песна).
 -Страдам, дека нема повеќе да ти Го слушам Твојот сладок глас, ниту пак да Го гледам Твоето прекрасно лице како порано, зашто Ти зајде, светлино на моите очи (6 песна).
 Во таа грижлива и неутешна тага, искра на бодрост ја опфаќа душата од кондакот на Велики Петок: “. . .  Марија Го гледа распнатиот поради нас на крстот па тихо си вели: Ако си театарски распнат, Ти си мој Син и Бог!
 Јосиф и Никодим Го симнаа од крстот, таа Го прими, Му ја стави главата во својот скут, рони солзи, Го целива и во тажен плач реди:
 -Горко на мене, тага и тешкотија ме опфаќа, сакано Мое Чедо, гледајќи Те мртов.
 -Нема ли да ми кажеш ниту еден збор, Боже Чедо, нема да ја утешиш родилката Ти Мајка, - зборуваше чистата во плач и солзи целивајќи Го (6 песна на слава).
 -Каде отиде, Сине и Боже Мој, некогашната блага вест на Гаврила? Тој претскажа, дека ќе станеш Цар, Син на С¢вишниот Бог, а сега Те гледам, слатка моја светлино, мртовец (7 песна).
 -Мртов Те гледам, Човекољупче, Кој мртви воскреснуваше. Страда Мајчината Ти утроба. Сакам и јас со Тебе да умрам, неможм да Те гледам бездишен мртовец.
 -Земи ме и мене, Сине и Боже Мој, да слезам и јас во аддот со Тебе; не оставај ме сама, неможам да живеам без Тебе (7 песна).
 Плаче Пречистата и при полагањето на Христа во гробот:
 -Горко на мене, што гледам? Каде одиш, сине Мој, а мене сама ме оставаш?
 -Плачете тажно со мене, зашто мојата Светлина, вашиот слаткозборлив Учител се спушта во гробот (7 песна).
 -Гледам страшна и преславна тајна: како се собираш во тесен гроб Ти, Кој Ги  воздигнуваше мртвите од гроб!
 -Нема ниту од гробот Твој да се тргнам, мило мое Чедо, ниту пак ќе запрам солзи да пролевам, се додека и јас не слезам во гробот, бидејќи неможам да ја поднесам разделбата со Тебе, Сине мој (8 песна).
 -Никаква радост нема да ме види, зашто мојата радост и мојата светлина во гробот зајдоа. Нема да Го оставам сам, тука ќе умрам, со Него да ме погребаат.
 -Пречистата со плач редеше: Мојата душевна мака исцелија, Чедо мое, воскресни и болката олесни ми ја, бидејќи Ти можеш и правиш с¢, што ќе посакаш, иако доброволно се погреба (9 песна).
 И како финален акорд на безкрајна надеж во таа тажна симфонија ведро звучат стиховите на деветата песна од плачот:
 -Пречистата рече: Ти ја воспевам милосрдноста, Човекољупче; Ти се поклонувам на Твојата голема милост, Владико; зашто желбата Ти е да го спасиш Твоето творештво - човекот, и си примил смрт. Но преку Твоето воскресение, Спасителе, помилувај не!
 Симнувањето од крстот е  извршено од Јосиф, добар и справедлив човек од Ариматеја, кој го видел неутешниот плач на Пречистата Мајка Божја, трогнат од солзите се јавил пред Пилата и го измолил телото на Исуса да Го погребе (Мт. 27: 57-60; Мк.15: 42-46; Лк.23: 50-54; Јн.19: 38-42).
 Симнувањето од крстот, најдобрите уметници во светот најразлично го прикажуваат.

 Едни Го сликаат, навален на крсниот столб и неговите ученици Му Ги вадаат клинците, со кои беа оковани рацете и нозете Христови, телото обвиено во бело платно И полека го спуштаат. Мајката Божја омалаксана им припаѓа во рацете на жените и Го оплакува Бесмртниот Покојник.
 На други слики Мајката Божја е насликана како коленичи, Го гледа лицето Исусово, а главата Негова ја ставила на своите колена.
 “А Јосиф, штом го зеде телото, го обви во чиста плаштаница, и Го положи во својот нов гроб, . . . па, откако постави голем камен над гробната врата, си отиде.” А јудеите, “отидоа и со стража го осигураа гробот, и каменот го запечатија” (Мт.27: 58-60, 66).

 Мајката Божја со тажен поглед ја обиколува погребалната пештера и во таа состојба се прикажува сликовито целиот живот со обичниот Син! Витлеемската пештера, во која Тој се роди пред 33 години, за да биде погребан пак во пештера; бедниот и тежок живот во домот на Јосифа; смиреноста и послушноста на саканото Дете; смртта на Јосиф обучникот, после тоа кога Исус постанува нејзина единствена потпора. Возраста и Неговото излегување во јавна проповед; чудото во Кана - во исполнување на смиреноста и молбата:”Немаат вино!”. Тригодишниот секојдневен страв и немирот за Него; гласовите за Неговите чудеса: на воскреснати мртви, излечени слепи и сакати; ослабени од страшни демони. Накрајот, последните денови на ужасот: омалаксаноста од стравот покрај крстот, Нејзиното доверување на Јована и сите други останати искушенија до последната Негова воздишка.

 Воскресението. Евангелието по Матеја го опишува на следниот начин: “Ангелот се обрна кон жените и им рече: “Не бојте се; знам дека Го барате Исуса распнатиот; не е овде, воскресна, како што беше рекол; дојдете и видете го местото, каде што лежел Господ, па отидете бргу и кажете им на учениците Негови, дека Он воскресна од мртвите. И ете, ќе отиде пред вас во Галилеја; таму ќе Го видите. Ете, ви кажав.”И како излегоа брзо од гробот, тие со страв и голема радост отрчаа да им соопшат на учениците Негови. Кога одеа да им јават на Неговите ученици, Исус ги пресретна и рече: “Радувајте се!” А тие се приближија, ги опфатија нозете Негови и Му се поклонија.” (Мт. 28:5-9).
 Една црковна песна пее: Архангелот Гаврил во бели алишта се јави како молња на Христовиот гроб, го тргна надгобниот камен и голем страв ги опфати стражарите, и одедаш сите станаа како мртви. Откако се соземаа, истрчаа во градот и раскажаа што се случило.
 Многу црковни стихири опеваат, дека Мајката Божја го видела Христовото Воскресение и била исполнета со неизмерна радост најповеќе од сите:
 -Ликувај, Пречиста, бидејќи ти Го виде Бога, Кого Го роди, воскреснат од мртвите.
 -Радувај се, Благодатна, со апостолате, ти Го виде Твојот Син и Бог воскреснат.
 -Богородице, ти се исполни со радост, откако Го виде Твојот Син и Бог воскреснат од мртвите.
 -Приснодево Мајко, кога го виде огрејаното од тебе Сонце на правдата како воскресна од мртвите, според твоите зборови, го просвети целиот свет, ти се исполни со голема радост.
 -Пренепорочна Дево, кога Го гледаше Твојот Син распнат на крстот, горко страдаше, а кога Го виде воскреснат на третиот ден, веднаш се развесели.

Hristos.adam.jpg

Според Првоевангелието
по Јакова брат Господов
Протојереј Митко Попоски

Извор: МПЦ-- Американско-канадска епархија

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3217
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7710
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная