логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

TVIT911.Pilat.sopruga
·
Писмото од сопругата на Понтиј Пилат, Клаудија Прокла до нејзината пријателка Фулвија Ромелија.
Оргиналот од писмото се наоѓа во Големата библиотека во Италија, од каде што е препишано и испратено до епископот Дионисије во Константинопол во 1643 година.


“Поздрав за тебе, Фулвио!
О ти, моја верна пријателко, ме прашуваш да ти ги опишам збиднувањата што се случија после нашата разделба.
Некои од овие известувања стигнаа дури и до тебе, но тајната што ги обвива тие известувања, во тебе подбудува желба да дознаеш за мојата состојба…”
             Потоа Клаудија раскажува хронолошки како на 17 годишна возраст стапила во брак со Понтиј Пилат кој бил по возраст како да и е татко, и бил управител во Италија. Раскажува како првите години од брачниот живот поминале во мир и добиле син, а пет години подоцна Понтиј бил назначен од римскиот император за гувернер на Јудеја.
Раскажува дека во Ерусалим била центар на почести и внимание, но сепак била осамена “поради гордоста и презирот на Евреите спрема странците и незнабошците, како што не нарекуваа тие. Евреите тврдат дека нашето присуство го осквернавува светото место што Бог им го ветил на нивните прататковци…”.
           Понатаму раскажува дека само една фамилија од повисок ранг во Ерусалим и покажала пријателство, и посетата на нивниот дом и причинувало големо задоволство. Тоа била фамилијата Јаир, старешина на синагогата со чија сопруга Соломија таа имала блиски и чести контакти.
“Соломија беше пример за доброта и кроткост, особено ќерка ѝ Семида, мила и убава девојка како саронска ружа…”.
Тие многу и говореле и читале од светите книги “за Богот на нивните прататковци”.
“Тој Бог” раскажува Клаудија, “е семоќен и милостив, Кој има сѐ во Себе: доброта, чистота и слава…Во осаменост и јас почнав да Го фалам на мојот инструмент. Покрај колевката на син ми паѓав на колена и го повикував Неговото име, честопати дури и против мојата воља. Го молев Тој Бог да ме смири и да ми го успокои срцето, во чии раце јас Му ја предадов судбината и се помирив како робинка на својот господар. И да видиш чудо: од тогаш јас бев охрабрена и утешена”
Клаудија раскажува дека по извесно време нивната ќерка Семида се разболела и едно утро умрела во рацете на мајка си, без многу да се мачи.
             “Го грабнав детето и брзо појдов до нив за да ја оплачам, заедно со мајка и Соломија. Пред домот им се беше насобрал многу народ. Но одеднаш народот почна да се повлекува, отворајќи и пат на една група луѓе, на кој народот гледаше со почит. Меѓу нив го препознав Семидиниот татко. Но, наместо тага и бол, на лицето му се покажуваше надеж, што за мене беше несватливо! Со него одеа тројца, скромно облечени и припрости. По нив последен одеше уште еден. Се подигнав на прсти за да го видам подобро, но веднаш го спуштив погледот од Него како од светлината на Сонцето. Ми се чини челото му беше украсено со ореол од светлина. Косата му паѓаше на рамена, што е вообичаено во Назарет. Неможно ми е да ти опишам се што чуствував во тој миг. Кога го погледнав, осетив како треперам, зашто во секоја негова црта откривав необјаснива убавина, а истовремено Тој, со неговиот поглед, задаваше некаков таинствен страв. Тргнав по него без да знам каде одам. Се отвори вратата и ја видов Семида положена на постелата и опкружена со свеќници и миромириси. Таа изгледаше поубава во тој небесен покој. Челото и беше бледо како лилјанот што лежеше на нозете и смртта беше оставила белези околу очите и устата, та Соломија стоеше покрај неа, истоштена од болка. Во тој миг, Семидиниот татко клекна пред нозете на човекот кој ми беше непознат и кој се приближуваше до Семидината постела. Тој покажа кон своето чедо и рече: “Господи, ќерка ми е во рацете на смртта, но ако ти сакаш, таа ќе воскресне! Целата затреперив кога ги слушнав тие зборови. Срцето ми престана да чука за Оној што не Го познавав. Тој ги фати Семидините раце, управи силен поглед во неа и рече: ‘Девојко стани!’
            Семида се дигна од постелата како да беше помогната од невидливи раце и ги отвори очите. Нејзиното чуство на животот одново ѝ се расцвета на устата. Таа протегна раце и извика: ‘Мајко’!
На тој мил глас Саломија се ослободи од болката. И, растреперени се прегрнаа мајка и ќерка. Тогаш Јаир клекна на колена пред лицето кое го нарекуваше Господ, бакнувајќи Му ги алишта, говореше: Што да правам да добијам живот вечен?
‘Да го љубиш Господ и луѓето’ беше одговорот.
По тие зборови тој стана невидлив, а јас клекнав без да знам кога и зошто. Кога се дигнав, бев пробудена како од сон. Се упатив кон дома, оставајќи ја среќната фамилија во најголема радост, радост што ниедно перо неможе да ја опише.
                На вечерата му раскажав на Понтиј се што видов и чув. Тој ја наведна главата и ми рече: ‘Ти си го видела Исус од Назарет, кој е предмет на омрза и презир од фарисеите, садукеите, иродовците и гордите левити од храмот. Таа омрза расте секој ден и единствената мисла им е да му го одземам животот. Додека зборовите на Назареецот се зборови на мудрост, а неговите чуда се од вистинскот Бог’.
А зошто тие го мразат? - Прашав јас.
‘Затоа што тој ги изобличува нивните обичаи и лицемерства. Јас го чув како им рече на фарисеите: ‘Варосани гробови…змијски породи! Вие ставате тежок товар врз плеќите на луѓето, а ни со прстот не ги помрднувате. Давате десеток од нане, копра и кимин, а го оставивте поважното во Законот: правдата, милоста и верата’ Тие зборови содржат длабока и вистинска смисла. Тој ги разгневи надуените, гордите и арогантни луѓе, така што се помрачи иднината на Назареецот’.
‘Ти ќе го заштитиш, нели?’- Извикав возбудена.
‘Мојата моќ е премногу слаба во споредба со бунтовниот и расипан народ. Верувам дека душевно ќе страдам ако дозволам да се пролее крвта на Тој мудрец!’.
              По тие зборови Понтиј се повлече во собата, длабоко замислен, а јас останав како болна со неопислива жалост.
Се приближуваше празникот на Бесквасните лебови. На тој голем и значаен јудејски празник, во Ерусалим се собираше народ од сите страни на Јудеја за да принесат свечена жртва во чест на празникот што почнуваше во четврток. Пред овој празник Понтиј, натажен, ми рече: ‘Иднината на Назареецот е неутешна. Над Него веќе е скована завера и можно е Тој уште оваа вечер да биде предаден во рацете на правосвештеникот’.
           Растреперана пак го прашав: ‘Ти ќе го заштитиш, нели?’
‘Можам ли тоа да го сторам?’ ми одговори Понтиј со мрачен поглед. ‘Судбината за која претскажуваше Платон за некои предавници, ми се чини дека ќе Го снајде Исуса: Тој ќе биде презрен и предаден за да биде осуден на сурова и тешка смрт’ “.
          Појдов на спиење, но штом легнав некакви таинствени сили ми ги обзедоа мислите: Го видов Исуса таков каков што ми го опишуваше Саломија својот Бог. Лицето Му сјаеше во слава како Сонце, леташе со крилјата на херувимите. Пламенот му ја извршуваше волјата додека стоеше на облаците. Ми се чинеше како да беше готов да ги суди народите собрани пред Него. Протегајки си ја моќната десница,Тој одвојуваше праведни од неправедни. Праведните се издигаа полни со Божествена слава, а неправедните беа фрлани во огнено езеро. Тогаш Божествениот Судија ги покажа раните по телото и рече со силен глас: ВРАТЕТЕ МИ ЈА КРВТА ШТО ЈА ПРОЛЕАВ ЗА ВАС. Несреќниците паднаа и молеа да ги покријат горите и планините. Се чуствуваа непокорни и бесмртни. Сепак, тие изгинаа.
            О! Каков сон или, поточно откровение! Кога се раздени се разбудив со натажено срце и страшен ужас ме обзеде од визијата. Појдов до прозорецот да вдишам чист воздух. Одеднаш слушнав голема вика во центарот на градот што стануваше се посилна; пострашна беше и од најсилната орканска бура. Ме облеа студена пот. Набргу тоа викање стигна до местото на судскиот двор. Уплашена, го грабнав детето и истрчав за да отидам до сопругот, но неможеше да се дојде до него. Застанав зад една пурпурна завеса и ѕирнав да видам што се случува.
КАКОВ ПРИЗОР, ФУЛВИО!
          Понтиј стоеше на тронот од слонова коска, изгледаше бестрашен, но јас ја сватив неговата душевна тревога. Пред него, со врзани раце и искинати алишта од малтретирање, стоеше спокоен и неподвижен, истраен и непоколеблив, Исус Назарецот. На лицето не Му се гледаше ни гордост ни страв. Беше мирен, спокоен, обично, како НЕВИН ЧОВЕК. Неговата кроткост ме исполнуваше со страв и ужас, зошто во ушите ми ѕунеа зборовите: ВРАТЕТЕ МИ ЈА КРВТА ШТО ЈА ПРОЛЕАВ ЗА ВАС! Околу Него стоеше многу народ, како левитите и фарисеите, бесни од гнев. Го довеле на судење. Фарисеите носеа на челата пергаментни плочи со напишани текстови од Законот. Тие се топеа од омрза и викаа како ПОБЕСНЕТИ ЅВЕРОВИ.
                 Најпосле Понтиј даде знак и завладеа тишина.
                 Што сакате од мене? Ги запраша тој?
                Ја сакаме смртта на Исус Назарецот - одговори еден од свештениците во името на целиот народ. Ирод Го испраќа кај тебе за да му изречеш пресуда!
                 А зошто Го обвинувате? Во што е Неговата страшна вина?
               Пак одекна нивниот пеколен глас: Тој пророкуваше рушење на храмот, се нарекуваше Цар над царевите, Христос, Син Божји,    Тој ги навредуваше свештениците на Ароновите племиња – викаа левитите.
                 ДА БИДЕ РАСПНАТ. Викаше разбеснетото мноштво.
               ТОА ВИКАЊЕ УШТЕ МИ Е ВО УШИТЕ И ЛИКОТ НА ПРАВЕДНАТА ЖРТВА УШТЕ МИ Е ПРЕД ОЧИ!
             Тогаш Понтиј го праша Исуса: Ти ли Си Цар јудејски?
              Ти кажа – му одговори Исус.
             Ти ли си Исус, Синот Божји? – пак го праша Пилат, но Исус не одговори.
                Викањето се повтори и личеше на виење на изгладнети тигри – ДАЈ НИ ГО! ДА УМРЕ НА КРСТ!
             Пилат им даде знак да замолчат и рече: Јас не наоѓам никава вина во Тој човек и ќе Го ослободам!
             ДАЈ НИ ГО! РАСПНИ ГО! – Повторуваше мноштвото.
Не можев веќе да слушам, го испратив слугата да го повика Пилата да би поразговарала со него. Кога дојде Понтиј, паднав пред неговите нозе молејки го:
             Во името на нашето дете, кое ти е најмило, најдраго и најскапо, залог за нашето единство не биди учесник во пролевањето на крвта на Тој праведник, Кој е сличен на праведниот Бог! Ноќеска Го видов на сон, опкружен со Божествена слава: Тој му судеше на човештвото што трепереше пред Него и меѓу несреќниците фрлени во огненото езеро, ги видов лицата на оние што ја сакаа Неговата смрт. Варди се и не дигај рака над Него. О! Верувај ми дека само една капка од таа крв за целата вечност ќе ти ја бележи судбината!.
             Се што се случува тука и мене ме застрашува, ми одговори Понтиј. Што можам да направам, заштитата на римската гарда е слаба за да се спротистави на тој побеснет народ, вдахновен од демони. Смири се Клаудијо, и оди си со детето во градината. Очите не ти се создадени да гледаат такви крвави сцени.
           Се чуствував жалосна и обесхрабрена. Исус беше предмет на потсмев и малтретирање од сите, а Неговата смиреност повеќе ги дразнеше.
           Очаен, Понтиј се врати на престолот, а тие пак почнаа да викаат: НА СМРТ, НА СМРТ! Понтиј сакаше да го искористи тој случај да би Му помогнал на Исуса и го запраша народот: Кого сакате да ви го ослободам за празникот, Варара или Исуса, наречен Христос?
           ОСЛОБОДИ ГО ВАРАВА! Викаа сите.
           Варава беше разбојник и убиец.
          Што да направам со Исуса Назарецот?
           ДА БИДЕ РАСПНАТ! – Викаше народот.
          Какво зло направил?
         А тие уште погневно викаа: ДА БИДЕ РАСПНАТ!
Понтиј обесхраберен ја наведна главата. Нервозата растеше се повеќе. НИКАДЕ НЕМАШЕ МИР ОСВЕН НА ИСУСОВОТО ЛИЦЕ! Злостворство, исмевање и маченичка смрт, неможеа да го помрачат Тој небесно осветлен поглед. Тие очи што и дадоа живот на Јаировата ќерка, ГЛЕДАА НА СВОИТЕ МАЧИТЕЛИ СО НЕОПИСЛИВ СЈАЈ НА МИР, ЉУБОВ И СОЖАЛУВАЊЕ.
        Нема сомневање, Тој страдаше со радост. Ми се чинеше дека Неговиот Дух се издигаше кон невидливиот престол. Судницата беше полна со народ како брановита река, чија вода доаѓаше од Сионската гора, каде што беше храмот, до судницата каде што се засилуваше ,,пеколниот хор,,.
        Најполсе мажот ми уморен и исплашен, беше принуден да се согласи со мноштвото.
      О! Каков судбоносен час!...Понтиј се дигна. На лицето му се гледаше смртен ужас. Симболично си ги изми рацете во легенот со вода и рече: Јас сум невин од крвта на Овој праведник!
      Неговата крв нека биде над нас и нашите деца – викаше тој несреќен и разбеснет народ што се туркаше околу Исуса. Бесните џелати Го одведоа. Јас со поглед ја испратив жртвата на клање. Одеднаш срцето почна силно да ми бие. Ми се чинеше дека ми е крај на животот.Слугинките ме одведоа до прозорецот што гледаше кон дворот на судницта. Видов траги од пролиена крв.
Тука Го бичуваа назарецот – рече една дворјанка.
Ете таму Го крунисаа со трнов венец, - рече друга.
Војниците Го хулеа и Му се подсмеваа – рече трета.
Секој од овие зборови ми го пробудуваше срцето како со нож. Чуствував дека се одигрува нешто надприродно во овој судбоносен ден.
Големи и страшни ЦРНИ ОБЛАЦИ се трупаа над земјата, проследени со СИЛНИ ГРМОТЕВИЦИ.
ГРАДОТ ОДЕДНАШ ЗАМОЛКНА од страшната вика. Како да беше занесен во длабоки мисли. Се замолкна. Како смртта да ги допрела со црни крилја. Неопислив ужас ми го прикова погледот во една точка. Го притиснав детето посилино на градите без да знам зошто.
Околу деветиот час тој ден мракот стануваше се погуст.СЕ СЛУЧИ СТРАШЕН ЗЕМЈОТРЕС. Помислв дека светот пропаѓа.Сите стихии се претворија во ужас. Паднав на земја, кога во моментот дојде една моја дворјанка, родена Еврејка, бледа, очајна и исплашена. Таа извика: Дојден е последниот ден! Бог го јавува тоа преку чудеса! Завесата на храмот што го одвојува Светото Место од Најсветото Место, се расцепи од горе до долу на два дела. Жално е тоа што се случи со Светиот храм. Се зборува дека многу гробови се отвориле, многумина виделе воскреснати праведници, кои беа исчезнале од Ерусалим, како и пророци и свештеници од времето на Захарија, убиен во храмот, до Еремија, кој беше ја предскажал пропаста Сионова. Мртвите го предскажуваат гневот Божји. Казната на Семоќниот се шири како пламен.
Слушајки ги тие зборови, ми се чинеше дека ќе го загубам паметот. Излегов на скалдиштето и го сретнав капетанот кој го мачеше Исуса. Тој беше стар херој, но во моментот беше истоштен од мака и каење, мина покрај мене, говорејки сам за себе:
ОНОЈ ШТО ГО УБИВМЕ, НАВИСТИНА БЕШЕ СИН БОЖЈИ!
Влегов во судницата каде што стоеше Понтиј. Лицето му беше покриено со рацете. Кога ме виде очајно рече: АХ, КЛАУДИО, ЗОШТО НЕ ТЕ ПОСЛУШАВ? МОЕТО ПОМРАЧЕНО СРЦЕ НЕ ЌЕ НАЈДЕ МИР! ЗОШТО НЕ ГО ЗАШТИТИВ ТОЈ МУДРЕЦ СО СВОЈОТ ЖИВОТ? Неможев да најдам зборови да ги свртам неговите мисли од таа несреќа што за вечност ни ја запечати пропаста.
Тишината ја нарушуваше страшна грмотевица. Не гледајки на бурата, еден стар човек стоеше пред палатата со насолзени очи, падна пред нозете на Понтиј и рече: Се викам Јосиф од Ариматеја, дојдов да те замолам да ми дозволиш да го земам Исусовото тело од крстот и да Го погребам во мојот гроб.
Оди и земи Го! Одговори Понтиј, не погледнувајки го.Така се сврши тој судбоносен ден. Исус беше погребан во нов гроб, во една карпа и на вратата стоеше римска стража.
Но што? О!Фулвио! НА ТРЕТИОТ ДЕН – ПОЛН СО СЈАЈ, СЛАВА И ПОБЕДА – Тој се појави во овој град. ТОЈ ВОСКРЕСНА, ТРИУМФАЛНО ЈА ПОБЕДИ СМРТТА И ТАКА СЕ ИСПОЛНИ ПРЕДСКАЖАНОТО. Тој им се јави прво на Своите ученици и пријатели, а потоа и на народот. Тие сведочеа за Него, а учениците Му Го запечатуваа сведоштвото со својата крв, ширејки ја веста за Него пред предавниците, началниците и судиите.
Неговата наука им беше доверена на неколкумина рибари од Тиверија. Тие незначајни луѓе станаа прочуени и значајни со нивните мили и силни зборови. Растеше новата вера како синапово семе во вистински плодороден корен на кој ќе му се покори секој друг корен на фалшливата религија на римската слава.

TVIT913


Од овој миг на мојот сопруг му тргна се на зло! Сенатот, а и самиот Тибериј, кој ги мразеше Евреите, го обвинија за случајот.
Саломија и Семида сега со страв во мене гледаат гонител на нивниот Бог. Тие станаа следбеници на Оној Кој и дарува живот на нивната ќерка.
Одеднаш се почуствував осамена и престанав да ги посетувам. Почнав да истражувам извесни Исусови морални науки што ги добив од Саломија.
О! Ценета моја пријателко! Колку е безначајна и суетна мудроста на нашите великани во споредба со науката што само единствениот Бог им ја ветил на луѓето од овој свет. Колку мир и добрина влеваат тие! Една ми е утехата да ги читам нив постојано.
По неколку месеци, Понтиј ја загуби позицијата и ние се вративме во Европа. Патувајки по целото царство, тој го носеше товарот на жалоста, душевната мака и обесхрабреноста. Јас бев со него, но каков беше мојот живот?! Фамилијарното пријателство во бракот ни исчезна. ТОЈ ВО МЕНЕ ГЛЕДАШЕ ЛИЧЕН СВЕДОК ЗА НЕГОВИОТ ПРЕСТАП, А ЈАС ВО НЕГО ГЛЕДАВ ЛИК И КРСТ, ПОЛН СО КРВТА НА ОНОЈ ПРАВЕДНИК, КОГО ГО ОСУДИ ТОЈ НЕПРАВЕДЕН СУДИЈА. Немам смелост да го погледнам в лице. Неговиот глас што изрече пресуда за Исуса, ми го ранува срцето, а кога си ги мие рацете во леѓенот со вода МИ СЕ ЧИНИ ДЕКА ГИ МИЕ ВО ТОПЛАТА КРВ НА ОНОЈ ЧИИ ТРАГИ НИКОГАШ НЕ ЌЕ СЕ ИЗБРИШАТ. Понекогаш му зборувам за покајание и признавање на гревот, но дивиот поглед му е полн со очај и гнев.
Не по долго време детето ни умре во моите раце, но не го оплакував. БЛАЗЕ СИ МУ! ТОА УМРЕ БЛАЖЕНО! Се избави од проклеството што не следи на секоја стапка. Го симна од себе товарот на татковото име.
Секаде каде што поминувавме имаше многу христијани и во страшната дивост се слушаше како со одвратност го изговараа името на мажот ми.
Оние што беа испратени да ја проповедаат Исусовата наука, за објаснување на нивната вера ги употебуваа зборовите: Тој беше распнат по заповед на Понтиј Пилат.
Страшно проклетство што ќе се повторува во сите векови!
Прости ми Фулвио! Плачи и ти и сожалувај ме. Нека ти помогне Бог, праведниот судија, и нека ти дарува среќа што си ја посакуваме една на друга.
ПРОСТИ”!

 

 

 

fb Стеван Здравески

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3224
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7717
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная