логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

(Обновено)

            Огромно и  неприкосновено е значењето на Богородица во животот на Црквата. Таа е Онаа која Му ја даде човечката природа на нашиот Господ Исус Христос; Онаа во која видовме чудесен спој на сите добродетели; Онаа која го исправи старозаветниот престап - преку Ева влезе гревот во човекот, а преку Дева дојде Спасението негово. Некогаш во сетилниот Рај човекот се оддели од Бога, а овде во Црквата, преку Богородица, тој се соединува со Него. Некогаш змијата ѝ шепотеше на Ева, на грев наведувајќи ја, а еве, сега, Архангелот Гавриил, со блага вест Дева ја поздравува, соопштувајќи ѝ за Овоплотувањето кое во неа треба да се изврши.
                   Ако зборуваме за Христа, „не можеме да ја изоставиме таа што Му даде тело, а кога зборуваме за Богородица, истовремено се осврнуваме и на Христа, зашто таа од Него црпи благодат и значење“ (Митрополит Јеротеј Влахос). И затоа теотокологијата е тесно поврзана со христологијата, што исто така се согледува и во животот на Црквата, во животот на Светиите, чијшто карактеристичен белег е нежната љубов кон Мајката Божја.
„Денес е почетокот на нашето спасение и објавувањето на тајната од вековите...“, се вели во тропарот. И навистина Благовештението е почеток на сите Господови празници, означува „добра вест“ „блага вест“, благоизвестие за најголемата и најрадосната вест во историјата на човештвото, за спасението на човечкиот род, коешто се изврши преку Овоплотувањето на Синот Божји во утробата на Дева Марија.
                         „Празникот Благовештение е воедно и Господов и Богородичен. Господов бидејќи се однесува на Христа Господа, Којшто беше зачнат во утробата на Богородица, а Богородичен бидејќи се однесува на онаа личност којашто придонесе во зачнувањето и вочовечувањето на Бога Словото“ (Митрополит Јеротеј Влахос).
Воведувањето на овој празник во животот на Црквата може со сигурност да се следи дури од VII век. Но постојат некои факти, според кои неговата историја би можела да го има својот почеток уште од многу порано, односно уште од III век. Имено, постојат неколку беседи кои им се припишуваат на Светите Григориј Чудотворец, Петар Хрисолог и Атанасиј Синајски, но некои истражувачи сметаат дека тие не се автентични. Исто така, во VII век во Назарет постоела базилика посветена на Благовештение, како и базилика во Витлеем, посветена на Раѓањето Христово, што ја изградила Св. царица Елена во куќата каде што се случило Благовештението. Јероним (+420) пишува дека во Назарет, на самото место каде што ѝ се јавил Арх. Гавриил на Пресвета Богородица, постоел храм во спомен на истиот настан. Тогаш зошто не би можеле да кажеме дека овој празник започнал да се слави многу порано, кога веќе уште во   ранохристијанскиот период постоеле храмови посветени на ова свештено собитие? Во прилог на ова се и беседите изговорени во Цариград во V – от век, од страна на Прокло Патријарх Цариградски и Василиј Селевкиски. Нивната содржина зборува за овој настан. Сигурната историја на празникот може да се следи од VII век, односно од Трулскиот Собор (692 год.), кој предвидува во деновите на Великиот Пост да се служи Литургија на Претходно осветени дарови, освен во сабота и недела, како и на празникот Благовештение.
Богослужбата на овој празник ја пишувале повеќе химнографи, меѓу кои Светите Андреј Критски, Јован Дамаскин, Козма монах, Анатолиј Цариградски, Лав Мудри и други.

Извор: Бигорски манастир

07.04.2017 лето Господово

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3227
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7720
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

28/12/2024 - сабота

Божикен пост (пост на масло)

+Светиот свештеномаченик Елевтериј; Свети Стефан Исповедник Сурожски; Преподобен Павле во Латра; Преподобен Пард Отшелник;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Глас 2Агее свети пророче, ти кој поведен беше, храмот Господов духовно да го осознаеш, оној кој човек не го гради,туку Господ...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная