логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Од 42 академици, само неколкумина имаат примерок од енциклопедијата

 

 

Откако определницата за Албанците во Македонија во Македонската енциклопедија, а и квалификациите на Али Ахмети и ОНА предизвикаа вистински вулкан во јавноста, академик Али Алиу (член на надворешниот состав на МАНУ) вчера ни изјави дека меѓу него и редовните членови, академиците Луан Старова и Алајдин Абази, постои договор до Академијата да достават барање за измена на спорните делови во енциклопедијата.

Доколку не се случи тоа, тие би поднеле оставки на членството во Академијата. Како што дознаваме од Академијата, досега таму не стигнало ниту барање за измена на определниците ниту се понудени оставките од овие академици.

Ситуацијата во МАНУ, најверојатно, е доведена до точка на вриење. Ниту еден академик вчера не беше достапен за изјава. Што е најинтересно, многу мал број од нив имале можност да ја видат енциклопедијата. Како што дознаваме, од 42 академици, само четворица-петмина имале примерок од изданието. Оправдувањето од упатените е дека печатењето оди бавно поради тоа што рачно се работи и треба повеќе време за сушење на страниците. Оваа ситуација потсетува на онаа кога во МАНУ во 2001 година беше презентирана теоријата за размена на територии и кога никој не сакаше ништо да коментира.

Еден од ретките кој вчера говореше на оваа тема е академик Иван Катарџиев. Однапред оградувајќи се од коментари, бидејќи ја немал на увид енциклопедијата, Катарџиев ни потврди дека мал број од членовите на Академијата имаат примерок од енциклопедијата. „Енциклопедијата треба да биде предмет на критика, како и секое издание, но штета е што енциклопедијата се експлоатира само во еден сегмент. Во нејзиното подготвување учествувале правници, физичари, математичари, фолклористи, историчари, стручњаци за флора и фауна, а однапред се негира нешто што има извонредно значење. Ова е прв пат Македонија да ги сумира информациите во еден извор и тоа не е за потценување. Станува збор за исфорсирана и исполитизирана реакција“, потенцира академик Катарџиев.

Тој вели дека тоа е енциклопедија од општ карактер и опфаќа и определници што се однесуваат на релјефот на Македонија, реките, водниот потенцијал, уметност... „Врз основа на изјавите што се пласираат деновиве, јавноста добива карактер на политизација. Луѓето кои ќе ја набават енциклопедијата од неа може да се информираат за голем број аспекти. Од сето тоа богатство на информации се издвојува еден сегмент, кој е важен да се знае, но, исто така, треба да се прочита онака како што е напишан.

Мислам дека тоа е нечесно, неетички. Не може веднаш да се заземаат ставови. А сето тоа е индикатор на меѓунационалните односи во Македонија“, нагласува Катарџиев.

Редакторот на Македонската енциклопедија, академик Блаже Ристовски, најави дека во текот на денешниот ден ќе се одржи состанок со авторите на спорните определници и потоа ќе биде испратено писмено соопштение за јавноста.

Автор на спорната определница е историчарот Ѓорѓи Малковски, кој тврди дека податокот според кој Албанците се доселиле на овие простори во 16 век е историски наод поткрепен во османлиските архиви и пописи правени во тој период и подготвен е со аргументи да се соочи со албанските историчари.

Невена Поповска

 Утрински весник



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 24, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Цитати од Ван Гог што ќе ве инспирираат

„Рибарите знаат дека морето е опасно и бурата е страшна, но во овие опасности тие никогаш не нашле доволна причина да останат на брегот.“ „Успехот понекогаш е резултат од цела серија неуспеси.“
Септември 23, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Михаил Корубин со графика која го симболизира „Алкалоид“: Ги насликав минатото и сегашноста на нашето здравје

Темата на ова дело е живот и здравје со која се одбележува и прославува 85 години од постоење на Алкалоид-Скопје. Во оваа композиција се претставени две раце кои симболизираат сила, заштита и работа, сонце и изгрејсонце како животна сила, растение кое нуди…

Беседи

 Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021 )

Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021 )

Свадбена облека е подвигот на очистување на срцето од страстите во послушание. Без овој подвиг никој не може да се нарече христијанин. За монасите и свештенството свадбена облека е нешто...

Беседа на Рождеството на Пресвета Богородица - Митрополитот Европски г. Пимен

Беседа на Рождеството на Пресвета Богородица - Митрополитот Европски г. Пимен

Колкава е потребата на човека од храм, од место каде ќе се среќава со Бога, од место каде ќе може молитвено да Му се обрати на Господа, па колку и...

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Девата се раѓа од неплодна утроба, но дури и да била плодна, рождеството пак би било чудесно. О, големо чудо! Штом времето на сеење поминало, тогаш жетвата дошла; штом огнот...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Митрополит Струмички Наум:   Сето тоа... не сум го запазил од младини (11.09.2021)

Митрополит Струмички Наум: Сето тоа... не сум го запазил од младини (11.09.2021)

Страстите се тие што го држат срцето заробено и затворено за умно-срдечната молитва, а умот непросветлен. Страстите и демоните, кои секогаш се поврзани со нив, се тие што ги држат...

Митрополит Струмички Наум: Што не е јасно? (04.09.2021)

Митрополит Струмички Наум: Што не е јасно? (04.09.2021)

Никогаш не треба да губиме предвид колкави должници сме Му на Бог; и поради сите дарови што постојано ги добиваме од Него и поради сите гревови со кои Му возвраќаме...

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно- Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно- Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

« »