логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 

Скопје, 16 септември 2009(МИА) - Македонската академија на науките и уметностите денеска ја промовираше првата национална „Македонска енциклопедија“, која по неколкугодишна работа на Лексикографскиот центар и на околу 260 соработници под водство на главниот редактор - академик Блаже Ристовски, е објавена годинава со финансиска поддршка на Владата.

Водејќи се од критериумот за објективност, редакцијата научно верификувала голем број факти, кои се содржани во две книги (А-Љ и М-Ш) со вкупно  1.671 страници. Изданието има над 9.000 одредници за личности, појави, настани, придружени со над 5.000 илустрации.

Неговото излегување го поздрави премиерот Никола Груевски, кој истакна дека  тоа го сублимира сознанието на современата македонска научна мисла за комплексниот лик на земјата, народот и државата.

- Проектот можеби не е приказ на целокупниот живот и развиток на Македонија, но ова дело автентично го скенира македонското гледиште за културното и национално-политичко минато и сегашност и претендира да стане објективна, интегрална информација за нас и нашата земја, рече Груевски. Тој е уверен дека со својат објективистички пристап  и научна аргументација ќе придонесе „за авторитетна презентација на македонската вековна опстојба на овој конгломератен етнокултурен балкански простор и вистината за нас во минатото“.

За концепцијата и историјатот на публикацијата зборуваше академик Ристовски. - Се обидовме да направиме сублимација на милениумскиот развој на нашата земја и цивилизациските епохи во историскиот од на еден народ. Тоа се милионски синтетизирани податоци, факти и аргументи за легитимитетот на Македонија во историјата и во современоста, рече Ристовски.

Претседателот на МАНУ Георги Старделов истакна дека таа е прва македонска енциклопедија ослободена од туѓи историски наслојки и толкувања, која резултира од принципот на мултикултурализмот, а не од етноцентризмот, дека не е само енциклопедија на македонскиот народ, туку и на македонската држава, со  претставување на личности, појави и настани на сите етнички заедници во државава, а посебно на албанската и турската.

Комплексниот труд, според Старделов, ќе ги обезвредни балканските провинцијални анахронизми и рецидивите од минатото, во однос на статусот на Македонија на Балканот и во денешна Европа, и ќе биде релевантен македонски историски, политички и културен компас.  

За академик Гане Тодоровски, пак, Енциклопедијата е информативен максимум досега објавен во Македонија која, како што рече, излегува во вистинско време.

- Таа излегува во време на обновени, системни и жестоки негации, напади, навреди, понижувања, обвинувања и омаловажувања.... Објавувањето на Енциклопедијата, првпат во име на национална и престижна државна институција, ќе успее троа од троа да ги смири инертните наши непромислени и традиционални противници, на кои сме им до денов денешен трн во окото, рече Тодоровски.

Академик Владо Камбовски на промоцијата истакна дека книгата не е за делби и спорења. - Со целиот свој текст, со секоја своја одредница таа учи на спротивното - на хармонија, толеранција, заедништво. Ги учи денешните и идните генерации на основното сознание дека идејата за Македонија, денес олицетворена низ Република Македонија, си провејувала пат низ долгото и мачно историско минато, токму со силата на културата на толеранција и заедништво и дека никому денес не му е дадено правото да ја дели и распарува таа цврста градба, рече Камбовски.

МАНУ планира „Македонската енциклопедија“ да ја објави во проширено издание со повеќе томови, во кое ќе биде опфатено се што во овие два тома не е опфатено или е пропуштено, а потоа да ја преведе на англиски јазик.  хс/паг/15:13

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Јуни 28, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Новата книга од Тихомир Јанчовски беше промовирана во „Буква“

Авторот несомнено е познавач на филозофските теории, што е видливо и во неколку синтагми и максими кои вешто ги проткајува во своите раскажувања. Како синтагми кои во историјата на филозофијата се врзуваат со Декарт, со Лајбниц или со Хусерл. Сепак, и покрај…
Јуни 10, 2021
38.machenici1

До 2050 година во океаните ќе има повеќе пластика отколку риби

Луѓето годишно користат повеќе од 1 милијарда пластични кеси, фрлаат 13 милиони тони пластика во океаните, трошат 17 милиони барели за изработка на пластика (еден барел има околу 159 литри) и убиваат повеќе од 100.000 животни со користење на…

Елвира, наставничката која се покажа како штит...

Мај 17, 2021 Друго од култура 412
38.machenici1
Игнатијева на својот профил на Инстаграм обично објавуваше мотивациони пораки врз свои…

Збирка раскази „Фауст го трча плебејскиот круг“ (Faustus Runs the Plebeian Circle)-Стефан Марковски

Апр 07, 2021 Литература 361
Aleksandar.N.sv.Haralampij
Збирката раскази по промотивна цена е дистрибуирана и на повеќе книжевни платформи, како…

Книгата може да им помогне на децата да си го изградат идентитетот

Апр 04, 2021 Литература 453
Aleksandar.N.sv.Haralampij
Секоја генерација на деца има свои проблеми и затоа треба авторите да ги следат денешните…

Беседи

 Митрополит Струмички Наум: Зошто не Го примаме Богочовекот Христос? (24.07.2021)

Митрополит Струмички Наум: Зошто не Го примаме Богочовекот Христос? (24.07.2021)

Што ли да речеме за посуптилната страст на умот, како што е демонската гордост, т.е. високото мислење за самите себе, односно суетата, преку која демонот нѐ држи заробени и преку...

БEСEДА  за трeзвeнoста на умoт

БEСEДА за трeзвeнoста на умoт

Бoг на живoтнитe им дал самo душа, затoа нe им дал слoбoда, туку Oн ги ракoвoди сo Свoјoт ум. На чoвeкoт Бoг му дал душа и ум, и сo умoт...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Божји збор, Литургиски збор, збор во сила, соодветно, има веќе и оној што го просветлува својот ум преку дарот на умно-срдечната молитва; оној чиј ум невидливо богослужи пред олтарот на...

Митрополит Струмички Наум: АПОСТОЛСКО ПРЕЕМСТВО, ИЛИ СТАРОЗАВЕТНО?

Митрополит Струмички Наум: АПОСТОЛСКО ПРЕЕМСТВО, ИЛИ СТАРОЗАВЕТНО?

Светите Апостоли не служеле во велелепни храмови, туку во обични домови. Ние, денес, се натпреваруваме кој поголем храм ќе изгради, и покрај тоа што многу луѓе живеат во сиромаштија.Светите Апостоли...

Ретроспектива (2005-2020) - Митрополит Европски Пимен: „Беа двајца сосем различни луѓе“

Ретроспектива (2005-2020) - Митрополит Европски Пимен: „Беа двајца сосем различни луѓе“

Беа двајца сосем различни луѓе. Едниот прост рибар, а другиот еден од најучените во своето време. Еден крупен како карпа, друг многу ситен. Едниот со пламен карактер, а другиот кроток....

Александар Несторовски: Трета недела по педесетница 11/07/2021

Александар Несторовски: Трета недела по педесетница 11/07/2021

А ако ние сме од Бога и ако целиот матријален свет е од Бога, тогаш значи дека и се што доаѓа е од Бог. Затоа, да го напуштиме лицемерното верување...

МИТРОПОЛИТ СТРУМИЧКИ НАУМ: ЛОВЦИ НА ЛУЃЕ (03.07.2021)

МИТРОПОЛИТ СТРУМИЧКИ НАУМ: ЛОВЦИ НА ЛУЃЕ (03.07.2021)

И затоа, како што обичниот ловец треба да биде искусен за да го фати својот плен така и ловецот на луѓе, односно духовниот отец треба да биде опитен за да...

о.Јане Илиев: ПРВА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

о.Јане Илиев: ПРВА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

Човекољубието на Господа Исуса Христа нема крај. За да го стекнеме вечниот живот, кој е во Него, и за да живееме со Него, од нас не се бара ни ученост,...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на сите Светии (26.06.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на сите Светии (26.06.2021)

Егоцентричноста, т.е. самољубието не се способни да се потслонат на верата и довербата во Богочовекот Христос, и затоа несвесно го принудуваат човекот да бара сигурност само во материјалното, како и...

« »