логоFacebookTwitterYouTubeeMail


goce.justinijana.jpgВо време кога во Република Македонија издавањето на музички изданија со црковно пеење од источна традиција е вистинска реткост, појавувањето на второто по ред музичко остварување, на веќе потврдениот и исклучително талентиран ангелогласен протопсалт од Прилеп, Георгиј Секуловски, претставува навистина несекојдневен настан. Дотолку повеќе, што ова негово вешто вообличено второ остварување, претставува, всушност, заокружена целина на неговата долгогодишна пејачка и музичко-педагошка дејност на нашите простори.

Протопсалтот Георгиј Секуловски е високообразован, млад, македонски музичар, кој својот професионален профил го вообличил на Музичката академија во Скопје, на вокално - инструменталниот отсек, во класата на проф. д-р Благој Ангеловски, во периодот од 1996 до 2000 година. Со неговата интимна, лична пасија, црковно пеење од источна традиција, почнал да се занимава за време на неговиот студентски престој во Скопје, некаде кон средината на 1996 година.

 

Несекојдневниот талент и целосната посветеност на ова дотогаш речиси непроучено подрачје, постепено резултирале со наполно совладување на источното нотно писмо - невмите, а потоа и со суштинско восприемање на осмогласниот музички систем на црковното пеење од источна традиција. Како резултат на тоа, во 2004 г., објавено е неговото прво музичко издание Литургиски химни, на кое протопсалтот Георгиј Секуловски, освен како добар познавач, се јавува и како маестрален интепретатор на источното црковно пеење. Всушност, ова издание претставува прво музичко остварување во поновата историја на Република Македонија, на кое сите литургиски химни се испеани врз основа на музички партитури напишани со невми и во духот на источното црковно пеење. За ова музичко остварување, во тоа време, висока оценка дадоа низа еминентни музички експерти по источно црковно пеење, протопсалтот Исаиј Григоријатски од Света Гора и протопсалтот Љубомир Игњатов, професор по источно пеење во Софиската семинарија.

goce.justinijana.jpg

Како вистински професионалец, чувствувајќи потреба да остави и пишан белег за музичките композиции исполнети на неговото прво музичко издание, протопсалтот Георгиј Секуловски, во 2003 г. издава книга со наслов Зборник на литургиски и псалтикијни сочиненија, во која со невматско писмо се забележани сите композиции застапени на музичкото ЦД Литургиски химни. Оваа книга, во рамките на црковното пеење од источна традиција во Република Македонија, претставува прва авторска збирка на литургиски песнопеења и напеви, напишана со невматско писмо, на кои се присутни и неколку оригинални композиции на авторот. Таа наиде на срдечен прием кај псалтите во сите епархии на Македонската православна црква, а и денес е во употреба во голем број на цркви ширум Македонија.

Како дел од активностите превземени на полето на возобновувањето на црковното пеење од источна традиција во Република Македонија, треба да се одбележи и музичко-педагошката активност на протопсалтот Георгиј Секуловски. Со одлука на Светиот синод на Македонската православна црква, во 2004 г., тој е назначен за професор по црковно пеење од источна традиција во Македонската православна богословија Св. Климент Охридски. Тоа е прво вакво звање во историјата на постоењето на Македонската православна црква.

За неполни четири години, протопсалтот Георгиј Секуловски, успева со учениците на Православната богословија Св. Климент Охридски да оформи машки хор и да произведе низа исклучително талентирани млади псалти. Резултатите од дејствувањето на овој хор се забележани на музичкото издание под наслов Статии на Велик петок, излезено и презентирано пред македонската јавност на 17 мај 2008 г., во рамките на манифестацијата Денови на Јустинијан I, во храмот на Пресвета Богородица во Скопје.

Музичкото издание кое се наоѓа пред нас, и за кое овде треба да говориме, едноставно е насловено Света Литургија. Тоа е надополнето и со истоимен музички зборник. Всушност, овој вешто осмислен проект, претставува едно логично продолжување и заокружување на севкупната музичко-педагошка и едукативна активност на полето на црковното пеење од источна традиција на протопсалтот    Георгиј    Секуловски.    Поучен    од    долгогодишната    хорска активност, со црковни хорови што самиот ги формирал и водел во Прилеп, Штип, Велес и Ресен, како и од искуството стекнато со учениците во Православната богословија Св. Климент Охридски; во исто време чуствувајќи потреба источното црковно пеење да го доближи до сите оние што не го познаваат источниот нотен систем, протопсалтот Георгиј Секуловски со изданието за кое говориме прави револуционерен чекор. Тој севкупниот материјал од неговиот прв литургиски зборник Литургиски хгшни, напишан со невматско писмо, заедно со низа нови корисни надополнувања, го преточува во зборникот Света литургија, во кој сите литургиски пеења овој пат се предадени на западни ноти. На овој начин, источното црковно пеење, во овој миг, станува достапно на секој љубител на црковното пеење, на секој верник, на обичниот човек. Значењето на ова издание е дотолку поголемо, што тоа во исто време, нуди можност да се слушне нотниот запис преку извонредна интерпретација.
На ЦД-то Света литургија, каде доминира брилијантниот глас на протопсалтот Георгиј Секуловски, заедно со него настапуваат и најталентираните ученици, од неговата класа од Православната богословија Св. Климент Охридски. Тоа покажува дека овој млад музички деец успеал во Република Македонија, не само да го посее семето за љубов кон источното црковно пеење, туку и да ги види првите плодови од него.

Што се однесува до изборот на литургиските химни, треба да се напомене дека се тие избрани со особено големо внимание и осет. Покрај напевите што се присутни, како вообичаени напеви кои се потпрени на преданието на црковното пеење во Православната црква, во зборникот се застапени и литургиски химни што се пееле во родниот град на протопсалтот Георгиј Секуловски, потоа во Битола, Ресен и во други градови во Република Македонија. Сите тие на некој начин имаат своевиден музички национален белег, со што ова музичко издание го прават уште подрагоцено. Освен тоа, во зборникот се присутни и неколку авторски творби на протопсалтот Георгиј Секуловски, кои претставуваат вистински раритет во поновата историја на источното црковно пеење во нашата татковина. Овој млад музичар не ги заборавил ниту нашите преродбеници, кои се исто така застапени со неколку свои творби во неговиот зборник.

Генерациите произлезени од пеачката школа на протопсалтот Георгиј Секуловски, допрва доаѓаат. Тие се присутни и на ова музичко издание. Нивното време е блиску и уверен сум дека токму тие генерации ќе ја исцртаат физиономијата на македонското црковно пеење од источна традиција. Тоа е сосема природен од на нештата и убеден сум дека тие денови не се далеку. Овој зборник им е наменет на сите нив, за да ги подучува во текот на совладувањето на оваа прекрасна уметност. Овој зборник и ова ЦД ни се наменети и нам, обичните луѓе, да ни помогнат молитвено да проникнеме во најдлабоките тајни на најсветата служба на Православната црква - литургијата и со помош на милозвучните црковни напеви непрестано да го воспеваме и славиме Бога. Ова музичко издание, во исто време претставува и повик и поттик до сите оние што го практикуваат ова пеење, да ја понесат одговорноста и да го споделат товарот во сеопштото ни заедничко музичко дело.

На крај, како што и доликува, ќе му се заблагодариме на овој млад ангелогласен протопсалт од Прилеп, што вака не израдува и што ни овозможи духовно да се насладуваме со ова прекрасно музичко доживување, посакувајќи му за во иднина секакво добро.

Протопсалт Александар Гулевски
Во Битола 09.02.2009год.

 

 Друго:

Kнига и ЦД „Света Литургија“ - Источно црковно пеење од Георгиј Секулоски

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Февруари 20, 2021
„МАКЕДОНИСИМО“ ЈА ДОЛОВУВА СУШТИНАТА НА МУЗИКАТА – АЛБУМОТ НА ТРПЧЕСКИ СО ОДЛИЧНИ РЕЦЕНЗИИ ВО САД

„МАКЕДОНИСИМО“ ЈА ДОЛОВУВА СУШТИНАТА НА МУЗИКАТА – АЛБУМОТ НА ТРПЧЕСКИ СО ОДЛИЧНИ РЕЦЕНЗИИ ВО САД

„Народната музика во неговата родна Македонија е преполна со ритмичка виталност и модална убавина. За Трпчески и многу други Македонци, таа е дел од секојдневниот живот и така е уште од детството. За ‘Македонисимо’, тој групирал песни и танци во шест…
Февруари 09, 2021
3.angeli.so.truba

Прашањето на идентитетот во фокусот на канадските и македонските уметници

Во Чифте амам, во Национална галерија, од 10 до 26 февруари ќе се одржи изложбата FLUX IDENTITY, на која динамичен дијалог на тема идентитет и неговата разновидност водат уметници од Канада и од Македонија. Автор на проектот и куратор е Светлана Младенов од…

ЈЕЛЕНА ЈОВАНОВА ПЕРИЌ – РАНЛИВОСТА Е ХРАБРОСТ

Јан 06, 2021 Ставови 386
ЈЕЛЕНА ЈОВАНОВА ПЕРИЌ – РАНЛИВОСТА Е ХРАБРОСТ
Горда сум на секој проект и позади секој еден стојам непоколебливо. Нормално, некои од…

Кога некој ќе се потруди да те изгуби- ти потруди се да не те најде повеќе

Јан 05, 2021 Ставови 429
3.angeli.so.truba
Исто така секој момент можете да научите и некое друго сценарио и да сфатите, дека…

ПИЈАНМАНОВ: Уметноста е една од последните сили кои можат да го спасат човештвото

Дек 30, 2020 Интервју 503
3.angeli.so.truba
Прогласувањето национални паркови и зелени заштитни зони во југоисточна Македонија е исто…

Беседи

Викарен Епископ Стобиски Јаков: Оличноснување или различноснување

Викарен Епископ Стобиски Јаков: Оличноснување или различноснување

Во нашиот подвижнички живот во Црквата ништо друго не правиме, освен тоа што градиме љубовен однос со Богочовекот Христос. Црквата е Богочовечка тајна во којашто ја живееме тајната на воплотувањето...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

БEСEДА за oбратнитe врeднoсти вo Бoжјoтo царствo

БEСEДА за oбратнитe врeднoсти вo Бoжјoтo царствo

Зoштo Гoспoд oграничил и нe рeкoл “ситe”, туку “мнoзина”. Искуствoтo нè учи дeка нeкoи oд oниe кoи билe први вo чeст на Зeмјата, oстаналe први вo чeст и кај Бoга....

Митрополит Струмички Наум: Блудниот син (28.02.2021)

Митрополит Струмички Наум: Блудниот син (28.02.2021)

Далечна земја е „место“ на неисполнувањето на Божјата волја, пројавено како непослушание кон духовниот отец и предвремено духовно самораководење, поради што Божјата благодат постепено се оддалечува од нас.Непослушноста носи со...

† БЕСЕДА ОД МИТР. ТИМОТЕЈ ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ НА СВ. СВЕШТ-МЧ. ХАРАЛАМПИЈ

† БЕСЕДА ОД МИТР. ТИМОТЕЈ ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ НА СВ. СВЕШТ-МЧ. ХАРАЛАМПИЈ

Ние луѓето живееме помеѓу спротивставеноста на денот и ноќта, помеѓу светлината и темнината. Многу поголеми од тоа се спротивностите помеѓу доброто и злото, помеѓу љубовта и омразата, гревот и добродетелта....

Јован Пачемски: Недела на митарот и фарисејот (21.02.2021)

Јован Пачемски: Недела на митарот и фарисејот (21.02.2021)

Во самиот почеток од прочитаната свангелска приказна, нашиот Спасител Господ Исус ХРИСТОС ни покажува на кого ја наменил оваа парабола. Таа е упатена кон сите оние кои во себе се...

Митрополит Струмички Наум: Почетната благодат на митарот (20.02.2021 16:58)

Митрополит Струмички Наум: Почетната благодат на митарот (20.02.2021 16:58)

Главната карактеристика, која го оформува профилот на луѓе каков што е фарисејот, е користењето на знаењето што останува по доволното чистење на енергијата на умот за судење и осудување на...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Митрополит Струмички Наум: Закхеј (13.02.2021)

Митрополит Струмички Наум: Закхеј (13.02.2021)

   Колкумина се навистина подготвени да се откажат од своето славољубие, од својата лажна слава; и колкумина се подготвени да изгледаат бедно или да служат за потсмев заради Господ Христос, и...

« »