логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Пијанистот Симон Трпчески првенствено е заинтересиран за музиката, а не за парите

Симон Трпчески е еден во милион. Поточно во два милиона луѓе. Тој е најпознатиот уметник во класичната музика кој произлегол од Република Македонија. Своето издигнување во меѓународна слава го оствари во Англија, на лондонскиот Меѓународен натпревар по пијано во 2000 година.

Всушност, тој не победи на натпреварот. Финскиот пијанист Анти Сиирала, кој подоцна победи на натпреварите во Даблин и во Лидс, ја доби првата награда. Трпчески не очекуваше да победи. Затоа тој свиреше за да ужива. Пред се', само што наполни 20 години, а се наоѓаше на сцената на „Ројал фестивал хол“ со Лондонскиот филхармониски оркестар, првпат во животот. Што имаше да загуби? Неговата изведба го привлече вниманието на еден важен слушател, ловец на таленти од меѓународната агенција „ИМГ артистс“. Тој набрзина се пријави и, во основа, не погледна наназад.

Тоа што заврши како пијанист беше случајно. Неговиот прв инструмент беше хармониката, а репертоарот народна музика. Неговите родители немаа допир со класичната музика - таткото судија, а мајката фармацевт - додека неговите постари брат и сестра студираа право и економија. Неговиот музички талент им беше јасен на сите, но тој не можеше да ја носи хармониката во основното музичко училиште. Едноставно, таму не се изучуваше. Затоа го избра пијаното како најблиска замена.

„Бев многу среќен во почетокот на моето образование. Тоа се совпадна со доаѓањето на руските професори Људмила и Борис Романови од Москва. Тоа беше голема среќа за цела Македонија. Таа е мала земја, но има многу талентирани луѓе. Руските професори навистина го издигнаа нивото. Тие донесоа нов начин на размислување, од старата руска школа. Борис Романов беше дел од Московскиот конзерваториум, студирал со Константин Игумнов кој бил близок со Рахмањинов, и со Џејкоб Милштајн, близок пријател на Свјатослав Рихтер“. Студирањето кај Романови, како што вели тој, било „непроценливо“. Тој секогаш работел вредно и го одбива зборот чудо.

„Ништо не паѓа од небо“, вели тој. Многу е благодарен што Романови многу бараа. Тие го туркаа, никогаш негативно, низ огромните линии на репертоарот и иако тој можеби не секогаш го ценел товарот во тоа време (играњето фудбал била главната разонода), сега искуството му оди во прилог.

Средствата во неговото семејство секогаш биле ограничени, вели тој. Нивниот стан бил мал, го делеле со неговата баба, а парите биле скудни. Во периодот на распаѓањето на Југославија животот бил полн со неизвесности. Тој го цитира Павароти „Ние имавме толку малку, но никој немаше повеќе од нас“. „Бев многу среќен што живеев во едно прекрасно, поддржувачко семејство“. Тие го поддржуваа да учествува на меѓународните пијано натпревари во периодот кога авионските такси беа високи, а визите тешки за добивање. Излегувањето од Македонија не беше лесно, па дури и денес меѓународните патувања подразбираат многу поголеми главоболки, поради визите за Македонецот, отколку за некој државјанин на ЕУ, вклучувајќи ги неколкуте патувања, кога Трпчески ја посети Северна Ирска од Англија за да свири со Националниот симфониски оркестар РТЕ во Националната концертна сала.

Тој се смета себе си среќен на начинот на кој избира да им пристапи на натпреварувањата. Негов интерес беше да открие колку вреди, до каде води неговиот талент во споредба со неговите меѓународни колеги. Тој не настапуваше за да победи, а немаше углед да го загуби. Сега има нов углед. Тој е уметникот од новата генерација на Би-Би-Си, првото ЦД во серијата „Деби“ на ЕМИ беше таков успех што вториот компакт диск се продаде по повисока цена, и тој редовно настапува со водечките оркестри во големите музички центри низ светот. Одржувањето на угледот, со исполнување на очекувањата на слушателите, кои го слушале претходно, станаа најголеми предизвици во оваа фаза од неговата кариера.

Вториот пат во Лондон го свиреше „Првиот концерт за пијано“ на Чајковски, и очигледно беше задоволен бидејќи публиката уживаше во секој момент од неговиот настап во 2009 година, исто како што уживаше во 2004 година. Во тие најпознати дела, тој не е заинтересиран да биде поинаков. Сака да звучи природно. Тој сака лирските пасуси да имаат квалитет за пеење, а делот за танцување да има квалитет за танцување. Покрај тоа, навлегува во доживувањата на македонската фолклорна музика заради инспирација. Го ограничува бројот на ангажмани кои ги прифаќа, бидејќи парите не се примарен интерес. Тој ќе прекине, вели, „ако почувствувам дека преовладува машината“. Парадоксално, тој одвреме-навреме компонира поп песни и имаше некои хитови во Македонија. Значи има музичка резерва.

Најголемото возбудување во неговата кариера, вели тој, е чистото задоволство од настапите, не само со големите оркестри, туку, исто така, и со помалите, не само големите сали, туку исто така и помалите, особено во неговата родна земја. А задоволството, вели тој, потекнува од споделувањето на чувствата, со неговата публика, на „чистата магија и љубовта за самата музика“. Тоа е задоволство што тој не може реално да го изрази со зборови. „Кога би можел да го кажам тоа со зборови, би бил поет“. (Ајрис тајмс)
 
Извор: Утрински весник



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 28, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Познат научник тврди дека Бог постои

Според него, оваа теорија би можела да го докаже постоењето на Бог. Изјавите ги разгориле дебатите околу оваа тематика меѓу научниците токму затоа што Каку се смета за еден од најважните научници на 21 век. Тој е еден од креаторите на револуционерната Теорија…
Септември 24, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Цитати од Ван Гог што ќе ве инспирираат

„Рибарите знаат дека морето е опасно и бурата е страшна, но во овие опасности тие никогаш не нашле доволна причина да останат на брегот.“ „Успехот понекогаш е резултат од цела серија неуспеси.“

Беседи

Митрополит Струмички Наум:   Жената Хананејка (16.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Жената Хананејка (16.10.2021)

 Послушанието не е лесен подвиг и не е без искушенија. Затоа, до добивањето на дарот на умно-срдечната молитва тоа е аскетски подвиг, подвиг на кој се принудуваме. Духовниот отец може...

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Та Христос не воскресна само во Ерусалим, та Христос не воскресна само во храмовите. Христос воскресна за сите, за секој и секаде. Христос воскреснува во срцето на секој еден од...

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Значи, наместо судење и осудување и самооправдување, Христос ни го покажува патот на самоукорување и самоосудување, патот напуштен од речиси сите денес; патот на смирението.Прашање е дали воопшто и можеме...

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Денешното апостолско четиво (Гал. 6, 3) ме потсети на малиот број „христијани“, кои поради својата внатрешна душевна расцепеност и меѓусебната поврзаност по таа основа, се однесуваат како отцепени, не само...

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Да не се лажеме себеси... Оној што ја има љубовта како дар на благодатта на Светиот Дух не може истовремено и да мрази. Нема тука место за обичните човечки чувства,...

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Љубовта ќе олади кај тие што ја добиваат како дар Божји во Црквата, а не ја негуваат и не ја развиваат. Љубовта ќе олади кај христијаните, кај православните. Божествена љубов...

 Митрополит Стумички Наум: Тајната на личниот крст (29.09.2021)

Митрополит Стумички Наум: Тајната на личниот крст (29.09.2021)

Често луѓето имаат желба да се на местото на некој друг. Сакаат да ја имаат видливата власт и славата на другиот, сакаат да ги имаат видливите пари и имот на...

 архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

 Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021)

Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021)

Свадбена облека е подвигот на очистување на срцето од страстите во послушание. Без овој подвиг никој не може да се нарече христијанин. За монасите и свештенството свадбена облека е нешто...

« »