ИЗГРАДБАТА ЗАПОЧНА
По удирањето на темелите кое се случи на почетокот на годинава, во петокот започна изграбата на Стариот театар за кој годинава во буџетот на Министерство за култура за 2008 година се предвидени над еден милион евра
За Стариот театар, во 2008 година, чија изградба и официјално започна во петокот, предвидени се над 1 милион евра. Во 2007 година кога и всушност беа удрени темелите на оваа капитална инвестиција на Владата, беа потрошени околу 3 милиони 870 илјади евра.
Државниот секретар во Министерството за култура, Елизабета Канчевска Милевска вели дека градежните работи започнаа веднаш по добивањето на дозволата од град Скопје, која се однесува на новата маркица за театарот со проширени димензии и дозволата за сообраќајно решение на просторот околу театарот.
Театарот се гради според проектот на архитектот Јован Стефановски-Жан. Подигнувањето на карабината е доверено на штипската фирма Бетон, која според договорот треба да биде готова за девет месеци. По карабината и инсталациите следи работата на сценската техника.
Според најавите, театарот однадвор ќе го задржи својот автентичен изглед на стара барокна архитектура, но внатре ќе има просторни услови приспособени на современите европски стандарди - со околу 900 седишта и подвижна сцена со три нивоа. За сценска техника и акустика ќе бидат консултирани странски експерти.
Изградбата на новата театарска зграда, која всушност ќе претставува воскреснување на Стариот театар кој на левата страна на Вардар постоел се до земјотресот, ќе трае до крајот на 2009 година, кога театарот ќе биде достапен за јавноста.
извор:Вечер
Посети:{moshits}