Фејсбук направи огромни промени, не само за општеството, туку и за секој поединец кој постојано или повремено го користи. Од стекнување нови пријателства, класично шпионирање, покажување на тоа што сте јаделе, до наоѓање животен партнер преку него.
Изгледа како целиот социјален живот да се одвива на Фејсбук, а не „очи во очи“.
Во прилог неколку интересни факти кои ќе ве зачудат колку Фејсбук ни се вмешал во секојдневниот живот, а не сме забележале.
1. Во САД, за секој трет развод, причина е Фејсбук. Се смета дека секое трето барање за развод го содржи зборот Фејсбук. Како причини, најмногу се наведуваат оние во кои партнерот комуницирал со некој од спротивниот пол во чат, дека партнерите си размениле непристојни коментари на ѕид, па дури и жалење дека пријателите на партнерот му направиле „рипорт“ на профилот.
2. Советот во Исланд, драфт верзијата на Уставот ја прикачиле на Фејсбук. Започнале да дискутираат за Уставот, со коментари и лајкови, за на крајот да направат нов Устав. За тоа време, Македонија сè уште го прави тоа со дописи преку архива, односно без употреба на компјутери, а камо ли интернет и Фејсбук.
3. Ако внесете facebook.com/4 одите директно на профилот на основачот на Фејсбук, Марк Зукенберг. Никој не знае зошто четворка, а не единица, но барем профилот му е супер лесен. Пробавте? И ние.
4. Можете да заработите 500 долари од Фејсбук. Ако најдете баг или некоја грешка на Фејсбук и им кажете за 24 часа, притоа не откривајќи на светот и не читајќи тајни и лични пораки, ќе ве наградат со 500 долари. општествотоПосле ќе речат постарите, од Фејсбук леб не се вадело.
5. Помеѓу сите јазици на кои можете да го имате Фејсук, вклучително и македонски, можете да го имате и на пиратски јазик. Добро прочитавте, па ако сте пирати, или се чувстувате како такви, направете ја измената.
6. Дури 83 проценти од проститутките имаат свој Фејсбук профил. Наводно, преку Фејсбук, тие многу полесно стигнуваат до клиенти. Не знаеме дали Македонија влегла во истражувањето, но гледајќи какви профили има, изгледа добро сме придонеле за процентите.
7. Еден брачен пар загина, бидејќи некоја нивна другарка ја избришале од Фејсбук. Нејзиниот гневен татко дошол дома и ги убил бидејќи. општествотоЗатоа, пазете кој лудак го прифаќате, за после да не мора да ве убие откако ќе го избришете од пријатели.
8. Статистиката покажала дека 20 проценти од сите слики завршиле на Фејсбук. Ако вие не објавувате сешто, верувајте, некои луѓе објавуваат и слики од своето веце. Заедно со duck face во прилог, секако.
9. Еден човек добил пресуда заради изречени лоши зборови на фејсбук, да и се извини на сопругата преку истиот тој Фејсбук. Ако сте запознати со нашите закони, тогаш знаете дека во Македонија извинувањето е најчесто преку дневен весник, па многу пати сме читале како некои се извинуваат за клевета. Следно, ќе се извинуваат на Фејсбук. Секако весникот е трошок.
Извор:
http://sarma.mk/nauka-i-tehnologija/internet/16217/fakti-za-fejsbuk-koi-ke-ve-iznenadat/