логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

 о Хабаровската богословија мироточи иконата на свeти Инокентиј Московски (24.08.2014 09:12)

Во црквата во Хабаровската богословија (Русија), на 20 август годинава започнала да мироточи иконата на св. Инокентиј Московски, небесниот покровител на оваа образовна установа, јавува Информативната служба на Хабаровската епархија.

„Мироточењето први го виделе учениците во нашата богословија кои во тоа време присуствувале на вечерната молитва. Кога ни го посочија тоа, видовме дека од очите на свети Инокентиј Московски течат потоци. Тоа е икона на нашиот покровител, и затоа веднаш отслуживме Молебен“ – изјавил првиот проректор на Хабаровската богословија, Епископот Бикински Ефрем.

Кога ја отвориле заштитната обвивка на иконата за да се убедат во нејзиното мироточење, храмот се исполнил со благоухание. Мироточењето продолжило и следниот ден. Крупни капки, слични на солзи, се слевале по ликот на светителот на иконата, собирајќи се на нејзиниот долен дел.

Инаку, иконата со честичка од моштите на светителот, е живописана во Троице-Сергиевата лавра, и Богословијата ја добила на дар од блаженоупокоениот Патријарх Алексеј II.

Извор: Православие.ру

Преземено од : МПЦ-ОА



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 3108
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2943
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…