логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

На 5 јули годинава, крај отворениот музеј „Коломенскоје“ во Москва, за време на Третиот Меѓународен фестивал на словенската уметност „Руско поле“, волонтерите на социјалните движења „Заедничко дело“ и „Сорок сорока“ за една ноќ ќе конструираат дрвена црква во чест на св. Сергиј Радонежски, реплика на црквата на св. Андреј изградена во 1702 год. од страна на Петар Велики, јавува Patriarchia.ru.

Овие волонтери во минатото учествувале при изградбата и обновувањето на многу цркви во Русија. И овој пат се одзвале на повикот за помош за изградба на црква во чест на св. Сергиј Радонежски.

На крајот од фестивалот, црквата ќе биде донирана на една парохија во московската западна област, која учествува во заедничката програма на московската Влада и Руската православна црква, наречена „200 цркви“. Изградбата на црквата е финансиски помогната од фондацијата „Св. Василиј Велики“.

Според претседателот на организацијата која гради дрвени цркви на рускиот север, јереј Алекс Јаковлев, „проектот ‘Заедничко дело’ постои пет години. За ова време организирани се седумдесет експедиции: пронајдовме и опишавме 120 цркви; во 85 цркви го отстранивме сметот и извршивме итни реставрациски потфати. Во три цркви и три капели реставрацијата е целосно завршена. Во првите две години, учество земаа 5-6 луѓе, но сега речиси 200 волонтери активно се вклучуваат секое лето“.

Социјалното движење „Сорока сороков“ обединува светски-познати спортски шампиони, меѓу кои и капитенот на Руската боксерска федерација Никита Иванов, светскиот карате првак Сергеј Федоткин, светскиот боксерски шампион Сергеј Водопјанов и рускиот пауерлифтинг шампион Александар Бородин.

Извор: Правмир.ру



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 3108
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2943
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…