логоFacebookTwitterYouTubeeMail

178139.jpgХеврон: До стеблото на дабот Мамвриски се појавија млади фиданки

11 јуни 2014

На третиот ден од празникот на Света Троица, духовништвото при Руската178139.jpg Духовна Мисија во Ерусалим на чело со игуменот Теофан традиционално се упати кон Хеврон, каде како што е познато се случило јавувањето на Света Троица на Авраам.

Во чест на ова собитие во храмот „Светите Праотци“ при големо мнозинство на православни верници беше отслужена божествена Литургија, соопштува сајтот на Руската Духовна Мисија во Ерусалим.

За време на службата, покрај монахињите, парохјаните од Израелските храмови и поклониците, беа присутни и значителен број на православни палестински Арапи, службата во храмот се одвиваше на два јазици – руски и арапски. После Литургијата беше направена литија кон Мамврискиот даб, каде што беше отслужен краток молебен со читање на Евангелие.

Неколку илјадници год., наназад на ова историско место родоначалникот на еврејските и арапските народи и татко на сите верници, Авраам, го примил кај себе трите Ангели – самиот Бог на Кого Му се поклонуваме во Троица и Кој во длабока старост му дарувал син и од Него произвел многу големи народи.

Многу векови овој Мамвриски даб е почитуван како голема светиња и е чуван од верниците. Сега тој е моќен засушен скелет, што е запазен од паѓање со специјални метални потпирачи, но она што охрабрува е тоа дека покрај стеблото на овој легендарен даб се појавија млади фиданки.

Извор: Православие.ру

 178140.jpg

  178141.jpg

  178143.jpg

Извор: Бигорски манастир



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2858
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2665
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…