(Антониј, митрополит Сурожски)
Многу прашања се јавуваат кај луѓето, кога човек ќе се разболи од душевна болест. Што е тоа душевна болест? Ние знаеме, дека нашата психичка состојба, во голема мера зависи од она што се одвива физиолошки, од аспект на физиката, хемијата, во нашиот мозок и во нашиот нервен систем...
Заради тоа , не треба секоја психичка болест да му се припишува на злото, на гревот и на злите духови. Таквата болест, најчесто е предизвикана, повеќе од повреда на нервниот систем на човекот, отколку од демонски привиденија или некој грев, кој го одвоил човекот од секаква врска со Бога. И тогаш со право треба да настапи медицината, која може да направи навистина многу.
Се сеќавам на еден случај во Париз, каде живееше еден многу талентиран уметник – иконописец. Тој одненадеж се разболе и почна постепено да го губи разумот. Кај него се појавија халусцинации, неговиот внатрешен свет изгуби било какво чувство за реалност. Неговите блиски не му противречеа, со надеж дека ќе се смири. Но нему му стануваше се полошо, и тогаш ова благочестиво семејство и се обрати на Црквата. На нашиот млад иконописец му се прочитаа посебни молитви, го исповедаа, го попрскаа со света вода, го причестија, го помажаа со осветено масло, но тој се повеќе и повеќе се разболуваше. Јас во тоа време бев лекар и ми се обратија со прашањето што да прават?... Многу ми се налутија, кога им одговорив: “Оставете го сето тоа, он е болен, а не опседнат. Однесете го во болница, за да се примени на него лечење со електрошок“ (Тогаш, електрошокот беше единственото нешто, што знаеја да го направат во оваа област). Се сеќавам, како семејството и духовништвото се вознемирија: “Што? А што ако навистина се работи за опседнатост? Што знаеш ти за тоа?“ Одговорив: “Јас едно знам – ако е ова опседнатост, тогаш електрошокот на ниеден начин, нема да му наштети на нечестивиот дух и нема да му помогне на болниот, а ако е тоа едноставно болест, тогаш нашиот пријател ќе оздрави“. После една година тој оздраве. (Истовремено сакам да напоменам: свештеникот не може секогаш да биде професионален психијатар, но тој би требало да се заинтересира за тоа што се случува со луѓето околу него, за да има некаков опит за тоа како се манифестираат душевните болести. Кога душевно болниот човек е и верник, неговата душевна состојба фрла сенка на се, па и на неговиот живот во Црквата. Многу е важно, свештеникот да биде во состојба да разграничи и да каже: ова е – болест, а ова е – вистинско мистично искуство).
За време на боледувањето на уметникот, се случи нешто исклучително интересно. Тој “влезе“ во болестта како незрел иконописец, а “излезе“ од неа, како созреан, неговите икони постанаа поинакви, зрели, длабоки. И ние го поставивме пред себе прашањето: што би можело ова да биде? Како можеше ова да се случи?... Одговорот го пронајдов подоцна кај св.Јован Кронштатски. Он рекол, дека има души исклучително нежни, кои би можеле да бидат скршени од светот кој ги опкружува, и Бог спушта помеѓу таквите души и светот, завеса на безумие или некакво делумно оттуѓување и неразбирање, се додека таквата душа не созрее. Оваа душа може и да не созрее додека е на земјата, но таа ќе созрева во тишината на своето таканаречено безумие, одвоеност од светот кој ја опкружува, и ќе пристапи во вечноста зрела, созреана.
А кога се случува ова “покривало“да се симне, како што се случи со овој млад иконописец, одеднаш се гледа, дека позади ова покривало тој преживувал нешто што се одвивало само помеѓу него и Бог и во што не се мешала никаква човечка сила: и на крај тој постана зрел човек.
Во главното – единство, во спорното – слобода, во се – ЉУБОВ.
подготви: М.З.
Посети: {moshits}