логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Архимандрит Јован Крестјанкин


Многумина сметаат, дека да се живее според верата и да се исполнува волјата Божја е многу тешко. Но реално тоа е многу лесно. Потребно е само да обрнеме внимание на ситните нешта, на незначителните, и да се потрудиме да не грешиме во малите работи. Тоа е најлесниот и наједноставниот начин да навлеземе во духовниот свет и да се приближиме кон Бога. Обично човек смета, дека Творецот од него изискува значајни дела, потполно самооткажување, сецело уништување на неговата само-личност. Толку се плаши од вакви слични мисли, што дури му е страв да пристапи кон Бога, се крие од Него како Адам кога согреши, и не се осмелува да проникне во Словото Божјо. Си мисли:“Така или инаку не можам да направам ништо за Бога и за својата душа, подобро да стојам на страна од духовниот свет, да не мислам на вечниот живот, на Бога, да си живеам онака како што си знам.“
Vodocha.jpgВо почетокот на религиозниот живот постои некаква своевидна “хипноза од големите дела“ – “или ќе направам  нешто големо или ништо“. И не се прави ништо ниту за Бога, ниту за својата душа. Восхитувачки е, тоа што колку повеќе човекот е оддаден на едноставен начин на живот, толку повеќе се стреми да биде чесен, чист, верен на Бога и во најмалите нешта. А секој, кој што сака да се доближи до Царството Божјо, треба да се стреми да се здобие со правилен однос кон едноставните нешта.

“Да се приближи“ – тоа е тешкотијата на религиозниот пат. Обично човек присакува да влезе во Царството Божјо неочекувано дури и за самиот него, магиски, како чудо, или на некој начин веднаш, преку некој подвиг.
Но, ниту едното, ниту другото е вистинско откривање на духовниот свет. Човек не се доближува до Бога магиски – чудесно; останувајќи на земјата стран на стремежот кон Царството Божјо, не може да  ја откупи ризницата на Царството Божјо со некакви надворешни постапки. Делата се неопходни, за човекот да се привикне кон вишиот живот, кон светлата волја, кон доброљубие, кон праведното и чисто срце, кон нелицемерна љубов. Всушност, преку малите секојдневни постапки, сето тоа може неосетно да се вкорени во човекот. Малите добрини се толку потребни за човечката личност, колку што му е потребна водата на цвеќето. Половина чаша е доволна, за да се врати во живот. Кога човек е гладен или гладувал подолго време, не е потребно да изеде цела торба леб, за да се засити. На организмот му се доволни неколку кришки. Животот сам ни дава прекрасни примери за важноста на малите нешта. Сакам да ви обрнам особено внимание на малите и лесни за исполнување нешта, коишто истовремено се многу важни. “Кој ќе напои еден од овие мали само со чаша студена вода, зашто е ученик, вистина ви велам, никако нема да ја загуби својата награда” (Мат. 10:42). Од овие Господови зборови јасно се гледа од колкава важност се малите добри дела. Чаша вода – тоа воопшто не е многу. Во времето на Спасителот Палестина не била пустина, како што е денес, туку расцветана плодородна земја, затоа и чаша вода не билa којзнае колку вредно нешто, но не била без значење во времето кога луѓето претежно патувале пеш. Но, кога Господ говори за значењето на малите нешта, не се ограничува само на спомнување на чашата вода, туку додава дека таа треба да биде дадена “во име на ученик“. Ова е важен детал и треба да му се обрне особено внимание.

Најдобри се делата извршени во името на Христа, во името Господово. “Благословен е Оној Кој доаѓа – во секоја смисла – во името Господово“. Духот и името Христово им придаваат вечна вредност на најмалите нешта. И обичната човечка жртвена љубов, која е одблесок на Христовата, го прави значаен и драгоцен секој збор, секој гест, секоја солза, секоја насмевка, секој поглед. И ете, Господ вели, дека малото добро дело дури и да не е направено во Негово име, туку во името на Негов ученик, пак има огромна вредност во вечноста. “Во име на ученик“ – тоа е лимит на заедница со Неговиот Дух, Неговото дело, Неговиот живот...

Забележувате, дека многу често нашите постапки се егоистични, од корист. Господ ни обрнува внимание на тоа, кога ни советува да ги каниме во својот дом не оние, кои по правило и нас ќе не поканат на нивната трпеза, туку да ги поканиме луѓето, кои имаат потреба од помош, поткрепа, утеха. Нашите гостувања често се претвораат во расадник на егоизам, злословие и  суета. Сосема друго е добриот, другарски разговор, човечкото општење – тоа е благословено, тоа ја крепи душата, ја прави поистрајна во доброто и во вистината. Но световното, неискрено, лицемерно  општење е болест на човештвото и смртна закана за нашата цивилизација.

Во секое човечко општење, неизоставно треба да присуствува и добриот Христов дух, јавно или  сокриено. И тоа скриено присуство на Божјиот Дух во едноставните и убави човечки односи е таа атмосфера на “учеништво“, за која говори Господ. “Во име на ученик“ – тоа е првиот степен на општење меѓу луѓето во името на Самиот Господ Исус Христос...

Мнозина, макар што не Го познаваат Господ и прекрасното општење во Негово име, сепак прават разлика помеѓу своето бескорисно чисто човечко однесување и она кое ги приближува кон духот Христов. Многумина можат да стојат на тој степен на добрина, за која Господ говори како за “подавање на чаша вода“ само во името на ученик. Можеме да кажеме – сите. Добро е да ги примаме буквално овие Христови зборови и да се стремиме да му помагаме на секој човек. Ниту за миг, вакво или слично однесување нема да биде заборавено од Бога, како што “ниту едно врапче не е заборавено од Бога“ (Лука 12,6). Ако луѓето се мудри, тие ќе се стремат кон малото и лесно исполнителното и преку него ќе се здобијат со вечно живеалиште. Великото во спасението на луѓето е во тоа, што тие ќе можат да се се прикалемат кон стеблото на вечното дрво на животот и преку најмалото гранче – добрата постапка.

Кон дивата јаболка не е потребно да се накалеми цело стебло , за да се облагороди. Доволно е да се земе мал калем и да се прикрепи кон еден од веќе постоечките на дивото дрво. Така и, за да се замеси голема количина тесто, не е потребен цел калап “маја“. Доволно е сосема малку, за да нарасне целото тесто. Истото е и со доброто: и најмалиот гест може да биде од огромно значење. Затоа, не треба да се занемарува малата добрина и да се тврди: “не можам да го направам светот подобар, затоа нема ни да се трудам“.

Фактот, дека и најмалиот гест е полезен за човекот, неоспорно докажува дека и најмалото зло е во состојба,  многу да ни наштети. Ако на пример во окото ни влезе прашина – тоа око ништо не гледа, додека гледањето на другото око во тие моменти е отежнато. Малото зло, ако влезе во душата како малата прашинка во окото, веднаш го изведува човекот од потокот на животот. Да извадиш прашинка од телесното или душевното око е мала работа, но е многу неопходна.

Навистина малите добрини му се попотребни на светот отколку великите дела. Луѓето можат без големото, но без малото – не. Човештвото нема да загине од недостиг  на големи дела, туку од недостиг на мали добрини. Великото дело е само покрив, а ѕидовите се градат од тулите на малите добрини.

И така, Творецот му дал на човекот да врши мали, но толку неопходни добрини, а великите ги оставил за Себеси. И преку оној, кој  прави мали добрини, Самиот Господ твори велики. Нашето “мало“ Самиот Творец го прави големо, зашто нашиот Господ, ако се’ создал од ништо, тогаш колку ли  повеќе од малото може да создаде нешто големо. И најмалото движење нагоре е од полза. Секоја добрина, и најништожната, е дело против човечкиот застој (стагнација). За тој застој Спасителот говори во една сосема кратка приказна: “ Никој, откако ќе пие старо вино, нема да посака веднаш ново; туку вели: старото е подобро“.

Секој човек е приврзан кон вообичаеното, и кон она на кое е привикнат. Ако човек се привикнал на злото, го смета за нешто нормално, за природна состојба, а доброто му изгледа некако неприродно, нешто кое ограничува и не е подобно за него. Додека, ако човек привикнал на доброто, тој веќе го извршува не зашто така треба, туку зашто неможе а да не го прави, така како што човекот не може  да не дише, а птицата – да не лета.

Добриот човек најнапред се укрепува и утешува самиот себе. И тоа воопшто не е егоистично, како што тврдат некои; тоа е природен резултат од правење добро без да се има корист за себе, кое носи виша духовна радост на секој  кој го извршува. Вистинската добрина секогаш длабоко и чисто го утешува оној, кој ја соединува својата душа со него. Та може ли да не се радуваш, кога излегуваш од мрачното подземје кон Сонцето и кон благоухани цветни полиња! Не е добро да се обвинува човекот: “Ти си егоист, ти чувствуваш задоволство од твојата добрина“. Не, тоа е единствената неегоистична радост – радоста од доброто, радоста на Царството Божјо. И во таа радост, човек ќе се спаси од злото и ќе живее вечно во Бога.

За човекот, кој не вкусил задоволство од направеното добро, тоа му се чини како никому непотребна мака...

Има една состојба на лажен мир, од која човек многу тешко може да излезе. Како што за детето е многу тешко да излезе од утробата на мајката, така и за егоистот, зафатен со своите бедни чувства и мисли, насочени единствено кон стремежот да извлече некаква корист за себеси, е неостварливо да пројави искрена загриженост за друг, потполно непознат за него човек. Ваквото убедување, дека старата, позната и вообичаена состојба секогаш  треба да се претпочита пред новото, неизвесното, е присутно кај секој непросветлен од верата човек. Само оние, кои започнале да растат духовно, кои стапиле на патот на сремежот и жедта за Христовата правда и духовна сиромаштија, престануваат да жалат за својот конфор. Човек тешко се откажува од навиката. На тој начин веројатно се штити од нападите на злото. Нозете, добро заглибени во кал, можеби не му дозволуваат да се фрли во бездната со главата надолу, но и му пречат да се искачи на планината на преображението, или барем да излезе на цврста земја и да го послуша Словото Божјо.

Преку малите, лесни, најлесно исполниви добрини, човекот се привикнува на доброто и започнува да му служи не на сила, туку од срце, искрено и така се повеќе и повеќе навлегува во атмосферата на доброто, ги пушта корените на својот живот во новата почва. Корените на човечкиот живот лесно се приспособуваат кон таа почва и многу скоро, повеќе не можат да живеат без неа...Ете, така човек се спасува: од малото произлегува големо. “Верниот во малото“ се покажува верен и во големото.

Ете зошто го величам не доброто, туку неговата незначителност, неговата “малост“. И не само, што не ве прекорувам дека се занимавате со ситни нешта и не сте способни за голема саможртва, туку напротив, ве молам: не мислете на големи саможртви и во никој случај не ги занемарувајте малите нешта. Ве молам, ако сакате реагирајте со особена жестина во одредени случаи , но не гневете се “на братот свој без причина“ (Мат. 5,22).
Кога е неопходно, измисувајте какви што ќе ви паднат на ум лаги, но во секојдневното општење во животот, не говорете невистини. Можеби тоа не е којзнае што, но обидете се да го направите, и ќе видите како ќе ви се врати.

Оставете ги настрана расудувањата за тоа, дали е правилно или не, да се убиваат милиони луѓе – жени, деца, старци; обидете се да го пројавите своето добронамерно чувство во малото; не убивајте ја личноста на својот ближен ниту со збор, ниту со сугестија, ниту со гест.
Да се воздржиш од зло, исто така е добро. И така, во малото, во лесното, незабележано и неосетно ќе направиш многу.

Тешко е да застанеш навечер на молитва. Но наутро, ако не успеете дома, додека патувате кон работа и мислата ви е слободна, можете да си ја кажете напамет “Отче наш“, и секој збор од таа кратка молитва, нека одекне во вашето срце. А навечер, кога ќе се прекрстите, со целото свое срце предајте се во рацете на Небесниот Отец... Тоа е сосема лесно...

И подавајте, подавајте му вода на секој којшто е жеден, подавајте чаша наполнета со сочувствување, на секој човек кој има потреба од неа. Од таа вода течат цели реки, не плашете се, нема да осиромашите, раздавајте на секого по една чаша од неа.

Мали дела, ве воспевам во химни. Луѓе, заштитувајте се со мали дела, опашете се со малите, едноставни, лесни, добри чувства, мисли, зборови и дела, кои ништо не ве чинат. Да го оставиме големото и тешкото, тоа е за оние кои го сакаат, а за нас, кои сеуште не сме го познале големото, Господ по Својата  милост обилно ја излеал, подобно на водата и воздухот - малата љубов. 

Подготви  М.З.

 Друго:

Писма од Архимандрит Јован (Крестјанкин)

 

Посети:{moshits}



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7623
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

25/11/2024 - понеделник

Свети Јован Милостив; Светиот пророк Ахија; Преподобен Нил Синајски; Преподобен Нил Мироточив;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная