логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 7.Vselenski.sobor

 

Прашање:

Дали Бог може да направи толку голем камен да и Самиот не може да го подигне?

 

Одговор:


Прашањето поставено на ваков начин не доведува до тоа, од физички аспект да помислиме дека некој би направил нешто или би создал нешто, но потоа со истото тоа нешто, он да не може да се справи.

Бесмислата повторно ни се покажува ако земеме дека човекот гради или подигниува една висококатница, на пример од десет ката, за потоа да му кажеме ајде сега, подигни ја со двете раце. Апсурдноста на ваквите прашања не предизвикува смеа, туку тага на оние коишто знаат, во однос на оние коишто не знаат. Ние го поимаме Бога единствено од христијански аспект и Он никогаш не е предмет на наше физичко разгледување, туку внатрешно чувство кое во себе содржи вера, надеж и љубов од коишто љубовта е најголема, така да Бог во својата суштина е Љубов, и кога христијанинот тврди дека има вера во Бога, он сака да каже дека верува во Љубовта и се труди да го избегнува злото, така што во своите дела или личносни односи со другите луѓе он неминовно и постојано се труди да го воведува љубовното делување, љубовното поимање, а особено простувањето како начин со кој ги дочекува сите предизвици во животот, за да може што и да се случи, особено ако е во негативна смисла, да може да прости и да продолжи во собирање  на вистинските животни вредности.

Инаку Бог не создава камења, туку живи битија коишто имаат свест, а тоа се луѓето и битија кои се бесловесни но имаат топлина и љубов, а тоа се животните, останатите се растенија кои имаат топлина, и така е воспоставен на тој начин ланецот на општење во целокупната создадена природа чија круна е човекот. Каменот голем или мал, најтежок е на местото нa коешто лежи. Господ ги подигнува најголемите камења и тие се толку големи така што човечкиот ум никогаш не може да ја замисли нивната големина, бидејќи, ајде вие професоре, кажете колкав е каменот на болката која се доживува при одреден неуспех во животот, или каменот на тагата во живот кога ќе ја изгубите најмилата особа, или не дај Боже каменот кој би ве потиснал ако паднете во потполно очајание ?

Но, не се обеспокојувајте, постои Господ, и ако со вера се обратите кон Него, Он камењата коишто човекот ги содздава а големината не може да им ја измери, ако се приближи кон Љубовта, Он не само што ги поместува туку, ха, прави да исчезнат.

7.Vselenski.sobor

Слепченски Претеченски манастир

https://www.manastirslepche.mk/article/dali-bog-moze-da-napravi-tolku-golem-kamen-da-i-samiot-ne-moze-da-go-podigni-1

 2ри декември  2019 лето Господово

 

 

 

Друго:

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1511
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1900
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1688
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…