логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


ПРЕПОДОБЕН  ЈУСТИН ЌЕЛИСКИ
НОВОЗАВЕТНО УЧЕЊЕ ЗА ЉУБОВТА

 
 Новозаветното учење  за  љубовта,  најкратко вака може да се дефинира:
  Новозаветното учење за љубовта се исцрпува  со Личноста на Богочовекот Христос.  На прво место Новиот Завет  е нова личност, ново дело.
Со појавата на Богочовекот Христос во  светот се појавила новата  љубов, суштествено нова .
Актот на  овоплотувањето Христово, најкратко ја синтезира љубовта Божја спрема светот. Не може да се рече дека Христос постана љубов.
Тој од вечноста беше љубов и  тоа останува. Љубовта не е акцидент, не е атрибут на Божество, туку суштина на Боженството.

Да, Христос да се љуби значи - да се биде ,
да се постои.
Христос е љубов.
Тоа Го докажа со своето воплотување, страдањето и воскресението.  Говорејќи за љубовта  Он само ја расчленуваше Својата Личност. Љубовта која што Христос ја откри и Му ја подари на светот, има исклучиво Богочовечки карактер.

Во љубовта се најважни две работи: Бог и човекот.
 Прво, Бог па потоа човекот.
Човекот неминовно се формира спрема Бога .

Првата заповед  е:
„Возљуби  Го Господа, Твојот Бог, со сето свое срце, со сета своја сила, со сите свои помисли,
а другата  е како и ова:
 Возљуби го својот ближен како себе си“.
 (Мт.22, 37-40; Мк.12, 30-31; Лк.10,27-28).


 Првата заповед ја пренесува во природата на Божественото целокупната личност на човекот, целиот ум, целата душа, целата сила негова.   Со исполнувањето на првата заповед   човекот постанува учесник во Божјата природа
(2Петр. 1,4). 
Во човекот постепено се извршува процесот  на обожување на душата , на срцето, на умот, и на целокупната негова личност. Преживувајќи ја првата заповед, живеејќи во Бога, (човекот) се очистува себе си од гревовите;  го отстранува она  што го дели срцето од умот, и умот од душата и љубовта ги соедунува до едносуштност.
Тогаш, престанува  секоја разделеност на царството на човечката природа; престанува војната меѓу помеѓу умот и срцето, и срцето и волјата. Љубовта Божја со врската на совршенството го поврзува се она што е човечко и Божјо. Тука престанува секое непријателство спрема Бога. Од првата заповед, истекува, втората заповед.

Само човекот кој што е целиот обожен едносуштен  со љубовта Божја, може вистински да го љуби ближниот свој. Човекот, кој што љубовта Божја  ја  доживува како суштина на своето срце, на својата душа, на својот ум, на  сета своја личност, добива можност,
 ближниот свој да го љуби со Бога, од Бога и во Бога.

Секоја љубов која што не исходи од бесмртниот Бог, од вечниот Бог - смртна е,
човечка е, без корен е.
Втората заповед е невозможна без првата. Целокупната животворна сила , втората заповед ја црпи од првата. Само во таа сепредаденост на Бога , човекот се осознава себе си,  доаѓа до себе си, се пронаоѓа себе  си во себе.
Само чинејќи го тоа, човекот живее  и секој ближен , жив е за него: во секој ближен тој го пронаоѓа  образот (ликот)  Божји, тоа вечно живо во човекот, тоа вечно Божјо. Зашто, Спасителот рече:
„Тоа прави го и ќе бидеш жив“ (Лк. 10,28).

Само во Бога и низ Бога  човекот може да се љуби себе си  со несебична љубов. Единствено во тој случај,  љубовта не е - егоизам. Тогаш, спознавајќи се себе си, својата Боголика суштина, човекот ја љуби неа, зашто  гледа дека тоа е единствениот корен преку кој тој завлегува   во вечниот Бог, во Божјата природа.
И  тоа, самиот себе го  открива во ближниот свој
и го љуби неговото  себе , според себе: 
зашто за него  тоа  е вечно и севредносно,  дури  и ако  не е за неговиот ближен, кој не дошол до спознавање на себе  си до Бога и низ Богопознание во љубовта.

Само таквата Богочовечка љубов не престанува , непролазна и вечна е.
Спасителот рекол: 
„ и бидејќи безаконијата ќе се умножат , кај мнозина љубовта ќе олади (Мт. 24, 12).
Тоа Спасителот го рекол, кога говореше за апоколиптичните ужаси низ кои ќе проаѓаат Неговите следбеници.

Само љубовта која е длабоко вкоренета во Божествената  природа, ја има сета своја сила во Бога;  со силата Божја таа се држи и трае. Се во неа е од Бога и се бива  по Бога и сите безаконија не можат да ја изладат и да ја намалат, зашто таа гледа и знае дека коренот на сите безаконија е богот  на омразата. - ѓаволот, којшто во суштина  е ништо, зашто - омраза е,  а речено е:
„Бог е љубов и љубовта никогаш не престанува.“

  И само таа љубов не очајува, не се плаши од вратите адски.  А многумина , чија што љубов  не е вкоренета во Бога, го доживуваат тоа  што, безаконието , кое  е откорнување на човекот од коренот. т.е. од законот Божји,  да ги олади и фрли во очај. Љубовта е Божји закон, а омразата е безаконие, безбожје.

Спасителот е олицетворение, апсолутно  олицетворение на Богочовечката љубов. Спасителот постана човек и со тоа  ја покажа Божјата љубов спрема гревољубивиот и грeвовното човештво, зашто да се биде грвовољубив во  самата  суштина значи да се биде  непријател на Бога , а пријател на ѓаволот.
 Говорејќи: „Љубете ги непријателите свои“ (Мт.5.44: Лк.6,24),  Спасителот го преведуваше во зборови она  што веќе го имаше во животот; и во делото и во Личноста Своја.  Давајќи ја оваа заповед за љубовта кон непријателите,  Спасителот во основа го промени не само поимот за љубовта, туку и суштината на љубовта.
Богочовечката љубов нема граница , зашто
„ ако ги љубите оние кои што вас ве љубат, каква ќе ви биде наградата“, вели Спаителот (Мт. 5,46).  Љубовта е скалило кон се она  што е совршено, што е Божјо.

Во новозаветната љубов, Спасителот не допушта релативност. Нејзината цел е човекот да го направи совршен, како што е и Бог совршен, зашто речено е:
 Но, бидете совршени, како што е совршен вашиот Отец Небесни“
(Мт.5,48).

Љубовта е знакот спрема кој може да се познае дека човекот припаѓа на Бога.
 А омразата е знак дека човекот му припаѓа на ѓаволот и на неговите кумири (идолите).
„Никој не може да служи на двајца господари. Не може да се служи на Бога и на Мамона“ (Мт.6,24).
А тоа значи: Христијанството не допушта златна средина, компромис помеѓу омразата и љубовта, компромис меѓу доброто и злото. Затоа е потребна подвижничка одлука за служба во Бога.  А да се љуби со Христовата љубов и значи  да се служи на Бога без резерва.

 Љубовта не трпи грев. Христос е воплотување на апсолутна , совршена љубов, затоа во Него нема грев, затоа е Он безгрешен. Љубовта го изгонува  гревот,  го одалечува гревот.
 Љубовта испраќа , отпушта,   го опростува гревот, зашто Безгрешниот Спасител рекол:
 И се опростуваат гревовите (кои се) многу, зашто возљуби многу, а кому  малку се простува , малку љубов има“
(Мр. 7,47). 
Затоа што Христос најмногу љубеше , најмногу и на човештвото му прости.
Кој многу љуби, многу и простува. Малку да се љуби, значи да се трпат гревовите во себе, Човекот кој што се љуби себе си со Бога и во Бога , не може да ги вознесе и гревовите свои во Божјата природа.  Затоа што е во Бога , таквиот човек љуби многу, се очистил од гревовите, од нељубовта, од омразата која оделува од Бога , која привлекува кон себе.

Љубовта е онаа центрипетална  сила, која што, она што е вечно во човекот го влече кон Бога, го  вознесува,  го праќа, го одвлекува кон  Бога , а го двои од небога - од гревовите.
Љубовта го одделува  човекот од гревовите, ги двои гревовите од грешникот, ; никогаш не го идентификува гревот  со човекот по себе. 
Што поголрма љубов кон Христа, толку помала  спрема гревот, толку поголема омраза спрема гревот.

 

Љубовтта е чистилиштето од гревовите. Најбитниот карактер на Богочовечката љубов е овоплотението.  Љубота е причина за Христовото воплотување:
„Зашто Бог толку го возљуби светот, што го даде својот Единороден Син, та секој што верува во Него да не погине, но да има живот вечен“ (Јн.3,16).

Само совршената љубов може да  го даде и да го предаде Единородниот. Само љубовта е способна да се овоплотува , да се дава себе си на другите, останувајќи со себе, само зголемена  со животот на другите.
Во Христова смисла да се љуби,  значи да се биде овоплотен во  љубениот, оедносуштвувајќи се  со љубениот; да се изгуби  за себе  душата своја за другите, за да  ја најде  оживеана  за вечниот живот. Христос од љубов постана единосуштен со човекот и со тоа еднаш за секогаш ја дал содржината и методот на христијанската љубов.

Светлината  е еманација на љубовтта; љубовта зрачи  со светлина која  ги осветлува сите зла и сите добра во вселената, која ја открива темнината на делата зли, со која се обвиткуваат злотворите “
(Јн, 3, 19).
„А овој суд е за тоа што светлината дојде  на светот, но на луѓето им омиле повеќе мракот отколку светлината, оти нивните дела беа лоши“.

Едонородниот  Син е љубов и живот вечен и светлина,
а злото е омраза и темница и смрт.
Главната карактеристика на Новозаветната љубов е: жртвеност, апсолутно себедавање  на љубениот. 
„Зашто Отецот Го љуби Својот Син и се му да де во раката Негова“
(Јн. 3,35). 
Оттука, да се љуби, значи  да се излезе од себе и да се премине в другиот, да се предаде себе  на другиот.  Бог е љубов и тоа апсолутна љубов  со тоа што не се ограничува Себе си, туку таа љубов на тварта ја пренесува.  Да се нема во себе љубов  Божја , значи да се нема во себе знаење за Бога.

 Богоспознанието доаѓа преку, Богољубието. Спасителот им вели на Евреите :
„Но ве разбрав дека во себе љубов Божја немате“  (Јн.5, 42).
 „ Ни не сакате да дојдете при мене, за да  имате живот“ (Јн.5,40).

(Продолжува)

 Превод М. Даниловска - Мина

 

 Преподобен Јустин Ќелиски (II дел)

Извор: http://www.svetosavlje.org/biblioteka/Knjige/AvvaJustin/NovozavetnoUcenjeLjubav.htm

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная