логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ 

Тропар на светите Христови маченици
Лаврентиј архиѓакон,
папа Сикст и двајца ѓакони
10 август / 23 август


Пастиру Христов Сиксте, служителе на Бога Живиот,
семето посадено добро го негуваше,
пример давајќи на ѓаконите од службата жива не отстапи,
од Жртвата непорочна.
Маченички пострада и Лаврентиј го ободри,
како лоза плодовита да се издигне над лагите од овој свет,
над мамките демонски,
сега непрестајно пред Христа молете се,
на Небесна литургија и ние да пристигнеме,
за прошка на гревовите и живот вечен.

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на светите Христови
шест маченици
од Визија (Либија)
10 август / 23 август

Маки надумни поднесувајќи во тело,
како без тело вера сочувавте,
о, свети шест Христови маченици,
и душите за верата положувајќи ги,
стигнавте во Небесните живеалишта,
од каде сега молете се за наше спасение.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче




Тропар на преподобниот блажен
заради Христа јуродив
Лаврентиј Калужски
10 август / 23 август

Денес се поклонуваме на силата која Господ ти ја подари,
о, Лаврентие угодниче Христов.
Достигнувајќи го врвот на монашкото смирение,
мноштво чудеса преку тебе Спасителот сотвори,
по твоите свети молитви, заради љубовта кон родот човечки.
Моли се мудрецу од вечноста.

 

 

Извор МПЦ – ОА

Манастир Св. Јован Претеча Слепче

Од Верскиот календар на МПЦ (23.08.2020)

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на апокалиптик (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2020 лето Господово

 Од Верскиот календар:

 

sv.Lavrentij.Rimski.jpg

Светите маченици: архиѓаконот Лаврентиј, папата Сикст и другите со нив

Кога загина папата Стефан (2 август), на негово место беше поставен Свети Сикст, којшто беше роден како атињанин, најпрво беше философ, а потоа го прими христијанството. Во тоа време римските епископи гинеа еден по друг, така што да се стане епископ во Рим значеше да се биде предаден на смрт.

 Царот Декиј беше решен да го уништи христијанството и папата Сикст набрзо беше изведен на суд заедно со неговите двајца ѓакони Феликисим и Агапит. Кога ги поведоа во затвор, архиѓаконот Лаврентиј му рече на папата: „Каде одиш, отец, без синот? Каде архиереју без својот ѓакон?“ Папата го утеши прорекувајќи му дека тој и уште поголеми маки ќе претрпи заради Христа наскоро и ќе појде по него. И навистина, штом го заклаа Сикст и оние негови двајца ѓакони, беше фатен и Лаврентиј. Претходно тој ги уреди сите свои и црковни работи. Како црковен ризничар и економ, сите црковни скапоцености ги пренесе во домот на некоја вдовица Киријакија. Во таа прилика ја исцели Киријакија од некоја тешка главоболка со допирот на раката, а на слепецот Крискент му го врати видот. И кога го фрлија во затвор, го исцели од слепило тамошниот долгогодишен затвореник Лукилиј и потоа го крсти. Кога го виде тоа се крсти и затворскиот стражар Иполит, којшто потоа и самиот пострада за Христа (13 август). Бидејќи Лаврентиј не сакаше да се одрече од Христа, туку уште и го советуваше царот Декиј тој да се откаже од лажните богови, по лицето го тепаа со камења, а по телото со скорпион, еден вид синџир со остри запци. Некој војник Роман, присутен на мачењето, поверува во Христа и беше веднаш убиен за тоа. Најпосле Лаврентиј го положија гол во железна леса и наложија оган. Кога се печеше на огнот Му благодареше на Бога и го исмеваше царот за неговото незнабоштво. Откако ја предаде неговата чиста и храбра душа на Бога, Иполит тајно го зеде неговото тело ноќе и најпрво го однесе во домот на Киријакија, а потоа во една пештера, каде што чесно го погреба. Свети Лаврентиј и останатите пострадаа во 258 година.

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 3175
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2502
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Беседи

Жарко Ѓоргиевски: ЕВАНГЕЛИЕ ЗА ЗЕМНИТЕ ГРИЖИ

Жарко Ѓоргиевски: ЕВАНГЕЛИЕ ЗА ЗЕМНИТЕ ГРИЖИ

  Господ Исус Христос донел со Себе и претставил пред луѓето безбројни и незамисливи богатства небесни и ги поканил сите да земаат без мерка, јавно и слободно, но само под...

Митрополит Струмички Наум: Кој се допре до Мене? (04.12.2021)

Митрополит Струмички Наум: Кој се допре до Мене? (04.12.2021)

  На првиот степен од духовниот раст вистинско допирање до Христос е очистувањето на срцето од страстите преку исполнувањето на Неговите заповеди, во рамките на целосрдечното послушание. На вториот степен...

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората...

Митрополит Струмички Наум: Свињарски идентитет (27.11.2021)

Митрополит Струмички Наум: Свињарски идентитет (27.11.2021)

Зошто не Го примаме Богочовекот Христос? Поради задоволувањето на нашите страсти, кои ни станале поважни од Него. Примерот со луѓето од земјата Гадаринска ни покажува дека ним им беа многу...

 БEСEДА  за тoа какo ангeлитe вoјуваат за правeдницитe

БEСEДА за тoа какo ангeлитe вoјуваат за правeдницитe

Ангeл Гoспoдoв ќe вoјува за oниe кoи сe бoјат oд Бoга. Тoа сe пoкажалo јаснo мнoгупати, штo e запишанo, и бeзбрoј пати штo нe e запишанo. Архангeлoт Михаил гo oдбранил...

Митрополит Струмички Наум:   Жената Хананејка (16.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Жената Хананејка (16.10.2021)

 Послушанието не е лесен подвиг и не е без искушенија. Затоа, до добивањето на дарот на умно-срдечната молитва тоа е аскетски подвиг, подвиг на кој се принудуваме. Духовниот отец може...

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Та Христос не воскресна само во Ерусалим, та Христос не воскресна само во храмовите. Христос воскресна за сите, за секој и секаде. Христос воскреснува во срцето на секој еден од...

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Значи, наместо судење и осудување и самооправдување, Христос ни го покажува патот на самоукорување и самоосудување, патот напуштен од речиси сите денес; патот на смирението.Прашање е дали воопшто и можеме...

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Денешното апостолско четиво (Гал. 6, 3) ме потсети на малиот број „христијани“, кои поради својата внатрешна душевна расцепеност и меѓусебната поврзаност по таа основа, се однесуваат како отцепени, не само...

« »