логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Stefan.V.CHetvtok.jpg

Духовниот живот

 Оди во сеќавање на Бога и смртта... Чувај дух скрушен, срце сокрушено и смирено... Биди послушен, сакај ќутење... немој залудно да губиш време.
 Духовната борба...Борба која води кон тоа секогаш да се живее во длабок мир – и со Бога, и со луѓето и со самите себе.
 Во секоја душевна слабост треба истиот час со молтва да се обратиме на Господа, барајќи од него исцеление. Потоа, употребувајќи средства кои зависат од вас и од вашите напори, очекувајте помош одозгора, па Господ во свое време ќе испрати мир и ќе исцели.
 Освен... немилосрдноста кон себеси, многу важни духовни подтици се стоење со вниманието во присуството Божјо и непрестајното очекување на смртта – еве ја, тука е.
 Да се почне одново – тоа е закон на духовниот живот. Секој ден треба да се смета за прв ден живот во стравот Божји, а сè што претходно се случило треба да се заборава, освен гревовите, за кои секогаш треба да се каеме.
 Духовниот живот не подлежи безусловно на влијанијата на надворешните околности и може да цвета на секое место и во сите околности, зашто тој е сиот во внатрешно устројство и не ја наведнува главата пред надворешното, туку напротив, владее над него и го насочува.
 Ако можете, скривајте ги колку што е можно делата на својот духовен живот и ни со погледи, не во разговори, ниту на друг начин не покажувајте, туку постапувајте едноставно... само избегнувајте напразни разговори.
 Секогаш во себе држете страв Божји и побожност пред Неговата неопислива возвишеност, и со тоа срце скрушено и смирено. Чувајте тврда вера и нескршлива надеж. Смирувајте се пред сите и за другите сметајте дека се над вас. Засакајте го ќутењето и осамувајте се колку што е можно да би биле во единство со Господа.Тогаш Тој Самиот за вас ќе стане Раководител и Учител, и други такви лица веќе нема да ви се потребни.
 ... Внатрешното дело е непроценливо и нему ништо не треба да му биде претпоставено.
 Колку погрешно се чувствувате, толку вашиот пат ќе биде посиправен. Но треба да се трудите чувствотот на сопствената грешност некако природно да произлегува од душата, а не да биде наметнат однадвор со своето размислување или со зборови од страна.
 ... Вие имате силна желба да се исправите во сè, и во мало и во големо. Нека Господ ја сочува таа ревност во вас. Таа е корен и извор на целокупниот духовен живот. Избегнувајте самонадевање и надеж во човек. Сета своја тага положете ја на Господа, од сето срце. И Оној,Кој ништо така не сака како спасението на душата, ќе ве вразуми, ќе ве поучи и ќе ви даде сила да ги следите неговите подтици. Молитвата е – здив на духовниот живот, како што и сами гледате. Тука нема што да се зборува: молете се поусрдно. Непрестано молете се: Господ е близу, Неговата помош е близу, ќе стигне во секој момент.
 За внатрешен (духовен) живот поволни надворешни услови се корисни, но не се безусловно неопходни.
 Возвишени молитвени состојби стануваат само како Божји посети.
 Секогаш треба да се има на ум и да се чувствува дека успехот во духовниот живот и во сите негови пројави е плод на благодатта Божја. Духовниот живот е сиот од Пресветиот Дух Божји. Ние имаме и свој дух, но тој е слаб. Тој добива сила кога ќе го осени благодатта.
 Грижете се за тоа сè да оди од срце. А за надворешните положби не размислувајте.
 Главно е – да се застане во срцето пред Бога и неодстапно така да се стои. Кога тоа постои, тогаш сè друго ќе дојде само по себе. Меѓу духовните промени во срцето најдобра е тежнеењето внатре... заради пребивање со Господа. Тогаш сè надворешно се повлекува: останува Бог во душата и душата во Бога...
 ... Смртта не го пресекува текот на духовниот живот.
 На јазикот нека биде молитвата Исусова, во умот гледањето на Господа пред себеси, во срцето – жедта за Бога или жедта за општењето со Господа. Кога сè ова ќе постои, Господ гледаќји како се приморувате, ќе ви го даде тоа што го барате.
 Што се однесува на земањето на храната – хранете се малку поскудно, а исто така одземете нешто и од сонот. Што точно, тоа сами видете. Не треба да се врзувате себеси, туку да делувате слободно, некогаш вака, а некогаш поинаку; едно имајте во предвид – немојте да угодувате на телотоо и отфрлете секое самоугодување. И да спиеме или бдееме можеме на разни начини, имајќи една мера: да не се паѓа во тврд сон.
 Што е тоа победоносна мисла? Кога некој Му се обраќа на Бога, тогаш настанува борба – самољубието и светот од една страна, а вистините Божји од друга. Човекот ги разгледува тие вистини, совладувајќи ги егоизмот и светот, но нема секоја од тие вистини еднакво дејство на сите луѓе: на еден повеќе делува една, на друг друга. Но меѓу нив за секого постои таква, која штом ќе успее до свеста, истиот час го привлакува човекот на страната Божја. Таа вистина во првата борба донесува победа, а и во поединечните борби исто така ги прогонува непријателите.
 Кога кај некого владее духовноста, тогаш тој нема да згреши, дури и  ако е тоа негова единствена карактеристика и расположение , како прво: затоа што духовноста е норма на човечкиот живот и затоа што, соодветно со тоа, станувајќи духовен тој е вистински човек, а како душевен и телесен тоа не е; а како второ: затоа што ма колку некој и да бил духовен, тој не може да не им пружи на душевноста и телесноста она што им е потребно, само премногу да не ги попушта и да ги држи во потчинетост на духот. Иако неговата душевност не е преширока (во научни сфаќања, уметности и други дела) и иако телесноста е силно притеснета – тој е сепак потполн човек. А душевниот човек (оној кој многу знае, уметник, работник), и со тоа повеќе телесен – не е вистински човек, колку и прекрасен да изгледа однадвор. Тој е безглав. Одтаму обичниот човек кој се бои од Бога, е над високо образованиот и интелегентен човек кој меѓу своите цели и стремежи нема угодување на Бога.
 За самоиспитувањето молитвата представува духовен барометар. Барометарот одредува колку е тежок или лесен воздухот; и молитвата покажува колку е високо-ладен или ниско-ладен нашиот дух во своето обраќање на Бога. Молете се како што сте почнале. Почесто преку денот застанувајте пред своите икони и направете секој  ден по неколку поклони – појасни и земни. Да се падне на колена и да се прават поклони е уште подобро, зашто никој не гледа освен Господа. Молитвите наутро и навечер – по ред. Во тие саати потребно е уште повеќе – онака, како што ви е одредено; а кај ова поединечно поклонување на Господа – помалку; не онака како што обично се запознаваме при средба, да климнеме со глава и тоа е сè. Во другото, усрдноста на сè ќе ве научи, затоа распламтувајте ја што повеќе.
 Но никогаш не заборавајте дека суштината на молитвата и вознесување на умот и срцето кон Бога, зашто Бог е секаде присутен. И светиот Пророк ја учел душата своја: Благословувај го душо моја Господа, на секое место на Неговото владеење! На тоа најмногу може да допринесе, како што веќе сум напишал, сеќавањето на Бога, а вие сте додале уште подобро: љубовта кон Бога. Нека Господ ве благослови на тоа – на исклучителна љубов кон Господа. Но и за љубовта кон Господа патот е сеќавање на Него со вдлабочување на мислите во Неговите Божествени својства и дејства. На сеќавање на Бога треба да се научиме себеси, а средство за тоа е, како што пишував, кратката молитва која непрестајно се повторува во мислите: Господи, помилуј! Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме грешната! Вие значи сте почнале со неа; продолжете така – кога седите, одите, работите нешто или зборувате, во секој случај и во секоја ситуација, секогаш имајте на ум дека Господ е близу и од срце да Му се обраќате: Господи, помилуј!
 Промените во духот представуваат наш заеднички дел. Треба да се трпи, предавајќи ја својата судбина во рацете Божји. За едно треба да се грижиме – секогаш да се биде со Господа. Во секоја ситуација обраќајте Му се директно Нему. Нему откривајте Му ги тегобите на својата душа и молете се да ве избави ако сака.
 Радостите и утехите не се конечни сведоштва за доброто расположение. Главна е одлучноста и ревноста да се угодува на Бога, духот скрушен и срцето скрушено и смирено, и предавањето на себеси на волјата Божја. Кога ова постои – добро е.
 Конечен плод е образување на чувства кон Бога, кое е нераскинливо со непрестаната молитва или е едно и исто со неа. Тука станува жив сојуз со Бога – што представува цел на духовниот живот.
 Главно е да се оди пред Бога или под окото Божјо со свеста дека Бог ве набљудува, дела ја набљудува вашата душа, вашето срце и дека сè таму гледа... Таа свест е најсилен двигател на внатрешниот духовен живот.

 

(AdamiEva.jpgПродолжува)

Подготви: З. Д.

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3224
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7717
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная