логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Stefan.V.CHetvtok.jpg

Покајанието

 Сè валкано се очистува со одвраќање од него и со спротивставување кое е непоштедно кон себеси, со вера, надеж и љубов кон Господа. Овие расположенија стануваат толку силни, што во еден момент очистуваат сè. Така било и со разбојникот на крстот.
 Колку и да имало гревови и колку и да биле големи, Господ сè ќе му опрости на оној кој се кае и кој искрено одлучил дека повеќе нема да си попушта на себеси, туку напротив, дека ќе стои во доброто, дури за тоа и да му се заканувала смрт. Ако таква надеж на Спасителот недостасува, треба да Му се молите и он ќе ја даде... Кој искрено се покајал и преку духовниот отец во Светата Тајна добил разрешување од Господа... а потоа на дело отишол по добар пат и оди по него, на таквиот Господ гледа со благонаклонетост, не сеќавајќи се на неговата поранешна грешност.
 Разрешувањето во Светата Тајна  покајание е вистинско разрешување, кој и да ја извршува. Зашто исповедта ја слуша Самиот Господ преку ушите на духовниот отец и разрешува исто така Тој преку усните на духовникот...
 Ракописот на сите гревови на сите луѓе, Господ Спасителот на Своето Тело го вознел на Крстот и таму го искинал. Применувањето на ова дело на безграничното милосрдие Божјо на секој поединец се извршува и остварува во Светата Тајна покајание. Оној кој ќе добие разрешување од духовен отец, невин е пред лицето на правдата Божја.
 Покајте се и верувајте во Евангелието (Мк. 1, 15). Покајанието и верата наизменично го следат оној кој бара спасение. Покајанието го притиска со бремето на гревовите и го плаши со неподмитливиот суд на правдата Божја. Но доаѓа верата и му го покажува Избавителот, Кој ги презел гревовите на светот. Покајникот се приљубува за Избавителот и, симнувајќи го со исповедта бремето на гревовите, радосно оди по Него, по патот на заповедите Негови. Верата на тој начин се раѓа од покајанието и стои на него. Чувствувајќи избавување покајникот цврсто се држи за верата. Верата е жива од покајанието. Без покајание таа е речиси како дрво без животворен тек, овенато и безживотно.
 Слабоста на верата и скудноста на надежта во помилување ги произведува нашиот непријател. Нашите гревови не се случуваатбез негов наговор. Од нив тој прави ѕид помеѓу  Бога и нас. Покајанието и исповедта го рушат тој ѕид. Знаејќи ја силата на овие Свети Тајни, дека таа ги уништува сите негови напори и сета грижа околу пропаѓање на грешникот, својствено се служи да ја пресече нејзината плодотворност па, или сосема оддалечува од неа, или донесува неверување во нејзината моќ и безнадежност во погледот на можноста на добивање опростување преку неа.
 Многу е важно вниманието кон движењата на срцето и нивното очистување со покајание во секој момент. Тоа правете го пред сè. При тоа гледајте го Господа и пребивајте во сеќавање на смртта – тоа се важни работи!
 На оној кој се кае му се отвораат рајските двери и Отецот Небесен е подготвен да го прими во прегратка.
 Вистинското дело на покајание се завршува со разрешување од духовниот отец.
 Нема причина да се плашите од отец Иларион. Тој не е судија, туку само сведок, кој оправдува...  А тоа што ви е срам, знајте дека колку повеќе би ви било страм, толку е подобро.
 На жената фатена во грев, Господ и вели: ни Јас не те осудувам, не затоа што попушта на грешноста, туку давајќи значење на покајанието. Таа очигледно се каела и Господ ù рекол: Оди, и од сега повеќе не греши (Јн. 8, 11). Тоа е сета суштина на покајанието... Грешникот вели „Згрешив, не сакам повеќе“. А Господ одговара: Добро, ни јас не те осудувам; оди, и од сега повеќе не греши.
 Во покајниот пслам на Давид зборовите „дај ми да чујам радост“ значат – нека увото на мојата душа го чуе Твојот збор: ти се опростуваат гревовите твои. Низ душата ќе се пронесат такви зборови... Иста е мислата и во зборовите: дај ми ја радоста на Твоето спасение...
 Делото на покајанието е едноставно – само здивни и речи: „Згрешив, не сакам повеќе!“ Но тој здив треба да пројде до Небесата, како би станал застапник пред престолот на Правдата; и тие зборови треба од книгата на животот да ги избришат сите писма со кои таму се означени нашите гревови. Каде тие ќе добијат таква сила? Во немилосрдното самоосудување и во стамената скрушеност. Тука нека биде насочена сета наша покајна ревност: да го смекнеме и скрушиме нашето срце и потоа, во часот на исповедта, да не ви биде срам да го откриете сето тоа од што се срамите и пред Бога и пред луѓето.
 Во делото на покајанието најтешко ни изгледа одењето кај својот духовен отец заради откривање на гревовите; а всушност тоа би требало да ни донесува најмногу радост. Не е ли радосен оној кој е покриен со рани, па добива исцелување? Или оној кој е извалкан од секаква нечистотија, па биде испран? Или оној кој е окован да добие слобода? А во тоа се состои и силата наа свештеничкото разрешување на исповедта. Доаѓаме во рани, а си одиме исцелени; доаѓаме нечисти, а си одиме обелени; доаѓаме оковани, а си одиме слободни. Такво е ветувањето Божјо: кажи ги најпрвин беззаконијата свои, да се оправдаш!
 Пеколот и Авадон се откриени пред  Господа, а како ли нема да бидат срцата на синовите човечки (Изрек. 15,11). Грешникот секогаш мисли дека никој не го гледа и криејќи се од човечките очи во ноќната темнина или на пусто место, смета дека никој нема да го забележи. Божјото око видело сè; Ангелот-Чувар и совеста биле светоци. Ќе излезеш еднаш на суд: тогаш се скриено ќе се разоткрие; ќе се појават непоткупливи сведоци и ти ќе замолкнеш. На пресудата нема да има жалби. Единствено средство да ја  избегнеш таа крајност е – покајанието. Вратите кон него се отворени. Побрзај да влезеш, додека не отчукал часот за кој знаеш дека ќе настапи, а кој ќе стави точка на твоите гревови и на секоја надеж во помилување.
 Кој го спознал својот грев, кој сфатил дека е крив за него, кој го оплакал и почнал да се гнаси од него – тој во себе, со расположението на срцето, веќе изрекол пред Бога: „Крив сум! Не сакам повеќе!“ Таквиот е подготвен пред целиот свет да се исповеда, а не само пред духовниот отец. Ете каде е коренот на лековитоста на покајанието – во скрушеноста на срцето поради гревовите, во омразата кон нив! Срце скрушено и смирено Бог не ќе презре. Смекни го своето срце, натопи го со скрушеност и тоа само од себе ќе ја исфрли секоја нечистотија; а исповедта сето тоа ќе го запали со огнот на срамот и разрешението Божјо.
 Нема ништо сокриено што нема да се отркие, ниту тајно што нема да се дознае (Мт. 10, 26). Соодветно со тоа, колку сега и да ги прикриваме гревовите, никаква корист од тоа немаме. Ќе дојде време – дали е тоа далеку? – сè ќе излезе на видело. И што тогаш? Не треба да се крие. Си згрешил – оди и откриј го својот грев на духовниот отец. Кога ќе добиеш разрешување гревот ќе исчезне како да не ни бил. После ќе нема што да се открие и покаже. Ако пак го сокриеш гревот и  не се покаеш, тогаш ќе го задржиш во себе, па кога ќе настапи време, ќе има што да се открие за тебе на осуда. Бог нам сето тоа ни го открил однапред, за да би успеале уште сега да го предупредиме Неговиот праведен и Страшен Суд против нас грешните.
 Пилат ја помешал крвта на Галилеецот со жртвите нивни. Господ рекол: Ако не се покаете, сите така ќе изгинете (Лк. 13, 3); се срушил силоамскиот столб и убил 18 луѓе. Господ исто така рекол: Ако не се покаете, сите така ќе изгинете. Со ова се дава до знаење дека кога другите ќе ги снајде некоја несреќа, ние не треба да размислуваме зошто тоа се случило, туку што побрзо да се завртиме кон себеси и да видиме дали можеби имаме некакви гревови кои залсужуваат привремена казна заради вразумување на другите, та постепено да ги изгладиме со покајанието. Покајанието го очистува гревот и ја одстранува причината која ја предизвикала несреќата. Додека човекот е во грев, покрај коренот на неговиот живот лежи секира која е спремна да го пресече. Не го сече затоа што се очекува покајание. Покај се и секирата ќе биде  тргната, а твојот живот до крајот ќе потече по природен пат; ако не се покаеш – очекувај дека ќе бидеш посечен. Кој знае дали ќе ја дочекаш идната година. Приказната за бесплодната смоква дека Спасителот ја задржува правдата Божја штедејќи го секој грешник во надеж дека тој можеби ќе се покае и ќе донесе добри плодови. Но,се случува правдата Божја веќе да него слуша застапништвото и тешко прифаќа некого уште една година да го остави во живот. А ти грешниче, од каде знаеш дека не ја живееш последната година, последниот месец, ден и час?

 

(AdamiEva.jpgПродолжува)

Подготви: З. Д.

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3221
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7715
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная