логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 (Продолжение)

sv.Serafim.Sarovski1d.jpg

I
БЕСЕДА НА ПРЕПОДОБНИОТ СЕРАФИМ САРОВСКИ ЗА ЦЕЛТА НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ЖИВОТ

2.
БЛАГОВОЛЕНИЕТО ГОСПОДОВО

Цела ноќ разговарав со отец Гуриј за отец Серафим и од радост, скоро и не спиев. Другиот ден се упативме кај братот Серафим во неговата блиска пустинка без нешто да јадевме или да пиевме. Без да јадеме или да пиеме ниту целиот ден до ноќта, најпосле дојдовме до вратата на неговата блиска пустинка. Илјадници луѓе доаѓаа кај големиот старец, но сите си заминуваа без да добијат негов благослов. Откако ќе постоеја малку во тремот, тие се враќаа назад. Седуммина или осуммина останаа со нас да го чекаат крајот на тој ден и излегувањето од пустината на братот, отец Серафим. Меѓу нив, како што се сеќавам, беше и жената на балахњинскиот благајник, од среското место Балахњи, Нижегорска губернија, и некоја туѓинка, која постојано зборуваше за откривањето на светите нетлени мошти на Пафнутиј, кој изгледа таму почивал. Тие решија да чекаат со нас додека не се отвори вратата на големиот старец. Најпосле и тие се вознемирија во духот, па дури и отец Гуриј, бидејќи веќе беше дошла касна вечер. Тој многу се вознемири и ми рече:
- Веќе е мрак, брате, и коњите огладнеа, а и малиот кочијаш веројатно сака да јаде. Ако тргнеме уште подоцна, може да се случи и да не нападнат ѕверови.
Меѓутоа, јас реков:
- Не, брате, оче Гурие, тргнете вие сами назад, доколку се плашите од нешто, а мене нека ме растргнат и ѕверови, но јас не заминувам од вратата на братот отец Серафим. Макар и смрт од глад да ме снајде, јас сепак ќе чекам додека не ми ја отвори вратата на својата ќелија!
И навистина, малку потоа, братот отец Серафим, ја отвори вратата од својата ќелија и, обраќајќи ми се мене, ми рече:
- Ваше благољубие, јас ве повикав, но не лутете ми се што не ја отворив вратата цел ден. Денес е среда и јас безмолствувам, а утре, милост просам, јас со сета душа ќе се радувам да поразговарам со вас. И немојте толку рано да доаѓате кај мене бидејќи многу се истоштивте не јадејќи ништо цел ден. И така, по доцната Литургија, по поткрепувањето со храна, повелете со отец Гуриј кај мене. Сега одете и поткрепете се со храна, бидејќи сте истоштени.
Тогаш, почнувајќи од мене, почна да не благословува. На отец Гуриј му рече:
- Така, брате, така, радост моја, утре со господинот повелете кај мене. Ке ме најдете на ливадата кај блиската пустинка. А сега одете со мир. Довидување, ваше богољубие!
По тие зборови братот пак се затвори.
Никаков збор не е во состојба да ја изрази радоста што ја почувствував во своето срце. Пливав во блаженство. Без разлика на долготрпението цел ден, самата помисла дека на крајот не само што се удостоив да го видам лицето на отец Серафим, туку и да слушнам поздрав со неговите боговдахновени зборови, беше утешна. Да, јас бев на врвот на блаженството, кое не може да се споредува со ништо земно. Иако цел ден не бев јадел ниту пиел, се чувствував сит, како да сум се најал до пренаситеност и како да сум се напил до разумната мерка. Ја зборувам вистината, иако можеби моите зборови на некои, кои на дело не искусиле што значи сладост, ситост и опиеност со која човекот се исполнува во време на придоаѓање на Светиот Дух, ќе им се сторат преувеличени и премногу воодушевувачки. Но, јас уверувам со христијанска православна совест дека овде нема преувеличување, туку дека се што реков е чиста вистина, па дури и многу слаб опис на она што, всушност, го чувствував во своето срце.
Но, кој ќе ми позајми зборови кои би можеле, барем делумно, да го изразат она што мојата душа го почувствува наредниот ден?

 3.
ЦЕЛТА НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ЖИВОТ

Беше тоа во четврток. Денот беше тмурен. На земјата имаше снег од четири аршина, а одозгора паѓаа густи снегулки. Отец Серафим го започна својот разговор со мене на онаа рамнинка блиску до пустинката спроти рекичката Саровка, на стрмнината блиску до крајбрежјето.
Мене ме стави на трупец од дрво, кое само што го беше исекол, а тој клекна спроти мене.
- Господ ми откри - рече големиот старец - дека вие во своето детство многу сте сакале да дознаете во што се состои целта на нашиот христијански живот. Вие за тоа често сте се распрашувале кај многу големи духовни личности...
Јас овде морам да кажам дека, уште од мојата дванаесетта година, таа мисла неотстапно ме вознемируваше и дека со тоа прашање им се обраќав на многу духовни лица. Меѓутоа, нивните одговори не ме задоволуваа. На старецот ова не можеше да му биде познато.
- Но никој - продолжи отец Серафим - за тоа не ви кажа ништо определено. Ви зборуваа: оди во црква, моли Му се на Бога, извршувај ги Божјите заповеди, прави добри дела - тоа и е целта на христијанскиот живот. А некои дури и негодуваа на вас, што се интересирате со небогоугодна љубопитност, велејќи ви; "не испитувај го она што е поголемо од тебе". Но, не требало така да зборуваат. И еве јас, бедниот Серафим, ќе ви протолкувам во што навистина се состои таа цел.

Молитвата, постот, бдението и сите други христијански дела се добри сами по себе, но во нив не се состои целта на нашиот христијански живот. Тие служат како неопходни средства за постигнување на таа цел. Вистинската цел на нашиот христијански живот се состои во стекнување на Светиот Дух Божји. Постот, пак, бдението, молитвата, милостината, и секое дело направено заради Христа, се средства за здобивање на Светиот Дух Божји. Запамтете, брате, дека само доброто дело направено заради Христа, донесува плодови на Светиот Дух. Она што не се прави заради Христа, макар и да е добро, нема да ни донесе награди во идниот живот, ниту ќе ни даде благодат Божја во овдешниот живот. Затоа Господ Исус Христос и рекол: кој не собира со Мене, расипува. Доброто дело не може да се нарече поинаку, туку собирање. Затоа што, тоа и ако не е заради Христа сторено, сепак е добро. Светото Писмо говори: Во секој народ Нему му е мил оној кој се плаши од Него и кој твори правда. И, како што гледаме од свештената историја, оној кој твори правда, во толкава мера му е мил на Бога, што на капетанот Корнелиј, кој се плашел од Бога и кој творел правда, му се јавил ангел Господов за време на молитвата и му рекол: испрати луѓе во Јопа и повикај го Симон првоповиканиот Петар... Тој ќе ти каже зборови со кои ќе се спасиш ти и целиот твој дом.

И така, Господ ги употребува сите Свои божествени средства за на секој човек да му даде можност, во идниот живот да не се лиши од наградата за своите добри дела. Но, за ова е потребно да се започне овде со вистинска вера во нашиот Господ Исус Христос, Синот Божји, Кој дошол во светот да ги спаси грешниците, и со здобивање на благодатта на Светиот Дух, Кој во нашите срца го воведува Царството Божјо и Кој ни го отвора патот кон блаженството на идниот живот. Меѓутоа, со тоа се завршува таа угодност на Бога до добри дела кои не се направени заради Христа: нашиот Создател дава средства за нивно остварување. Од човекот зависи дали ќе ги оствари или не. Затоа Господ и им рекол на Евреите: кога би биле слепи, не би имале грев; а сега велите: гледаме, така вашиот грев останува. Ако искористи човек, слично на Корнелиј, тоа што неговото дело сторено, не заради Христа, да е угодно на Бога, и ако поверува во Неговиот Син, ќе му се смета и делото од тој вид, како да е сторено заради Христа и заради верата во Него. Во спротивен случај човекот не е во право да се жали што неговото добро дело пропаднало. Ова последното никогаш не се случува при правење на било какво добро дело заради Христа. Затоа што доброто дело сторено заради Него, не само што подготвува венец на правдата во идниот живот, туку и во овој живот го исполнува човекот со благодат на Светиот Дух, бидејќи како што е речено: Бог Духот не го дава на мерка. Бидејќи Отецот Го љуби Синот, и се дал во Неговите раце.

Така е тоа, ваше богољубие! Во стекнувањето на овој Дух Божји, значи, се состои и вистинската цел на нашиот христијански живот, додека молитвата, бдението, постот, милостината и другите доблести заради Христа се само средства за здобивање на Духот Божји.
- Како тоа, стекнување? - го прашав јас братот Серафим. Јас тоа никако не го сфаќам.

- Стекнување е исто што и здобивање - ми одговори тој. Вие на пример, разбирате што значи стекнување на пари? Исто така постои и стекнување на Дух Божји. Па вие, ваше богољубие, сфаќате што значи стекнување во светска смисла? Цел на светскиот живот на обичните луѓе е стекнување, или натрупување на пари, а за господата, освен тоа и добивање на почести, одликувања и други награди за државни заслуги. Стекнувањето на Духот Божји, исто така е капитал, но благодатен и вечен. И тој, како и паричниот, почесниот и привремениот капитал се стекнува на начини кои се многу слични меѓу себе. Бог Слово, нашиот Господ Богочовекот Исус Христос нашиот живот го споредува со трговија и делото на нашиот живот на земјата го нарекува купување, кога ни зборува: Купете си... Додека да дојдам... користејќи го времето, бидејќи деновите се зли, т.е. изнаоѓајте време за стекнување на небесни богатства преку земната стока. Земна стока се доблестите заради Христа, кои ни ја донесуваат благодатта на Сесветиот Дух. Во приказната за мудрите и неразумните девојки, на неразумните, кога им снемало масло, им е речено: подобро отидете во продавница и купете си. Но, додека тие ку¬пувале, вратата од брачната соба веќе се затворила, па тие не можеле да влезат внатре. Некои велат дека недостатокот на масло кај тие девојки, означува недостаток на добри дела во животот. Таквото размислување не е правилно. Каков недостаток на добри дела, кога тие се нарекуваат девојки, макар и неразумни? Па, девственоста е најголема доблест како една рамноангелска состојба. Таа може да послужи како замена за сите други доблести. Јас бедниот мислам дека кај нив, всушност, недостасувала благодатта на Сесветиот Дух Божји. Правејќи доблести, тие девојки, по своето духовно неразбирање, сметале дека христијанско дело е единствено да се прават доблести. Тие правеле доблести како дело Божјо, меѓутоа, нив не ги интересирало дали со тоа здобивале и постигнувале благодат на Духот Божји. Токму за таквиот начин на живот, во кој човекот се потпира само на творење доблести, без внимателно испитување дали и колку всушност, со нив се здобива Духот Божји, се зборува во книгите на отците: има и еден друг пат, кој на почетокот изгледа добар, но крајот му е на дното на адот. Во своите писма до монасите Антоние Велики за таквите девојки вели: "Многу монаси и девојки немаат претстава за разликата на волјите кои дејствуваат во човекот, т.е. дека во нас дејствуваат три волји: прво - Божјата, сесовршена и сеспасоносна; второ - сопствената, човечката, т.е. иако не е погубна, сепак не е и спасоносна и трето - ѓаволска, потполно погубна". И токму таа третата, ѓаволската волја го учи човекот или да не твори никакви доблести или да ги твори од суета, или доброто да го твори заради доброто, а не заради Христа. Втората, нашата сопствена волја не учи се да правиме заради наслада на својата алчност, или, како што учи и ѓаволот Та заради доброто како такво, без разлика дали со него се здобива благодат. Првата, волјата божја и сеспасоносна, се состои единствено во тоа, доброто да се прави исклучиво заради здобивање на Светиот Дух како вечно богатство, во ништо неоскудно, кое со ништо потполно и достојно не може да се отцени. Токму тоа здобивање на Светиот Дух се нарекува маслото што им недостасувало на неразумните девојки. Тие се нарекувани неразумни, бидејќи заборавиле на неопходниот плод на доблестите, на благодатта на Светиот Дух, без која за никого нема, ниту може да има спасение. Бидејќи: "Со Светиот Дух секоја душа оживува и се возвишува со чистота, па свештено тајно блеска со Троичното Единство". Самиот Свет Дух се вселува во нашите души. Таквото вселување на Седржителот во нашите души и живеењето со нашиот дух на Неговото Троично Единство, ни се дарува единствено преку нашиот голем труд за стекнување на Светиот Дух. Ова здобивање во нашата душа и тело, подготвува престол на Божјото сетворечко живеење со нашиот дух, според словото Божјо: Ќе се вселам во нив, ќе живеам во нив, и ќе им бидам Бог, и тие ќе бидат мој народ. Тоа е она масло во светилниците на мудрите девојки, кое можело да свети и постојано да гори. Девојките со таквите светилници кои гореле, можеле да Го дочекаат Женикот, кој дошол на полноќ, и да влезат со Него во дворот на радоста. А неразумните, кога ги виделе своите изгаснати светилници, побрзале на пазар да купат масло, но не успеале да се вратат на време, бидејќи вратата веќе била затворена. Пазарот - е нашиот живот; затворената врата на брачниот двор, која не дозволила пристап кон Женикот - е смртта човечка; мудрите и неразумните девојки - христијанските души; елејот - не делата, туку благодатта на Сесветиот Божји Дух, која преку делата се здобива внатре, во нашето битие, благодат која го претвора нашето битие од ова во она, т.е. од трулежност во нетрулежност, од душевна смрт во духовен живот, од темнина во светлина, од пештерата на нашето суштество, каде што се приврзани страстите како скотови и ѕверови, во храм Божји, во пресветол двор на вечна радост во нашиот Господ Исус Христос, Создателот и Искупителот и Вечниот Женик на нашите души. О, колку е големо Божјото сожалување заради нашата беда, т.е. заради нашето невнимание кон Неговото грижење за нас, бидејќи самиот вели: "Еве, стојам на вратат и тропам... Под врата се подразбира текот на нашиот живот, кој се уште не е затворен со нашата смрт. О, колку би сакал ваше Богољубие, вие да бидете низ овој живот секогаш во Духот Божји! "Ке судам според она што ќе го затекнам", вели Господ. О тешко, тешко нам, ако не затекне оптоварени со грижи и животни маки, бидејќи, кој ќе го претрпи Неговиот гнев, и пред Неговиот гнев кој ќе се одржи! Еве зошто е речено: Бдејте и молете се да не паднете во напаст, т.е. да не се лишите од Духот Божји, бидејќи бдението и молитвата ни ја донесуваат Неговата благодат. Секако, секоја доблест заради Христа донесува благодат на Светиот Дух, но повеќе од се тоа го прави молитвата, бидејќи таа е како орудие за здобивање на благодатта на Духот, секогаш е во нашите раце. Да кажеме, ви се присакало да одете во црква, но или нема црква, или службата е завршена; ви се посакало да му дадете на просјакот, но или нема просјак, или немате што да дадете; ви се посакало да ја зачувате девственоста, но немате сили тоа да го исполните или заради својот состав или заради ѓаволските сплетки на кои вие не можете да им се спротивставите поради човечката немоќ; ви се посакало да извршите и некоја друга доблест заради Христа, но, исто така, или немате сили, или е тешко да најдете можност. Но, ова никако не се однесува на молитвата: за неа се дава можност секаде и секому, и на богатиот, и на сиромавиот, и на познатиот, и на простиот, и на силниот, и на слабиот, и на здравиот, и на болниот, и на праведниот, и на грешниот. Колку е голема силата на молитвата, дури и на грешниот човек, кога се вознесува од сета душа, проценете според следниов пример од светото предание: на една очајна мајка и умира синот, единец. Неа на патот ја сретнува жена блудница, извалкана со се уште свеж грев. Трогната од очајната жал на мајката, таа воскликнува кон Господа: "Не заради мене покаената грешница, но заради солзите на мајката нажалени за својот син и цврсто верувајќи во Твоето милосрдие и семожност, Христе Боже, Господе, воскресни и го синот!"... И, Господ го воскреснал. Толку е голема силата на молитвата, ваше богољубие. Молитвата повеќе од се го носи Духот Божји, а неа е полесно од се да се исполнува. Блазе нам, ако Господ не затекне на молитвено бдение, исполнети со дарови од Неговиот Свет Дух! Тогаш ние смело можеме да се надеваме дека ќе бидеме вознесени на облаците во пресрет на Господа во воздухот, кога Он ќе дојде со слава и сила да им суди на живите и на мртвите, и секому да даде според неговите дела.

Види, ваше богољубие, вие сметате дека е голема среќа да разговарате со бедниот Серафим, убедени дека ни тој не е лишен од благодатта Господова. А што да кажам за Господа, преизобилниот Извор на секоја благост, и небесна и земна! Меѓутоа, преку молитвата ние се удостојуваме да разговараме со Него, Себлагиот и Животворен Бог и Спасител наш. Меѓутоа, треба да се молиме само до моментот додека Бог Свети Дух не слезе во нас, во на Него позната мерка на Својата небесна благодат. А кога Он ќе благоволи да не посети, тогаш треба да се престане со молитва. Бидејќи, зошто да Му се молиме тогаш: "Дојди и всели се во нас и исчисти не од секаква нечистотија и спаси ги Благи нашите души", кога Он веќе дошол да не спаси нас, кои се надеваме на Него и го повикуваме Неговото име, со намера, со смирение и со љубов да го пресретнеме внатре, во одаите на нашите души, кои се гладни и жедни за Неговото доаѓање? Јас тоа ќе ви го објаснам со пример, богољубие. Да кажеме дека вие ме повикувате кај себе на гости, а јас по вашиот повик доаѓам кај вас и сакам да разговарам со вас. Меѓутоа, вие продолжувате да ме повикувате: Милост, повелете кај мене! Јас би морал да кажам: Што му е, да не се мрднал со умот? Јас дојдов, а тој продолжува да ме повикува! Така е и со Господа Бога Светиот Дух. Затоа е и речено: Починете и сфатете дека јас сум Бог; ќе се вознесам меѓу народите, ќе се вознесам на земјата, т.е. ќе му се јавам секому кој верува во Мене и кој Ме повикува, и ќе разговарам со него, како што некогаш разговарав со Адам во рајот, и со Авраам и со Јаков и со другите Свои слуги, со Мојсеј, Јов и со слични на нив. Многумина толкуваат дека починката се однесува само на световните работи, т.е. дека при молитвениот разговор со Бога треба да починат од световните работи. Но, јас по Бога ќе ви речам: при молитвата е нужно да се почини од нив, но исто така е потребно да се почини и од молитвата во часот кога, заради семоќната сила на верата и на молитвата, благоволи Господ Бог Свети Дух да не посети и да дојде кај нас во полнотата на Својата неискажана благодат. Немирна е душата и се наоѓа во немир, кога ја извршува молитвата, но при наидувањето на Светиот Дух, треба да биде во потполна тишина безмолвие и јасно и разумно да ги слуша сите зборови на вечниот живот, кои Он тогаш сака да ги објави. Покрај тоа, треба да се биде во потполно трезвеноумие на душата и на духот и во целомудрена чистота на телото. Така било кај гората Хорив, кога на Израелците им било речено три дена да не се допираат до жените, до појавата на Бога на Синај. Бидејќи нашиот Бог е "оган кој ја гори секоја нечистотија", па никој со осквернато тело и дух не може да стапи во општење со Него.

 

 (Продолжува)

Св.Серафим Саровски - ПОВИК

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7622
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная