логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


  Esen.manastir1.jpg

Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (37)

Страстите

Било да се живее во пустина, или во манастир, или во светот да се остварува своето спасение – на секому е неодложен законот своето срце да го очисти од страстите...
Борбата против страста им е заедничка на сите... и трае цел живот. Централно место во духовниот живот зазематокму најжестоката борба. Почнува со обраќање на душата кон бога и се распламтува... А потоа се стишува.
Страстите се во нас, но немаат самостојност. Разумот, на пример, е суштински дел на душата и тој никако не може да ни се одземе, а душата да не биде уништена. Страстите меѓутоа не се такви. Тие се издигнале во нашата природа, но можат да бидат изгонети од неа, а тоа на човека да не му смета да биде човек; и дури кога ќе бидат изгонети, го оставаат човекот да биде вистински човек, додека со своето присуство го валкаат, правејќи од него лице кое во многу случаи е полошо од животинските.
Држете се до едно: штом ќе забележите страстно, истиот час наоружете се против него со гнев и нетрпелива лутина. Таа лутина во духовната борба има исто значење како при напад на зол човек има задавање на силен удар.
Страстите не се некои лесни помисли или желби кои се јавуваат и потоа исчезнуваат, не оставајќи трага зад себе: тие се моќни стремења и најдлабока духовна состојба на порочното срце. Тие влегуваат длабоко во природата на душата и со долготрајната власт над нас, како и навиката да се задоволуваат, до таа мера се сродуваат со душата, да на крајот како да ја сочинуваат нејзината природа.
Собери против секоја од нив (страстите) изреки од божественото писмо и држи ги во сеќавање. Штом од срцето излезе некоја злобна желба, ти истиот час врзи ја со изреката која е против неа насочена; или однапред сите свои желби и помисли заврзи ги со Божествените зборови и чекори со нив: ќе бидеш како во окови. Но во тие окови е слободата, или слободниот пат во Царството Божјо.
Демонизирани не се само оние кај кои насилството на демоните видливо се покажува. Во најголемиот број случаи демоните мирно живеат во демонизираните и само преку наговори управуваат со нивните страстни дела, појавувајќи го своето делување во време кога некој ќе науми да се покае и поправи.
Страста заслепува, а ѓаволот спушта магла. И човекот се мачи. Но, чудно е тоа што тој сака да се мачи и не сака од маката да одстапи.
Грешникот како да е врзан, како да е во окови, и тоа болни, кои се зариле во неговото тело.
Маките од страдањата ги изедуваат и душата и телото. Грешникот е битие кое се распаѓа.
Страстите и во душата и во телото внесуваат разјадувачки отров.
Тој пекол (на страстите) започнува уште тука: зашто кој од страстните луѓе ужива во спокојство? Само, страстите овде уште не ја покажуваат сета своја неиздржливост за душата, бидејќи телото и животот во друштво ги ублажуваат нивните удари; а таму тоа нема да го има. Тогаш тие со сета јарост ќе јурнат на душата.
... Страста е толку полоша, колку што е полош и понеморален нејзиниот предмет, колку поважни обврски со него се нарушуваат и колку е позастарена.
... Страста го помрачува разумот – и тој не ја гледа јасно сета нејзина наказност и погубност...
... Како оган плашете се да делувате против страстите. ?Не очекувајте добра таму кадешто има макар и мала сенка страсти. Тука се крие ѓаволот и прави метеж.
Силниот ветер го свива некое дрво сè до земјата, но дрвото сепак останува на коренот и штом бурата ќе помине се исправа. Така станува и со страстите. Нека фучат, само коренот да опстане... Коренот, тоа е одлучноста ни по цена на животот да не се подлегне на гревот и на согласување на него.
„Да не треба да се отчита молитва?“ Па сите острастени се демонизирани. Секоја страст има свој демон, кој преку човекот ја храни својата стреаст, или себеси. Истерај го и опсадата од страстите ќе падне.
Би сакале да знаете: која е ваша главна страст... По тој повод ќе ве подсетам на приказната за еден подвижник, кој на својот старец му поставил слично прашање, поточно: против која страст прво треба да се бори? Старецот одговорил: бори се против онаа која сега те напаѓа – па нема да имаш време да се прашуваш која е кај тебе главна...
Победата над страстите е доброволно духовно мачеништво кое невидливо се случува во срцето...
... Ова машеништво треба да отпочне оној момент кога во вашето срце ќе созрее одлучноста да се посветите на Господа.
... Најпрвин ќе отпочнат делата против владејачката страст, потоа против основните, а потоа, кога ќе се утишат и тие и тие, со правење на добра останува слободата да ги дотепа остатоците од непријателските војски.
Вие сте ја совладале страста во еден случај, но такви случаи таа ќе најде на илјади и пак ќе почне да напаѓа и повикува на мегдан. Тоа значи дека хрисијанинот никогаш не треба да го соблекува од себе сеоружјето; тој е војник кому не му доаѓа смена и кој секогаш треба да биде спремен за борба.
Страсните мечтаења во сонот... не се сметаат за грев зашто не се доброволни... Но треба да се скрушуваме и да тагуваме заради нив... Тука се поставува прашање: зошто излегуваат од душата? Ако во сонот е дадена согласност... ни тоа не е страшно, но повеќе ја оптеретува совеста... со тоа, ако е можно, тоа треба да се открива на духовникот... Така совеста ќе биде помирна.
Најважен подвиг е чување на срцето од страсните движења на умот и од исти такви помисли. Треба да се гледа на срцето и да се отстранува од него сè што не чини.
Како човекот може да го очисти своето срце? Со трудот околу исполнувањето на заповедите кои стојат наспроти поедините страсти. Моли помош, но и сам труди си: без личен труд нема да има ни помош; Ниту трудот ќе даде било какви резултати доколку помош не дојде. Потребно е и едното и другото.
Мускулите и целото тело држете ги напрегнати – во мирен став, не допуштајќи ни еден дел од телото да не се разнежи.  Ако сте ами, со прачка или бројаница, издевете се себеси по плеќите, додека пристојно не ве заболи. Тоа поуспешно од сè друго го смирува слобниот слуга – телото – и го тера на покорност. Од храна во тоа време треба да се отфрли масната и јака, и да се јаде помалку. Може да се избере ладна храна наместо топла. Наместо меки фотељи за седење земете тврдо столче. За спиење тргнете го мадрацот, и ставете само јорган... Покријте се со нешто ладно... Во собата нека биде помалку топло... Добро е да се освежувате на воздух... но треба да се внимава и на чувствата. Сета надеж положете ја на Господа. Пребивајте во молитва... Но никогаш немојте да бидете малодушни... Каква и сила да ве нападне – потрудете се да ја одбиете. Главно е да не допуштите сочувствување и уште повеќе согласност, то ест, согласување... Сочувстувањето се поткрадува и неволно; треба да се одбие... и да се замени со гнасење. Секогаш пазете на злобниот непријатели спротивставувајте се на неговите напади. Не спуштајте ги рацете, непрестајно борете се... никој тука не поминува без борба... Беше и за очекување. Но борбата може да се издржи, ако добро се наоружате. И секоја победа дава венец. А бидејќи ѓаволот не сака да донесува венци, тој се оддалечува и не напаѓа. Ќе останат само природните движења, но тие тогаш се малаксани и немоќни, па брзо се прекинуваат со од суровиотнапад на телото.
Кога ќе нападне страст, јади малку, спиј кратко, на тврдо... Прави повеќе поклони... и некој пат исудирај се себеси со прачка или јаже по плеќите...
Страстите кои добиваат удари однатре и однадвор губат кров под човекот, брзо попуштаат, почнуваат да слабеат и се повлекуваат.
Додека страстите не се конечно умртвени, злите помисли, чувства, движења и намери нема да престанат. Тие се смалуваат во мерата на смалувањето на страстите. Нивниот извор е – нашата страстна половина. Тука треба да го насочиме нашето внимание. Постои едно воспитно средство: непрестајното сеќавање на Господа со молитва кон Него.
Немојте себеси да се мерите со подвизите, туку со замирањето на страстите. Ако некоја замре – тоа е чекор напред.
Гневот против страстите кај вас требало да се вкорени оној момент кога сте решиле сесрдно да Му служите на Господа, правејќи го она што е угодно пред Него. Тогаш за сите векови сте заклучиле сојуз со Бога. Суштината на тој сојуз е ова: твоите пријатели се и мои пријатели, а твоите непријатели и мои непријатели. А што Му се страстите на Бога? Непријатели.
... Еден од законите на Божјата промисла за нас е – животот на секој од нас и она што со тоа се случува да го уреди така да би човек, користејќи го тоа разумно, на најбрз и најлесен начин би можел да се очисти од страстите.

(AdamiEva.jpgПродолжува)

Подготви: Златко Дивјаковски

  •  Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (21)
  •  Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (22)
  • Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (23)
  • Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (24)
  • Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (25)
  • Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (26)
  • Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (27)
  •  Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (28)

  • Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (29)

     



  • dobrotoljubie

    Поуки од Светите Отци

    Видео содржини

    dobrotoljubie

    Духовност

    Октомври 20, 2024
    TviTER281

    Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

    Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
    Јуни 30, 2024
    Avraamovo.GOSTOLJUBIE

    Света Троица во Стариот Завет

    „Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

    За нафората

    HRISTOS.nafora
    Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

    Проскомидија

    TVIT602
    ·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

    Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

    Сеп 13, 2021 Житија 3143
    Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

    Свети свештеномаченик Харалампиј

    Фев 23, 2020 Житија 7622
    ih3387
    Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

    Најново од духовност

    Православен календар

     

    25/11/2024 - понеделник

    Свети Јован Милостив; Светиот пророк Ахија; Преподобен Нил Синајски; Преподобен Нил Мироточив;

    Правила и одредби на Православната Црква за постот
    Православен календар за овој месец - МПЦ

    Кожувчанка

    Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

     Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

    Тропар

    Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

    Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

    О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

    Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

    Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

    Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

    Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

    Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

    Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

    Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

    Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

    Болестите според светоотечкото учење

    Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

    Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

    Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

    Духовни поуки: „Помоли се за мене“

    Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

    Живот без стрес

    Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

    Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

    И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

    Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

    Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

    ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

    Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

    Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

     

    Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

    За Моето име

    Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

     

    „Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

    Взбранной Воеводе победительная