Кога ние, по некое покусо или подолго време откако сме ги напуштиле своите ќе стекнеме извесна мала побожност, умиление и воздржливост, тогаш суетните мисли ни пристапуваат и ни предлагаат да се вратиме во својот роден крај, заради поука, за пример и духовна полза на многумина луѓе коишто порано ги гледале нашите беззаконија.
Ако притоа сме украсени и со дар на говорништво, а имаме и по малку духовно знаење, тогаш ѓаволите ни советуваат да се вратиме во светот како учители и спасители, та сред ширината на светот на своја пропаст да го растуриме она што среќно сме го насобрале во пристаништето.
Да се потрудиме да бидеме како Лот, а не како неговата жена (1 Мој. 9, 26). Бидејќи душата што ќе се врати таму од каде што излегла ќе стане како сол што го изгубила својот вкус (Мат. 5, 13) и ќе остане и натаму неспособна да напредува.
Бегај од Египет и не свртувај се! Срцата што се вратија таму не го видоа Ерусалим, земјата на бестрастието.
Свети Јован Лествичник
За Преминпортал-
Дејан Блажески
6ти декември 2020
лето Господово