логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

лого

13ти декември   2020 лето Господово


sv.Antim.Hioski.jpg

 1 јануари 1946 година
“Ете ме мене и децата, кои Бог ми ги даде.” Јас не сакав да имам деца по тело во светот, но Бог вас ве даде на мене да ве имам како духовни деца. Таа реченица ми дава утеха, а претпоставувам дека и вам ви носи радост исто така. Ве имам како мои духовни чеда, па така и вие примете ме како ваш духовен отец.
Духовниот отец е поголем од таткото по тело. Бидејќи ако видам дека сте ја удриле ногата на камен, ќе се загрижам и ќе поитам да ви помогнам. И ако видам дека ве водат на суд заради некој ваш долг, ќе побрзам да го отплатам во ваше име. И ако видам дека луѓето ве осудуваат, ве проколнуваат или ве клеветат, ќе бидам на ваша страна и ќе ве заштитам.
Ако ве видам тажни и дека никаде немате утеха, ќе дадам сé од себе, макар да пролијам и капка од својата крв, ако е можно да ве утешам. Ако видам дека боледувате, не можам да помогнам, туку ќе ви понудам помош во третманот. Не можам да ги гледам вашите страдања и да останам рамнодушен, бидејќи мојата душа болува заради вас. Јас сум ви даруван од Светиот Дух и сочувствувам со вас.
Ако сте под демонска власт, ако сте во опасност од страсти, ако сте вознемирувани од едно или од друго нешто, не можам да седам мирен. Со сите можни средства ќе се обидам да ви помогнам. И ќе ви дадам отпуст на гревовите, за во Царството Небесно да отидете исповедани. Но, сето тоа зависи од вас.
И сето она што сега го реков, со радост сум подготвен да го направам. Тоа го знаете веќе години, бидејќи тоа го гледате секој ден. Но, сé зависи од вашата сопствена вера и почит, од вашата преданост и доверба што ја имате во мене. Должни сте да ги имате истите чувства кон мене, да го применувате она што е примерно во вашата положба, додека јас сум оној кој ве надгледува и чува како пастир. Изгледа дека јас сум недостоен пастир, знам дека сум недостоен, но сум оној којшто е овде.
А пастирот е секогаш буден. Кога гледа дека доаѓа волк, подготвен е да го заштити своето стадо со сите расположливи средства, па повикува и други на помош. Тој вика, свири, фрла камења на животните, кои се неспособни да расудуваат. Сестри, и јас го правам истото: од време на време викам, некогаш ве карам, па потоа пак се лутам. Бидејќи јас сум пастир на словесни овци, кои имаат дар на расудување. А не би требало да биде така. Бесловесните животни немаат расудување. Тие не разбираат. А на оние кои разбираат, доволен им е само еден збор од пастирот за да го послушаат. Но, ако под влијание на демоните или лошите навики или непочитта кон пастирот, оние кои имаат дар на разбирање – не слушаат, тогаш сé што рековме треба да се примени.
Само пишаното слово, словото од Евангелието, доволно е да го научи словесното стадо и мене, како да ве заштитам од тајниот волк, демонот. Но, бидејќи не го слушаме словото, се жалостам што понекогаш морам да се борам, понекогаш да викам, понекогаш да казнувам, а некогаш да тешам, цело време внимавајќи да не ја престапите границата.
Не смутувајте се, сестри, заради она што сега ви го говорам, туку подобро врежете го длабоко во вашите срца, бидејќи еден ден јас ќе заминам и ќе ви биде потребно. Мојата љубов ме тера да ви ги кажам овие нешта. Тоа е духовна приврзаност, која не можам да ја искажам поинаку од она како што ви го зборувам.
Должни сте да ме слушате. И ова мое ништожно слово е завет, кој треба да го чувате.
Не дојдов овде да лежам на мека постела и да се одмарам додека срцето не ми стене задоволно, туку дојдов да паднам во понизност. Не дојдов ваму заради слава и чест и да ми се обраќаат со „господине“, дојдов да ме проколнуваат, да гладувам, да жедувам, да работам, да трпам исмевања, да бидам газен заради Христовата љубов. Јас не сум господин. Мајката Божја е Владичица и Нејзиниот Син е Господ. Јас сум ваш слуга. Ви служам толку многу години. Јас сум ваш роб, дури ни Старец не сакам да ме нарекувате. Не ми се допаѓа и не го сакам тоа, но честа што толку ми ја укажувате, е во ваша корист.

Извор: The Spiritual Father

  Извор: Маран Ата

13ти декември  2020 лето Господово

Извор

TVITer270

П.П. 2014-01-01 02:57:04

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3109
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7566
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

04/11/2024 - понеделник

Свети Аверкиј Рамноапостолен; Преподобен Лот; Спомен на чудотворното избавување на Москва од Литванците со помош на Пресвета Богородица;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Јаков брат Господов 23 октомври / 5 ноември 2024

Тропар на светиот апостол Јаков брат Господов 23 октомври / 5 ноември 2024

Како праведен Господов ученик,си го примил Евангелието,како маченик имаш смелост непобедлива,како јерарх се молиш, ти кој си брат Божји.

Тропар на светиот Христов рамноапостолен Епископ Ерополски Аверкиј 22 октомври / 4 ноември 2024

Тропар на светиот Христов рамноапостолен Епископ Ерополски Аверкиј 22 октомври / 4 ноември 2024

Божји угодниче, Аверкие свети милостив, незнаењето човечко го исплака,заблудата кон идолите ја разруши со силата Христова,адот пред тебе глава наведна,

Тропар на светиот Иларион Мегленски 21 октомври / 3 ноември 2024

Тропар на светиот Иларион Мегленски 21 октомври / 3 ноември 2024

 Чудо се јави како сведоштво, со дела на Божјите добродетели си засветлил,си ги пасел монашките заедници,исчистил архиерејските тронови,не поколебувајќи се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная