логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Пјотр Мешчеринов, игумен


o.dusko.jpgПравославната црква, без сомнение, важноста и реалноста на детскиот духовен живот ја потврдува преку своето најсуштинско дејствување  преку крштавањето и миропомазанието на децата и на младите, правејќи ги на тој начин полноправни членови на Црквата и овозможувајќи им го Причестувањето со Светите Тајни, односно овозможувајќи им го пристапот до самата суштина на животот во Црквата. На одредена возраст, Црквата ги повикува децата кон Тајната покајание, односно ја признава можноста за нивно лично морално напредување. Но, духовниот живот на децата зависи од условите во кои се наоѓаат. Примањето на тајните ја диктира неопходноста за црковно воспитување на децата, за воцрковување на нивниот живот. 
Во древноста, Црквата не поставила некакви специјални, особени барања во таа сфера. Воцрковувањето на децата се случувало на природен начин, преку традиционалниот начин на семејниот и црковно општествениот живот. Денес тоа го нема, и пред Црквата, односно пред нас, се поставува задачата  како да ги воспитуваме децата за тие да бидат христијани во услови не само на отсуство на христијански начин на човечкото постоење, туку во присуство на отворени антихристијански начела во социумот, во кој Бог ни определил да живееме. 

Веднаш ќе кажам што имам предвид. Под антихристијански принципи не ги подразбирам полумистичната светска закулиса, интригите на „глобалистите“ и другите привлечни нешта од тој вид коишто ги преокупираат срцата и умовите на голем број православни. Антихристијанските принципи   се реално животно безбожие на повеќето наши сонародници, личен и општествен неморал, оценка на животните вредности од друга гледна точка, а не од гледната точка на Христовото Евангелие... Сето тоа води кон помала или поголема неадекватност. Сите тие нешта се секојдневни појави, појави коишто нè опкружуваат и се дел од самите нас, појави за чие објаснување нема потреба да се повикуваме на никакви „теории на заговор“.

И така, имено, на нашите плеќи натежнува задачата да се осмислат и да се реализираат во практика црковните принципи на воспитувањето на децата. Во времето на комунизмот, сè помалку и помалку се пренесувал традиционалниот начин на живеење. Во тој период од нашата историја нашите децата свесно биле воспитувани да станат атеисти. Што ни покажува искуството од последните 15тина години слободно црковно дејствување? 
Во основа, во овој период се искристализирале одредени грешки. Тоа е и нормално  Црквата немала сопствено искуство на воспитување деца во една агресивна антихристијанска средина, и невозможно е за 15 години да се надокнади отфрленото искуство создавано речиси 2000 години. Тоа е мошне важно  откривајќи ги грешките, можеме да согледаме како да ги исправиме. Кога говорам за таквата, општо земено, негативна состојба на нештата, го имам предвид отсуството на општоцрковна системска концепција и општоцрковно искуство: на лично ниво постојат голем број позитивни резултати; но тоа е удел на ентузијастите, меѓу кои, искрено говорејќи, не постои идеолошко единство во врска со прашањата коишто се однесуваат на нивната активност. 

Една од главните педагошки задачи на Православната црква денес е  таа да научи да им се обраќа на децата. Во црквата нема проповед за децата, макар што тоа денес е неопходно. Прва, основна, насушна и тешка задача којашто стои пред секој христијански воспитувач е  кај детето да го пробуди чувството за реалноста на постоењето на Бог. Со други зборови, важно е на детето да му се помогне да го запознае Бога, а не само да дознае за Него. Имено, тоа чувствување на реалноста на Бог речиси сосема отсуствува во современото општество, во денешните семејства. Оттука произлегува првиот проблем: замена на христијанскиот труд на општеството со надворешна црковност.

Многумина родители се уверени дека нивните деца можат да го запознаат Бога единствено во храмот, преку обредот, преку ритуалите; но тоа воопшто не е така. Децата се способни да го восприемат Живиот Бог непосредно, тие го чувствуваат Бога насекаде: во средината што ги опкружува и во чудесниот надворешен свет, во детската секојдневна и секојмиговна радост на живеење. Но, децата најлесно можат да го почувствуваат Бога во атмосферата на мир и на љубов којашто ги опкружува. И тука е целиот „проблем“: таквата атмосфера треба да владее во семејството. Мајката и таткото се должни да се сакаат еден со друг и да ги сакаат своите деца; во семејството мора да владее мир; родителите, имено, преку мирот треба да создаваат услови детето непречено да го восприема Бога и да ја восприема духовната сфера на животот. А тоа не се постигнува преку обреди, преку разговори за Бога на „птички јазик“ (од типот: Пази, Дедо Боже ќе те казни...), туку исклучиво преку личен пример за начин на живеење. Ако за мајката и за таткото Христос не е нешто надворешно, не е правило, не е обврска да се посетува храмот, не е „морков и стап“ во обидите за духовно воспитување, туку е најскапото, најважното и највредното за самите нив, тогаш децата без проблем ќе го доживеат Христос како Извор на мир, на добро и на љубов, нешта коишто постојат во семејството. Воопшто, сите нешта на еден или на друг начин се потпираат врз семејството. Какви сме ние, такви се и нашите деца...   

Тука треба да се одбележи еден мошне важен факт, кој придонесува за механичко восприемање на Црквата, за восприемање преку обреди. Тоа е формалниот пристап кон причестувањето, кога родителите се трудат да ги причестуваат децата што е можно почесто, но притоа самите тие не се причестуваат заедно со нив. На тој начин семејството не се изградува како мала Црква. Постои и проблем со исповедањето на децата. За детето главниот авторитет се – родителите, и тој не треба да заменува со авторитетот на духовникот; но, во повеќето случаи родителскиот авторитет му противречи на авторитетот на духовникот. 

Втората грешка е – неводењето сметка за спецификата на детското восприемање на светот. Повеќето денешни православни родители се воцрковиле на своја зрела возраст, преку читањето книги, преку посети на храмови, манастири, преку „возрасно“ осмислување на животот. Ние го немаме искуството на лично црковно детство, и затоа ги воцрковуваме децата како „мали“ возрасни луѓе. Но тоа е погрешно, затоа што децата го восприемаат светот поинаку. Нивната стихија е – движењето, играта и, како што веќе напоменав, непосредното восприемање на светот, не само материјалнниот, туку и духовниот. На децата им е тешко да се сконцентрирани подолго време, или неколку часа неподвижно да стојат на едно место. Затоа тие и спрема домашната молитва, и спрема богослужбата во храмот се однесуваат сосема поинаку од возрасните. Децата ја знаат и ја сакаат молитвата, и склони се да се молат; само, кај нив тоа трае неколку минути, подолго време тие не можат да се сконцентрираат. И децата треба да ги научиме во тие неколку минути вистински да се молат, односно да го отвараат своето чисто срце кон Бога, а не механички да ги читаат детските молитвослови додека мајката не го заврши своето получасовно молитвено правило.

Третата грешка – стремеж кон гетоизација. Светот околу нас е полн со соблазни, и природно е родителите да се стремат да го оградат детето од нив. Но, кај нас оградувањето од соблазните се претвора во маргинализација, во отсекување од социумот. Децата мора да се подготвуваат за живот во нехристијанска средина така што тие да бидат солта на земјата (Матеј 5:13), односно така што да израснат како активни, правилни личности, личности коишто владеат со современите технологии, образовани, развиени личности коишто умеат не само на нивото на црковноста (ниво од кое повеќето наши современици се мошне далеку), туку и на сите други нивоа во животот да се спротиставуваат на злото и на гревот и да сведочат за Христос, за луѓето да ги видат нивните добри дела и да го прослават Отецот Небесен (Матеј 5:16).

Што треба да се прави во врска со тоа? Пред сè, совршено неконструктивен е пристапот на „заплашување“, пристапот во сите нешта да се гледаат демони и ѓаволски рогови. Во рамките на таквиот пристап, современата светска култура се смета за излишна, па дури и за штетна, затоа што, нели, одвлекува од молитва и од сето она што е црковно. Плодовите на цивилизацискиот развој на општеството се објавуваат речиси како да се работи за сатанизам, којшто го подготвува доаѓањето на антихристот. Во врска со тоа, на децата им се забранува да се дружат со невоцрковени врсници, не им се дозволува да користат комјутер и сл. А резултатот е – децата растат неприспособени за живот, зашто, колку и да се трудиме, тие не можат да избегаат од овој свет; остануваат сирови, необразувани, културно и интелектуално неразвиени. Не можејќи да го најдат своето место во социумот, често се огорчени, а понекогаш за својата маргинална положба ја обвинуваат Црквата. Апостол Павле вели: „Клонете се од секакво зло“ (1 Солунјаните 5:21); „Сè ми е позволено, но не ми е сè полезно; сè ми е позволено, но ништо не сакам да завладее над мене“ (1 Коринтјаните 6:12). Од пропадливото влијание на овој свет, влијание коешто, безусловно, е присутно, не може да се из бега; на таквото влијание можеме само да му се спротиставуваме. И тоа спротиставување мора да се реализира не само на нивото на духовноста, туку и на културно и на социјално ниво. За таа цел децата треба да се вооружат со соодветен „багаж“: кај нив да се равива уметнички и естетски вкус, да се поучуваат во класичната уметност, музика, литература, да се развиваат творечките дарби кај децата, така што, при судир со денес доминантната агресивна антиестетска средина, нашите деца да имаат некаков културен „противотров“ со кој ќе се бранат од масовната псевдокултура. Меѓу другото, и самата црковност е совршено неразделна од културата; ако човекот не е културно воспитан, невозможно е да го прими како што треба и богослужбата, и црковната историја, и литературата, и уметноста. Културата не ì е непријател на црквата, туку нејзин прв сојузник; големата европска култура во својата сушнита е – христијанска, и родителите едноставно се должни да им ја пренесат на децата.   


Особено сакам да го истакнам спротиставувањето на православните земји спрема европската култура. Тоа е мошне опасен приод. Ако некаде треба да се бараат „сплетки“, тогаш главната сплетка е во – уништувањето на европската христијанска култура. Пред лицето на целосната дехристијанизација на светот, ние христијаните едноставно немаме право да не се користиме со таков сојузник каков што е европската култура. Ова особено е суштинско во воспитувањето на децата. Шекспир, Данте, Моцарт, Рембрант – сите тие се насушна потреба за културното воспитување. Православната уметност не може да се огради од тој единствен простор на христијанската мисла и естетика. Читањето на Дикенс, на пример, во многу поголема мера придонесува за спознавањето на христијанските морални вредности, отколку читањето на голем број квазиправославни автори. Книгите што денес им се предлагаат на децата се крајно идеолошки. Тоа воопшто не е литература, тоа е жалостен и недостоен кич – глупав, плиток и дидактички примитивен, кич кој врз децата манифестира крајно негативно вилјание.

Треба да се каже нешто и за спортот. Спортот денес ја заменува физичката работа, каква што постоела порано (а денес се задржала само по селата), така што и оние коишто не знаат за физичка работа, како и оние што работат во нерво исцрпувачки услови на современото производство, во спортот ја наоѓаат радоста од ослободувањето од нервната напнатост. На денешните деца и на младината им се мошне потребни различни спортски секции за борење, секции за различни источни борбени вештини. Совршено е јасно дека православните психолози и родителите при работа со деца и младите мора да посветат соодветно внимание на нивната спортска и физичка подготовка.

Но ние тука веќе преминуваме од нивото на индивидуалното, семејно воспитување кон црковноопштествено воспитување. Државата веќе не се занимава со потребните спортски секции, разни кружоци и слично, и Црквата чувствува природна потреба да го пеземе сето тоа врз себе. Но таа потреба не може да се реализира на општоцрковно ниво. Ние не можеме достојно да одговориме на општественото барање. На прсти од едната рака можат да се набројат православни педагози коишто работат со деца. Главниот и суштински проблем е  отсуство на соодветни работници. Кадрите заминуваа поради немање нормална плата за вложениот труд, како и поради тоталитарната бирократија. Системот функционира благодарение на неофитите, сè додека и тие не ја истакнат својата потреба од заработувачка. Односно, нештата постојано започнуваат од почеток: старите заминуваат а младите почнуваат од нула. Не е изграден тиражен општоцрковен систем на работа со деца. Одговорот зошто е така е очигледен. Црквата не сака да го плаќа тоа. Тука владее принципот „во името на Бога“: има ентузијасти  нека работат, нема да им се мешаме во тоа... Нема ентузијасти (зашто тие не можат да преживуваат хранејќи се со просфора)  па, што да правиме, ги нема. Се добива следнава слика: Црквата реално е незаинтересирана за социјална работа со децата и го оправдува тоа со излитена фраза дека сè што е околу нас е во катастрофална состојба... „Нема пари“ ... на една тркалезна маса о. Андреј Кураев исцрпно се произнесе во врска со тоа. Неговите констатација е: „Песната за тоа дека Црквата нема пари едноставно треба да се заборави“.  

Постои уште еден проблем. Сето досега кажано се однесува, на еден или на друг начин, кон паствата на нашата Црква. Но Црквата пројавува (во крајна линија, на зборови) интерес да се грижи и да ги решава проблемите и на оние деца коишто не ì припаѓаат директно на паствата на Црквата. Во општеството, во државните структури, постојат луѓе коишто по природата на службата или по налогот на срцето на еден или на друг начин се занимаваат со прашањата за рехабилитација, со организација на слободното време на децата и на младите, со градење на еден или друг систем на заемодејство на власта, на општеството и на онаа социјална група од населението за која сега зборуваме. Од гледна точка на Црквата, во таквата активност се можни и грешки  како реални, така и фиктивни. И тука се поставува прашањето: до каде може да се протегаат компетенциите на Црквата во разобличувањето на тие грешки и како, имено, Црквата треба да ги разобличува? Зашто, кога им се обраќаме кон оние кои не се свесно определени како христијани, кон оние коишто не се припадници на нашата паства, кога се обраќаме кон надворешните луѓе, нивното восприемање на нашите разобличувачки зборови е сосема поинакво.

Во наше време не е доволно само да се биде православен и на таа основа да се разобличуваат другите или да се бара нешто од нив. Денес е неопходно со дела да се докажува достоинството на својата вера и да се постапува соодветно на неа. Надворешните луѓе совршено јасно ја согледуваат состојбата на нештата  систематска детска и младинска социјална и рехабилитациска активност во црковниот живот не постои. Црквата нема желба да губи време со тоа. Но постои искуство коешто споменатите општествени дејци би го користеле. Тоа искуство главно е западно. Наместо да се снајдеме во него, наместо заедно да се трудиме со општеството и со власта, наместо да се користи позитивното во тоа искуство, Црквата веднаш се нафрла на активистите во таа сфера и на нивните идеи, прогласувајќи ги за глобалистички, за сатански... Неспорно, никој не е имун од грешки, но многу поконструктивно е реално да се обединиме и да работиме заедно, при што и грешките полесно ќе се поправат. Ние одиме по друг пат  квалифицирајќи ги како мрачни демони и обскурантисти, ние ги одбиваме од Црквата оние луѓе коишто сакаат да работат заедно со неа.   

Едно мора да ни е јасно: ние немаме никакво право да им диктираме нешто на надворешните луѓе. Денес авторитет за светот не се разобличувањата, туку делата. Ако ние имаме, на пример, алтернативен сецрковен систем на рехабилитација или на социјална адаптација на децата  тогаш, тргнувајќи од делата, би можеле на општеството да му предложиме свое искуство, подобро и поуспешно од западното или некое друго. Но, бидејќи такво нешто не постои, нашите зборови се обезвреднуваат и служат за дискредитација на Црквата. Воопшто, тука прашањето е пошироко и подлабоко. Имено, станува збор за Црквата. Дали ние се затвораме во гето, злобно укажувајќи на сето она што се случува наоколу, или во сè гледаме Божја задача за откривање на суштината и на убавината на Црквата, којашто секогаш творечки ја осмислувала и се користела со современоста  со средината, со социумот, со културата  за добробит на луѓето. Сега за сега, нашиот црковен живот покажува дека повеќе сме склони кон првото.

 

Подготви: д-р Драган Михајловиќ

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7622
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная