логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Почитувана моја М. В.

Барајте го, пред сè, Царството Божјо и Неговата Правдина“. Дали човекот го обезбедува тоа со својата телесна сила? Ако се трудите на телесен план, треба да се трудите и на душевен. Срцето свое исто така треба да се обработува, повеќе од лозјето. Ако човекот им дава плата на работниците наемници, колку ли повеќе Господ им дава на оние кои работат за него? А како треба да се работи за Него? Вие тоа сите го знаете. Треба да се молите и да се чувате, борете се со помислите, не карајте се поради неважни работи, попуштете еден на друг, дури и работата да трпи (подоцна ќе добиете многу стократно повеќе), брзо помирувајте се, откривајте ги помислите, почесто да се причествувате итн.

Може ли сето ова да се поврзе со трудот? Ако не сè, заради немоќта, сепак може многу. А, ако не работиме (а знаеме дека треба), тогаш барем да се смируваме и така да добиеме смирение, но никако притоа да се оправдуваме, бидејќи преку самооправдувањето се лишуваме од можноста духовно да возраснеме. Ако пак, не го работиме она за што сме должни, а згора на тоа, не ги трпиме и навредите и жалостите, и пред сè не се понижуваме и смируваме, тогаш не знам што да кажам. По што подобри ќе бидеме од неверниците? Затоа ве молам сите: претрпете ги навредите, укорите, човечките неправди, носете го бремето еден со друг за да го надополните со тоа недостатокот на духовното дејствување, а најважно е – бидете свесни дека сте достојни за сите навреди и незгоди („по делата ќе добиеме“).

Вам ви е познато, дека луѓето од последните времиња ќе се спасуваат преку жалости и незгоди. Зар сме иземени од тој закон? Не напразно советувале светите отци почесто (секојдневно, неколку пати) да помислиме на смртта, на судот, на неизбежното поднесување одговорност пред Господа за секој свој збор, дело, помисла, за лукавството, за пиврзаноста кон светот, за суетата, за сè тајно што Му е познато само на Господ и на нашата совест. Вие почесто сеќавајте се на тоа.

Господ нека ве благослови сите вас.


Извадок од книгата: Игумен Никон Воробјов, Со трпение спасувајте ги своите души, Скопје 2011, стр. 9-10

 

Извор: Бигорски манастир

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…
Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 4481
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 4265
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 3749
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…