 Малку вера имаме во Господ, малку доверба. Кога би имале  (во Господ) толку доверба колку што имаме во својот пријател кога ќе го замолиме нешто да не услужи, кога би имале само толку доверба, не би страдале толку ни ние ни нашата држава. Мислениот хаос кај нас и во нашата држава доаѓа од нашите мисли. Ние сме тие кои создаваме дисхармонија во мислите, и кога нашите политичари би биле истомисленици, не би била ваква состојбата. И не сме свесни дека во нас е Боженствената енергија, дека Боженствениот живот е во нас. Секој човек, како носител на Боженствената енергија, кога ќе се соедини со останатите, создава огромна енергија и непријателот бега од тоа, бидејки тука има хармонија, а таму дисхармонија. Кога нашите политичари (мисловно) ќе се соединат, ние не би имале непријатели, тогаш на непријателот нема да му вреди ниту оружјето, ниту војската, ништо.

Зошто и како да ги сакаме своите непријатели 
Ние сме созданија од Господ дарувани, но не умееме да живееме како што треба, и создаваме пекол околу себе. Владиката Николај раскажуваше како еден свештеник постојано бараше преместување во друго место. На тоа негово барање владика Николај одговорил: "Оче, со драга воља би те преместил каде и да сакаш, но само кога ти таму не би се понел самиот себеси." Владиката Николај уште вели: "Ако човек сам себеси не си наштети, не може ни самиот демон (да му наштети)."
Нам Господ се ни дарил и до нас е да бидеме добри. Доколку обрнуваме внимание на негативните особини на луѓето кои ни се обраќаат, не можеме да имаме мир и покајание. Зошто Господ наредува непријателите свои да ги љубиме? Не е тоа заради нив, туку заради нас. Се додека ние ја задржуваме во себе мислата за навредата која ни ја нанеле непријателите, пријателите, своите родени и ближните, ние немаме ни мир ни спокој, и живееме во пеколна состојба. Треба да се ослободиме од тоа зло, да го исфрлиме како ништо да не било, да се прости се.
 
Токму заради тоа родителите мораат многу да трпат во животот и во семејството со децата. Ние сега ги прекоруваме своите деца, а немаме право, бидејки не сме ги упатиле на прав пат. Една лекарка ми пишуваше писмо во кое вели: " Маж ми, кој исто така е лекар, и јас имаме еден син. Синот веќе три автомобили уништи, фала му на Бога што остана жив! Сега бара повторно да му купим автомобил, а ние не сме во материјална можност. Кога ќе си дојдеме од работа, тој од мене и од татко му насилно бара пари. Што да правам, како да го решам тој проблем? " Јас, на сето тоа, и реков дека тие никого не може да обвинуваат за тоа, бидејќи сето тоа е нивна вина. Имаат еден син и му чинеле се по воља, уште од мали нозе. Додека бил мал, имал мали побарувања, сега е поголем и побарувањата се поголеми. Единствено што сега им преостанува е да му посветат многу љубов и внимание на својот син, како би си дошол на себеси и би сфатил дека родителите му посакуваат се најдобро. Друг начин нема. Гледате како ние со своите мисли и желби можеме да го поправиме својот живот, и животот на своите ближни, па ви посакувам да бидете такви.
За мислите
Помири се сам со себе, па со тебе ќе се помири и Небото и земјата
Состојба на неискажан мир и радост
„Мир и Радост во Светиот Дух“ -
 Старец Тадеј  Витовнички 
Подготви : Сузана Стефановска
Монашкиот пат на Старец Тадеј
О.Тадеј: „Мислев дека сите монаси, свештеници и епископи имаат бесплатна благодат...“
Посети:{moshits}