логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Slavica.MihailovA2

Работи секој ден од утро до вечер, на височина, на не секогаш удобно скеле и во мачни положби на телото, речиси заборавајќи како е да се живее во нормален свет. Деновите ѝ изгледаат исто и непроменливо, единственото нешто што се менува е просторот на храмот. Тогаш, борбата со линиите и боите во бескрајните часови работа се претвораат во единство и убавина.
Се радувам искрено дека луѓето кои ќе го посетат храмот ќе ја најдат својата утеха, душевен мир и ќе се чувствуваат убаво што се во друштво со светиите кои литургиски ќе земат учество во црковниот живот.

Slavica.MihailovA1

фото – приватна архива

Првпат се сретнала со иконографијата на 17 годишна возраст, но клучен е понатамошниот пат кој го сфатила како вистински предизвик. Следува „Националната Ликовна Академија“ во Софија, дипломирање, првата самостојно работа во ателје, средбата со професорот по иконографија од Атина, д-р Јоргос Кордис, кој станува нејзина најголема инспирација и кај кого посетува приватни часови во Солун. Понатаму, Славица продолжила на магистерски студии на Академијата за Уметност и Конзервација во Белград, кај проф. д-р Тодор Митровиќ, кој ѝ го поттикнал истражувањето и пронаоѓањето на сопствениот стил. По иницијатива на професорот Кордис била создадена интернационалната група „Икона“ во која членуваат еминентни имиња од областа на иконографијата од сите православни земји, а меѓу нив и Славица, па сè почести се и поканите за работа во Грција, Америка и Европа, како и изложбите на сите страни на светот. Во 2018. со своето портфолио се претставила кај Европскиот митрополит, владиката Пимен, кој и самиот е уметник, кој ја ангажирал да го слика параклисот на „Пресвета Богородица“ во Љубљана. Оттогаш нивната соработка не прекинала.

Речиси пред една деценија ја освои Грција со своите дела, но и Норвешка, Франција…Како Грците гледаа тогаш на Македонка – иконописец, а како денес? Како се случија твоите чести покани за ангажмани во Европа?

– По иницијатива на проф. д-р Ј.Кордис беше создадена интернационалната група „Икона“ во која членуваа еминентни имиња од областа на иконографијата од сите православни земји. Јас бев поканета да бидам член и претставник од Македонија. Тоа не беше никаков проблем за никого, ниту за некој од членовите на групата, ниту за некој од посетителите на нашите изложби. Никогаш не се спомнало тоа од каде сум, туку едноставно секој го гледал тоа што го работам. Јас работев и во тимот на професорот во две грчки православни цркви во Солун и во Америка, и никогаш нема да ја заборавам гостопримливоста и љубезноста на сите луѓе кои доаѓаа во црквата додека сликавме. Во ниеден момент не сум почувствувала некаква разлика затоа што доаѓам од Македонија. Зограф во Грција е многу ценета професија и таму луѓето со огромна почит гледаат кон тој што слика икони и фрески сметајќи го за благословен од Бога.

Со групата „Икона“ беа остварени многу изложби насекаде низ светот, и тоа беше еден прекрасен период во мојот живот во кој потполно бев посветена на иконата. Посетувавме симпозиуми, заедно сликавме, а на крајот од секој симпозиум имаше т.н. тркалезна маса каде се зборуваше за иконографијата во минатото и во денешните времиња. Такви дијалози, за жал, овде кај нас, сè уште нема. Затоа сум премногу благодарна што можев да бидам учесник на тие бесценети средби со познатите иконописци од различните држави од кои имав можност да впивам знаење и искуство. Во 2018 година, со моето портфолио се претставив кај Европскиот Митрополит Владиката Пимен, кој и самиот е уметник, и за моја среќа му се допадна моето дотогашно творештво, па реши да ми даде шанса и ме ангажираше да го сликам параклисот на Пресвета Богородица во Љубљана. Оттогаш нашата соработка не е прекината, многу добро се согласуваме, тој ја прави програмата што и како ќе се слика во црквата и кога е во можност ми е и помошник за основните работи, позадини, ореоли, орнаменти. Останатиот дел од фрескоживописот го работам сама.

Неодамна се врати од Дортмунд, Германија, со каков предизвик замина, а со каква мисла се врати?


– Заминав со предизвик со каков што вообичаено се среќава секој зограф. Кога ќе застанам среде белите ѕидови на црквата, се чувствувам како мравка која треба да се справи со огромен простор .Кога обемноста на работата е голема, се соочувам со предизвикот и тежината на отсуството од домот на подолго време и, секако, со сите работи кои ми недостигаат од дома, моето сакано ателје полно со слики, започнати платна, скици, црежи, многу бои, четки и секакви сликарски материјали, каде го поминувам секој слободен момент од денот. Работам секој ден од утро до вечер, на височина, на не секогаш удобно скеле и во мачни положби на телото. Потребна е огромна посветеност и фокус и речиси и да заборавам како е да се живее во нормален свет. Деновите изгледаат исто и непроменливо. Единственото нешто што се менува е просторот на храмот, почнува да добива лице и облик, и понекогаш од необјасниви причини се случува сè да станува убаво. И борбата со линиите и боите во бескрајните часови работа се претвораат во единство и убавина. Се работи со душата и со срцето. Сепак, овие долги денови на работа имаат нешто уникатно и шармантно. Полека, како што белината околу мене се намалува и просторот се исполнува со светителите, а во црквата доаѓаат посетители чија радост се чита од нивните лица, се заборава сиот тој умор и доаѓа повторно сила за работа. Таа мисла секогаш ме радува кога ќе се вратам дома и кога после напорната работа одмарам. Се радувам искрено дека луѓето кои ќе го посетат храмот ќе ја најдат својата утеха, душевен мир и ќе се чувствуваат убаво што се во друштво со светиите кои литургиски ќе земат учество во црковниот живот.

Што се случува со иконографијата денес? Дали строго ги следи каноните или постепено се менува?


– Уште во 9 век патријархот Фотиј запишал дека зографот треба да најде сликарски начини кои треба да бидат свештено достојни за да ги наслика иконите-образот на светците. Со други зборови, сликарското создавање на иконите не е самоволен избор на зографот туку се потчинува и ги следи потребите на телото на црквата. Сите ние треба да ја зачуваме иконографската традиција со запазување на образот на насликаните светци. Така се зачувува единството на верата и црквата на едно визуелно ниво. Стилот може да претрпи разни промени,како што впрочем тоа се случувало низ вековите. Византискиот стил на сликање е ненадминат и од голема важност бидејќи неговите ликовни решенија имаат огромна функционалност во прикажување на духовното,односно создавање на естетска врска меѓу иконата и набљудувачот.

Slavica.MihailovA3
Сликарското создавање на иконите не е самоволен избор на зографот туку се потчинува и ги следи потребите на телото на црквата.

Фото – приватна архива

Никој од нас не менува канони, туку во сооднос со каноните се обидуваме да работиме на еден покреативен начин, размислувајќи како византиските мајстори во нивното време. За среќа, во последно време веќе и во Македонија постојат зографи кои почнуваат да работат на еден послободен начин, нешто што е многу убаво и според мене така сите оставаме свој сопствен печат во времето во кое живееме.

Дали иконата треба да бара дијалог со современиот човек или за неа е поважен дијалогот со вечноста?

– Христос е ист и вчера и денес и утре, што значи секогаш е современ. Затоа ние зографите немаме потреба да го уподобуваме Христа кон човекот од век во век, туку човекот треба да се уподоби на Христа. Бидејќи токму тоа уподобување е смислата на нашиот живот, преку живеењето во овој свет да се подготвиме за живот во Царството Небесно. Иконата е еден прозорец низ кој ѕиркаме во вечноста, затоа слободно би кажала дека низ тој прозорец сме повикани на дијалог. Дијалог на современиот човек со Бога во вечноста.

Колку од модерната технологија вметнуваш во иконите, или повеќе се користат истите материјали и урнеци од античко време?

– Невозможно е да се користат истите материјали од минатите векови. Јас ги живеам и ги применувам материјалите што се произведуваат во денешно време при фрескоживописувањето, но сепак за сликање на икона ја користам техниката што ја користеле зографите во минатото, тоа е јајце и пигменти,техника која се покажала дека е најиздржлива низ вековите. При работата во црквите ја користам техниката секо -сликање врз сув малтер со пигментни бои и акрилни емулзии,а некаде сликам на платно кое потоа се монтира на ѕид. Значи сепак ги користам сите можности кои ни ги пружа овој 21 век.

Slavica.MihailovA4

Изобразувајќи ги ликовите на мноштвото светители кои ги красат и оживуваат црковните ѕидови трагам по таа прекрасна средба помеѓу мене и светителот.

Фото – приватна архива

Колку општеството е подготвено за иновации во црковната уметност? Или луѓето сакаат црквата да остане некаква константа?

– Како што кажав погоре, меѓу нас припадниците на оваа генерација зографи веќе постои желба за иновации во црковната уметност. Морам да напоменам дека такви разговори поинтензивно се водат во останатите православни земји и тоа уште одамна, отколку кај нас. Но искрено верувам дека таа поединечна желба за иновации во црковното сликарство ќе не обедини нас македонските зографи да го следиме примерот од нашите православни соседи како би можеле да оставиме белег низ вековите. Честа беше моја да го запознам проф. Кордис во 2010 година бидејќи уште од тогаш таму беше почнат тој процес. И покрај полезноста која би произлегла од оваа желба за креативност во црковната уметност сепак сметам дека наместо пребрзан скок, треба да сме во едно мирно патување и уверено движење за да создадеме едно личностно дело кое ќе биде во функција на црквата, а не да создадеме нешто кое нема да функционира и нема да биде препознаено од црковните авторитети и од народот.

Се вели дека секое успешно дело треба да биде резултат на сериозна потрага, да носи нешто важно, некакво откритие – за Јован Крстител, за Богородица, за ликот на Христос. По што трагаш додека ја изработуваш иконата?

– Изобразувајќи ги ликовите на мноштвото светители кои ги красат и оживуваат црковните ѕидови трагам по таа прекрасна средба помеѓу мене и светителот, било тоа да е Христос, Богородица или некој друг светец. Во моментот кога ќе почувствувам дека ни се сретнале погледите,ни се сретнале душите,сум го почуствувала мирот на нивното присутство завршува потрагата. Тоа не е се случува секогаш,но кога ќе се случи тогаш тоа е трепет на срцето и моја голема радост.

Slavica.MihailovA5

Како може еден иконописец да ѝ пристапи на слободата на уметноста?

– Иконописот нè оганичува во нашата слобода, но не сосема докрај, затоа и колку и да изгледаат слично сите фрески насликани од почетокот на христијанството до денес,токму слободата на сликарот е онаа која го дава личниот печат на секој еден зограф. Нашата слобода се состои баш во тоа да бидеме слични еден на друг учејќи од големите зографи од минатото, но сепак различни и слободни во нашето сликарство да вградиме дел од нас. Сепак, не сите зографи се врзани само за фрески и икони. Еве, барем јас лично, својата слобода ја изразувам сликајќи и други секуларни дела. Пред неколку години создадов серија на портрети на девојки,во кои го искористив византискиот сликарски стил, комбинирајќи го со елементи од реализмот и апстрактната уметност. Голем љубител сум и на апстракциите кои ми овозможуваат да се ослободам и буквално да експериментирам со разни композиции и техники, и секако уживам при сликање на апстрактни пејзажи кои претставуваат сегменти од разни мои патувања и сеќавања на моменти каде сум се восхитувала на бројни пејзажи насекаде низ светот. Исто така многу сакам да фотографирам и околу мене да барам композиции и атмосфера,специјална светлина, убавината на зајдисонцата, прекрасните бои на природата, сето она што нашиот Бог го создал како единствен Творец. Имам премногу идеи кои се надевам во иднина ќе ги насликам зашто мојата четка никогаш не мирува и за мене сликањето е исто толку важно како и јадењето и спиењето.

Slavica.MihailovA6


„Не се истрчувајте пред Бога, дозволете Му да управува со вашите чекори. Тој има Свои планови, има Свое време. Божјите часови никогаш не брзаат и никогаш не доцнат ‒ тие секогаш доаѓаат навреме“.

фото – приватна архива

Што научи од нашите отци, која мисла особено ти е прирасната при срце?


– Според мене, одлика на еден зограф треба да биде неговиот континуиран духовен живот во црквата. Особено поради тоа што за да се биде добар зограф треба постојано да се препрочитуваат житијата на оние светци кои ги изобразуваме. Читајќи ги тие нивни житија сум се сретнала со многу нивни поуки кои секогаш ми даваат духовна поткрепа и мир. Така, сум пронашла многу мисли од светите старци и отци на црквата кои ми оставиле впечаток и на кои често се сеќавам и се трудам да ги применам во секојдневниот живот. Старечникот, една книга која е зборник на мудрите мисли од првите векови на монаштвото, е книга која изобилува со прекрасни мисли и мудри совети. Меѓу нив е и мислата на авва Доротеј која ми прираснала при срце, а која гласи:

„Не се истрчувајте пред Бога, дозволете Му да управува со вашите чекори. Тој има Свои планови, има Свое време. Божјите часови никогаш не брзаат и никогаш не доцнат ‒ тие секогаш доаѓаат навреме“.

Ова, според мене, е една од најголемите вистини што сум ги прочитала. Исто така, многу ги почитувам размислувањата на о.Александар Шмеман (еден наш современик) кој оставил длабок печат врз мене. Затоа би споделила со вас една прекрасна и многу вистинита мисла и од него. Во неа тој ја напоменува разликата помеѓу добриот и моралниот човек. За да не парафразирам би ја пренела интегрално:

„ Добар човек. Морален човек. Помеѓу нив двајца е огромна разлика. Добар човек е добар затоа што ги „прифаќа“ луѓето такви какви што тие се, ги „покрива“ со својата добрина. Добрината е прекрасна, нешто најпрекрасно на земјата. Моралните луѓе се активисти кои зеле обврска и тежнеат на другите луѓе да им наметнат принципи на „добро“ и кои лесно паѓаат во осудување, гнев и омраза. Во светот има многу морал, а толку малку добрина.“

Јас сосема се согласувам со констатацијата на о.А.Шмеман бидејќи навистина сметам дека добрината е најпрекрасното и многу ретко нешто на светот, и верувам дека светот постои токму заради тие малку добри луѓе кои се останати во денешнината.

Кој е следниот предзивик?

– Мојот следен предизвик е да продолжам и да завршам со фрескоживописот во црквите „Св.Никола“ во Мајнц и „Св.Кирил и Методиј“ во Дортмунд –Германија како би можела да се израдувам со комплетно завршените проекти. Во меѓувреме, ми остануваат обврските да ги доработам апостолските икони за иконостасот во црквата „Св.Вартоломеј и Св. Прохор Пчињски“ во Пјаченца-Италија, и да ги доработам големите композиции изработени на платно за Неиве –Италија, а предвидено е да се продолжи со фрескоживописувањето на црквата „Св.Злата Мегленска“ во Загреб, Хрватска.

Но, предизвикот никогаш нема да престане и кога сите овие завршени дела ќе останат зад мене ќе продолжам да трагам во уметноста и фрескоживописот како би можела да го најдам моментот во кој ќе го достигнам врвот на мојата кариера.

Slavica.MihailovA

Slavica.MihailovA7

Slavica.MihailovA8

Slavica.MihailovA9

Во меѓувреме, во потрага по погореспоменатиот момент секогаш кога ми останува малку слободно време и простор, ќе потонувам и ќе се ослободувам од нормите на класичниот живопис низ колоритниот свет на експериментите со бои и техники што ми носат голема радост. Преку сето тоа верувам дека ќе го доведам до крај оној мој нов проект на таа тема што засега ќе го задржам во тајна до моментот на неговата конечна реализација.

 

https://espreso.mk/slajder/razgovor-so-slavicza-mihailova-zograf-slikajki-tragam-po-taa-prekrasna-sredba-megu-mene-i-svetitelot/?fbclid=IwAR1_RywWEvSlwoMSxSrmK3g4fHycyCIynEofoXPLOy2hv10kKBgVFeZe5jA

 

 

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7705
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

24/12/2024 - вторник

Божикен пост (пост на масло)

Преподобен Данило Столпник; Преподобен Лука Столпник; Преподобен Никон Сувиот; Светиот маченик Миракс;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная