логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

TViTer814

 РАЗГОВОР СО ОТЕЦ СЕРАФИМ ОД МАНАСТИРОТ „СВ. ЈОВАН ПРЕТЕЧА“ ВО СЛЕПЧЕ

На почеток кажете ни нешто за манастирот „Св. Јован Претеча“, како еден од најзначајните монашки и духовни центри во историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

– За постоењето на манастирот „Свети Јован Претеча“ во Слепче постои претпоставка дека потекнува околу 5 век, за која постојат одредени фактографски податоци што произлегуваат од делата на слепченските ракописи. Се појавува како жива Света обител на карта во 6 век, која ја поседува манастирот и одредени други установи. Постоењето на манастирот се поврзува и со слепченската плитка резба, која е наследство на орнаментиката и техниката на резбата што ја шират Готите во 4 век на просторот на Преспа, Демир Хисар, каде што тие како ударна сила на светиот император Константин Велики се наоѓаат долг период. Важно е да се напомене дека нивната резба, како и орнаментика, беше предмет на испитување од страна на сестринството на манастирот, кое отпатува до скандинавските земји, особено во музеите во Осло, Норвешка, каде што се направи научно класифицирана споредба на резбата и орнаментиката. Мора да напоменеме дека првиот христијански готски епископ Улфила во 4 век направил превод на повеќе богослужбени книги, а за тоа дело Св. Јован Златоуст има напишано и пригодна пофалба, за таа со љубов проткаена дејност.

Потоа во времето на великиот Климент Охридски ќе стане ставропигијален манастир на Охридската архиепископија, со огромен број глаголично пишувани преводи од старогрчки, арамејски, латински. Неговата ставропигијалност и по послушание дејност, на охридскиот епископат ќе биде препознаена во науката со големи титулари, кои им прилегаат на ретко чуваните постојни списи во светот. Така, на пример, Слепченскиот апостол, кој е палимпсест од 10 век, ќе добие и латински назив Slepcensis apostolae. Потоа, страниците зачувани од Асемановото eвангелие, кое е Слепченско и е заведено во Ватиканската библиотека под бр. 3. Мноштво дела ќе се нижат (од кои денес се зачувани над 800 ракописи) и плејада монаси низ вековите, сè до првата половина на 19 век, кога монасите немилосрдно се убивани, затворани, прогонувани, а во 1780 година маченички пострада и светиот егумен Кипријан Слепченски.

Денес, заради љубовта, а особено поради должноста што ја чувствуваме спрема нашите предци, нашиот благоверен народ, нашите незнаени и знаени молитвеници што коленичат пред Бога, Господ, Оној Кој е насекаде и сѐ исполнува, благоизволи земјата да ги исфрли закопаните слова, воздухот да ги состави раскинатите реченици, духот да ги обзнани вистините што беа потпора, очи, и знамениа на народот што го славеше Бога, а сега, се и ќе бидат возглавени во мноштво тропари, славословија, молитвословија, акатисти, псалмопеења, кои од длабокиот бунар на македонската охридско-слепченска заорана нива се подигаат ко гејзир, но не заради поробување, освојување, туку заради умножување и споделување на благодатта на овие води, кои многупати сакале луѓето да пресушат, но Бог не дал, туку подал уште многу извори што сега бликаат и насекаде се шират при Бога создадениот свет.

Така што денес продолжуваме онаму каде што никогаш човекот не застанал, бидејќи човек е од причина што Бог е Оној Којшто е.

Наближува Божиќ – денот на Христовото раѓање, каква порака им испраќате на верниците?

– Хрстос се роди! Кога зборуваме за пораки, 2.000 години постојат пораките за воплотувањето во тело на Оној Кој е Дух, но како никогаш досега не се заборавило сето она што му е должност на човекот, односно да не биде телесен, туку да биде духовен. Бог е Дух и Он заради нас тело прима, да стане сличен на нас и како крајност за Неговото воплотување да ги земе нашите гревови. Останува да се запрашаме, дали ние што живееме во светот и неминовно сме телесни, ќе станеме духовни? Дали ќе ги отфрлиме сите телесни мудрувања, кои преку нашите сетила и заматеност на умот предизвикуваат да сме самољубиви, саможиви, горделиви, славољубиви, среброљубиви итн…? Дали ние ќе ја разбереме мудроста на Оној Кој СТАНА ЕДЕН ОД НАС, за да ни го покаже вистинското живеење, вистинското доживување на реалноста, вистинските големини на љубовта, која потекнува од симбиозата на надежта и верата, која излегува и се раѓа од соборноста и неразрушливоста на таа соборност, содржана во зборовите едно да сте како Ние што сме Едно. (Јов. 17,21) Постоењето на човекот поради неговата паднатост се манифестира во животот во овој свет преку неговото самољубие, а сега воплотениот Христос ни станува Пат, Вистина и Живот. Треба само да Го следиме: Патот на љубовта – секого да го возљубиш дури и повеќе од себеси; Патот на вистината – човекот е создаден за вечност, малку нешта се квалитетни во животот за да им обрнуваме внимание, зашто сѐ е суета и ако е така, да се држиме до реалните вредности кои што одек имаат во вечноста; Патот на животот – живи сме ако нашите дела имаат своја трајност и се проткаени со една мисла да послужиме во краткиот временски период, кој на земјава го нарекуваме живот. Да послужиме до самозаборав, да послужиме надминувајќи ја смртта, значи со целото битие свое, заради животот на другите, кои не го разбрале самото служење. Ако така се преумиме, ние ќе го разбереме Христовото раѓање, односно Божјото воплотување и Неговата цел. Христос се роди!

Македонците како да го изгубија вистинскиот пат по кој треба да се движат. Денес кога македонскиот народ се соочува со голем број политички и социјални проблеми, како да се соочи со овие тешкотии, кое е решението?

– Секој народ што се оддалечува од Бога и божјото учење го губи патот, со други зборови ја губи смислата на неговото постоење. Во историјата многу народи го живееле тоа и се слеале во ништавилото. Секој човек има име и ако е христијанин се труди тоа име да биде прифатено во вечноста. Во името на човекот се содржат делата негови, дела по вера што сведочат за неговото реално постоење. Кога зборуваме за народ, ниеден народ не смее да дозволи да се слее во ништавилото, бидејќи тоа го нарушува поимот Црква: Црква е народот Божји собран околу својот епископ на Света Литургија и ПРИЧЕСТЕН. Ако македонскиот народ ги има „европските вредности“, кои во голема мера го нарушуваат божјото устројство во многу домени, тој ќе стане ништожен, ќе се слее во минливоста на ништавилото. Кога зборуваме за „европски вредности“, ние не помислуваме на вредностите што ги имаат народите во Европа, туку на она што се зборува, а не се извршува. Кое се ветува, а не можеме да го видиме, кое кажуваме дека постои, а живот во себе нема.

Во денешно време, да не можеш името да си го кажеш, да не можеш да се дефинираш во природните граници на постоењето, да се бориш за здив, бидејќи друг ти укажал на тоа што можеш и не можеш, а ти немаш право на глас – тоа не се вредностите на европските народи, туку политика, политика на одредени размислувања или центри за размислувања, кои во себеси содржат мноштво забрани, а зборуваат за демократија и слобода. Во нашата историја, иако овој народ крвавеше стотици години, тој не доживеа целосен погром, само заради тоа што се држеше до Христовото учење.

Ние, живеејќи во оваа 2022 година, ќе кажеме: нека моите зборови ги памети вселената, мене ќе ме нема, но тие ќе останат: сакам да сум со Христа – слуга Негов, но слободен во животот и ослободен од сите врски на овој свет, па макар и моето постоење на земјата да биде само еден миг.

Денес на македонскиот народ му се негираат неговите национални особености – јазик, историја, култура итн., како треба да постапи?


– Како треба да постапи? Добро прашање, би сакале вас да ве прашаме – како треба да постапи синот? Како би постапил ако не мудро, а таа мудрост треба да се темели на учењето од отецот, таткото, оној што го родил, оној што ноќи за него не проспал и се грижел за неговото подигнување. Ако така постапи овој народ, тој ќе има континуитет во историјата, а и наследство во небесното царство, бидејќи ќе стане дел од божјиот народ. Кога зборуваме за континуитет, ние ќе кажеме дека имаме не посебности во однос на кој било друг човек, туку особености во кои бевме воспитани во историјата на нашето постоење. Не можат да нè негираат, туку можеме сами да се негираме, ако од прво одделение преминеме во четврта година средно, пропуштајќи 12-13 години основно и средно образование, можеме сами да се негираме ако заборавиме на најсовршената азбука глаголицата, со која се облагороди говорот на овие наши краишта од страна на светите Кирил и Методиј под духовно водство на великиот Фотиј, ако заборавиме и не се поучиме и не прогледаме колкава војна низ вековите се водела за да се обезвредни Христовото учење, кое Македонецот го измоли да биде пренесено од великиот Павле – апостолот. Ако заборавиме што е тоа на нашиот стар говор зборот человјек – вечно чело, битие создадено за вечност. Ете зошто Балканот е извор на најголемите судири помеѓу цивилизациите и во цивилизациите место каде што се кршат копјата на лагата и вистината, област каде што небото земјата ја допира, а од каде што земјата кон небото повикува. Затоа народе знај, и во пештери, земни бездни, и од подводни извори, долини и врвови на планини, никнат и се пробиваат ластари што некогаш, сега и секогаш, ќе повикуваат кон Господа да се спаси она што во Него верува.

 

https://novamakedonija.com.mk/pecateno-izdanie/da-se-drzhime-do-realnite-vrednosti-shto-imaat-odek-vo-vechnosta/?fbclid=IwAR2WXon653PUicgJ9mh9Ks14A5jWAaAhbuCPXgqjzF2qe1yZwv1As1Je9Yc

 

 2023 g.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3139
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7619
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная