логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 3.angeli.so.truba

Сите помесни православни цркви и денес ги користат најповолните моменти и можности за нивното возобновување како автокефални цркви и патријаршии, па така и овие најнови случувања во православниот свет, во односите меѓу Цариградската патријаршија и Руската црква, во односите меѓу соседните земји на Балканот, ред е да ги искористи и нашата црква, вели во интервјуто за МКД.мк владиката Петар, кој е главниот преговарач со Цариград.

Како вовед во одговорите на нашите прашања во однос на можното признавање на МПЦ-ОА од Цариградската патријаршија, владиката Петар смета дека е неопходно кратко запознавање со мал дел од „историјата на нашата света македонска православна црква, Охридска архиепископија (МПЦ-ОА)“.

Како православна црква на овие наши македонски простори, имаме авторитет на апостолска црква, бидејќи и во Светото писмо и Светото предание, но и во учењето на светите отци, е запишано дека првата црква на Балканот, но и пошироко, е организирана токму во Македонија, во градот Филипи, од Свети апостол Павле, на неговото Второ апостолско патување. „Дојди кај нас во Македонија и помогни ни“ (Дела 16, 9), го повикал Свети Павле еден Македонец. Тоа го потврдува и Свети апостол Павле, кој вели: „Словото Божјо најнапред се заврза во Македонија“.

Секако ние Македонците и другите народи во Македонија, оттогаш до сега во континуитет сме останале (најголемиот дел) православни христијани, а нашиот народ за разлика од другите (Србите, Хрватите, Бугарите...), нема масовно (посебно) крштевање како народ, освен спонтаното, почнувајќи од Светиот апостол Павле. На нашиве простори, поконкретно во нашава држава Република Македонија, постоеле две организирани цркви. Првата е Јустинијана прима, организирана од Светиот цар Јустинијан, кој е роден во селото Таор (Tavrision). А втората е во времето на царот Самуил Македонски, како што го нарекува него и царството негово македонско, еминентниот руски историчар Георгиј Острогорски во неговата историја, и најдаровитиот, по Свети Сава српски, српскиот владика Св. Николај Велимировиќ во неговиот пролог.

Покрај сите искушенија со згаснувањето на Јустинијана I во 602 година, и укинувањето на Охридската архиепископија, од која се одвоиле две епархии, и е создадена во 1219 година Печката архиепископија, а од 1346 патријаршија, укината во 1766 год, следувало, идната 1767 година укинување на Охридската архиепископија.

Ниту еден од соседните народи и цркви не ја обновил Охридската архиепископија: ниту Србите, кои во денешно време преку „измислената ПОА“ сакаат да ја присвојат, ниту Бугарите, кои си ја обновиле Трновската патријаршија, укината во 1394 година, како Бугарска егзархија во 1870 година, а во 1950 година, призната од Цариградската патријаршија, како патријаршија.

Дали се согласувате со оценката дека најавите за разврската на прашањето за признавањето на МПЦ-ОА од Цариградската патријаршија, е историска шанса за црквата и за македонскиот народ?

- Нашиот македонски народ, постојано и во континуитет се борел да си ја обнови Охридската архиепископија, почнувајќи само по 10 години од укинувањето, а потоа и при сите обиди за создавање на македонска држава во време на востанијата во Отоманската империја, почнувајќи од првото во 19 век, Негушкото во 1822 год, потоа Разловечкото во 1876, а пак во Македонското (Кресненското) во 1878 година, дури и во Уставот постои член за обнова на Охридската архиепископија како црква на нашиот Македонскиот православен народ. Но, исто така и на Илинденското востание во 1903 година, кое почнало со биењето на камбаните на црквата Свети Никола во Крушево, што било и причина Турците да ја изгорат. Најизразен бил обидот за обнова на Охридската архиепископија кон крајот на 19 век, во времето на скопскиот митрополит Теодосиј Гологанов.

Најповолни услови за возобновување на нашата црква, Охридска архиепископија, се создадени дури во бившата ФНРЈ, па така во 1958 година, на вториот црковно-народен собор, повикувајќи се на одлуките од првиот црковно-народен собор во 1945 година и Свештеничката конференција во 1946 година во Скопје, е обновена Охридската архиепископија во лицето на МПЦ, а во 1959 година со Одлука (Томос) на СПЦ, е признаено нејзиното возобновување со име МПЦ. И оттогаш Уставот на СПЦ (како што стои во нивната одлука) не важи за епархиите во Народна Република Македонија, кои се издвоиле во посебна самостојна црква. Понатаму, единството на МПЦ со СПЦ, е само преку персоналната унија меѓу СПЦ и МПЦ на патријархот, кој се потпишува како патријарх српски и македонски, како и патријарх на СПЦ и МПЦ (+ Герман).

Недоразбирањата помеѓу СПЦ и МПЦ се последица на инсистирањето на СПЦ да ја ревидира својата одлука од 1959 година, со која ја признава МПЦ како самостојна црква, со намера потоа да ја врати состојбата на МПЦ во Република Македонија како што била пред Втората светска војна.



По примерот на сите укинати помесни цркви на Балканот и пошироко, ние најнапред се обративме до СПЦ, од која добивме апостолско преемство да ја признае самостојноста на нашата црква, сега како целосно одвоена од СПЦ, бидејќи патријархот Герман се откажа од персоналната унија на двете цркви преку неговата личност и престана да се потпишува како патријарх српски и македонски, и како патријарх на СПЦ и МПЦ, туку само како патријарх српски и на СПЦ.

Оттогаш, па сè до денешен ден, следуваа невидени притисоци од СПЦ за наше враќање во СПЦ, но само како автономна, а не самостојна црква. Сите помесни православни цркви до денес ги искористиле најповолните моменти и можности за нивното возобновување како автокефални цркви и патријаршии. СПЦ, и првиот, и вториот пат, се здобива со самостојност и автокефалност во време на испразнувањето на патријаршискиот престол на Вселенската (Цариградска) патријаршија. Факт е дека сите помесни православни цркви, обновени или организирани по вселенските собори, добиле Томос за автокефалност од Цариградската патријаршија без исклучок. Токму затоа СПЦ секогаш на билатералните разговори нè упатуваше да бараме автокефалност од Цариградската патријаршија, која е единствена што дава Томос за автокефалност како првопрестолна. А кога веќе се огласи Цариградската патријаршија дека има намера да го реши нашиот статус како автокефална црква, по немањето желба од страна на СПЦ, по 60 години од возобновувањето на Охридската архиепископија, конечно да го реши нашето прашање, сега следуваа закани. Не само врз нашата црква, туку и врз Вселенската патријаршија, која континуирано ѝ укажуваше на СПЦ да го реши нашето прашање, за кое веќе се водеа неофицијални билатерални разговори меѓу СПЦ и МПЦ, а од 1992 година и трилатерални разговори, вклучувајќи ја и Цариградската патријаршија.

Во овој период направени се повеќе средби на ниво на комисии меѓу СПЦ и МПЦ, но и две трилатерални средби во Цариград, под претседателство на Цариградската патријаршија.

Очигледно е дека ни се дава најповолна можност за решавање на нашето прашање како автокефална црква. Кристално чисто е јасно дека во нашиот случај нема канонски пречки, па затоа Цариградската патријаршија го користи апелациското право во вакви случаи, да го реши нашиот автокефален статус. Ова особено и по укажувањето на Цариградската патријаршија за немањето желба на СПЦ конечно да се реши нашиот автокефален статус, посебно откако нашата држава Република Македонија стана суверена држава, па на тој начин исполнети се сите услови, согласно 17-то правило на Четвртиот вселенски собор.


Општа е оценката дека се работи главно за политички интереси, за политичка игра и меѓу Москва и Цариград, и Грција и Турција.., па можеби е ова најдобра шанса која треба да се искористи?

- Факт е дека речиси сите помесни православни цркви ги користеле најповолните политички прилики за нивното признавање како автокефални цркви, но и дека укинувањето на автокефалните цркви се случувало токму во време на промената и освојувањето и потчинувањето на суверените држави и територијални единици. На пример, при поделбата на Македонија со Букурешкиот мировен договор на 10 август 1913 година, секоја соседна суверена држава, полагала право да ги стави под своја јурисдикција териториите што биле освоени или окупирани, и во истите да ја прошири својата јурисдикција на тие територии на соодветната помесна црква. Па така за време на Втората светска војна, во Македонија имаме јурисдикција и на Цариградската патријаршија, и на Бугарската егзархија, и на Српската православна црква, дури и на Албанската православна црква.

Но, кога е во прашање давањето на автокефалност на некоја црква, мораме да правиме разлика меѓу условите што ги исполнуваат тие цркви, дали во минатото постоеле, па се обновуваат или се новоформирани, како и за составот на народот, односно на нациите во соодветната црква, дали огромното мнозинство припаѓа на еден народ или станува збор за приближно мнозинство.

Дали ова значи дека во однос на признавањето од Цариград и за нас може да се примени украинското сценарио?

- Не може да се прави споредба помеѓу Украинската и Македонската православна црква, бидејќи под други услови се дава автокефалност на Украинската црква, чие население е скоро пола на пола, украинско и руско, а таму веќе постоеше автономна Украинска црква под јурисдикција на Московската патријаршија. А кај огромното мнозинство на православните е македонско, но во состав на нашата црква имаме и Срби, Власи, и Роми... Недоразбирањата меѓу Цариградската патријаршија и Руската православна црква (Московска патријаршија), неминовно ќе се надминат, доколку се има добра волја и се применат каноните на православната црква и практиката на признавањето на автокефалноста од страна на Вселенската патријаршија.

Тоа т.н. апелациско право на Вселенската патријаршија во овој случај навистина може да значи пресвртница на МПЦ-ОА.

- Примената на апелациското право на Вселенската патријаршија за признавање на автокефалноста на нашата црква може многу да помогне и во помирувањето помеѓу Цариградската патријаршија и Руската црква. Со нашето признавање ќе се исправи една голема вековна неправда на просторот на нашата држава, каде постоеле две помесни цркви, да се обнови и да се прифати во православната екумена на православните цркви, и нашата црква како жива црква, која има централно стратешко место на Балканскиот полуостров и пошироко.

Вие ги водите преговорите на оваа тема во името на МПЦ-ОА. До каде се работите, под кое име би била призната МПЦ, која е цената што треба да ја дадеме за да ја добиеме автокефалноста?

- Цариградската патријаршија, по Седмиот вселенски собор, давала автокефалност на црквите кои биле укинати, па биле обновени како на пример: Трновската патријаршија, Печката патријаршија..., но и на новоформирани цркви, почнувајќи од Московската патријаршија, Романската патријаршија, Атинската архиепископија, Полската митрополија, Чешко-словачката митрополија... И притоа ги признавала претежно со името на градовите, а ретко со името на земјата, но никако со нацијата, кое се смета за етнофилетизам, па така Руската православна црква, е признаена како Московска патријаршија, Бугарката како Трновска, Српската како Пеќска, Грчката како Атинска... Но црквите во пракса останале и понатаму да си се именуваат поинаку т.е. како Руска (РПЦ), Бугарска (БПЦ), Српска (СПЦ), Романска (РПЦ), Еладска (ГПЦ)...

Што се однесува до разговорите што допрва треба да ги водиме како официјални со Вселенската (Цариградска) патријаршија, не можеме ништо поконкретно да ви кажеме, зашто не знаеме како ќе се одвиваат разговорите, сè додека не бидеме официјално поканети (на разговори). А се разбира дека исходот ќе се знае кога ќе завршат разговорите.

Ако се примени т.н. украински рецепт, што ќе треба МПЦ-ОА да даде, еден или два манастири или нешто друго?

- За тоа дали треба да дадеме некој манастир, доколку ни биде поставено такво барање, веќе има пракса меѓу православните цркви, особено со Руската црква, да се даваат и бараат цркви или манастири како подворја, и во тој контекст на нештата, можно е да се побара и од наша страна некоја црква или манастир, под јурисдикција на Цариградската патријаршија, како еден вид подворје.


Ако новото предложено име е Охридска архиепископија – Јустинијана Прва, можете ли да ја предвидите реакцијата на Бугарија, Грција и Србија?

- По прашањето на нашето име во диптихот на автокефалните помесни православни цркви, СПЦ во поранешните разговори што ги водевме на ниво на комисии на двете цркви, СПЦ и МПЦ, се изјасни дека името треба да биде Охридска архиепископија, а тие и понатаму останува да ни се обраќаат или ословуваат согласно нивната одлука од 1959 година како МПЦ. Бугарската православна црква, пак, бидејќи не ја обновила Охридската архиепископија, туку во 1870 година ја основала Бугарската егзархија, а е признаена од Цариградската патријаршија како Трновска патријаршија, нема причини за никакви реакции. Но, ние впрочем никому не можеме да му наложиме како ќе не именува, како што впрочем досетливо блаженоупокоениот архиепископ Доситеј велеше: „Викај ме ако сакаш, па и грне, само немој да ме кршиш, оти тешко тебе“.

Има ли несогласување во Светиот архијерејски синод на МПЦ-ОА на оваа тема?

- Сега ништо друго не ни преостанува како на црква и како на народ, освен да се обединиме околу нашиот црковен идентитет, но и околу националниот идентитет, не заборавајќи на фактот дека црквата е наднационална. Досега во САС на МПЦ за суштествените прашања на нашиот црковен идентитет, но и за нашиот национален идентитет, немаме разидувања и неединство, и се надеваме дека и понатаму ќе останеме доследни на аманетите на нашите црковни и национални предци.

А.Д.

 Извор:

https://www.mkd.mk/makedonija/politika/vladikata-petar-imame-najpovolna-mozhnost-za-reshavanje-na-avtokefalijata-na-mpc?fbclid=IwAR26DSWj810VfdqNn9tghNQmZnhT_Ir0RQhrtCHUxMZxDP_uWYcyaMRtiZM

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7705
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

24/12/2024 - вторник

Божикен пост (пост на масло)

Преподобен Данило Столпник; Преподобен Лука Столпник; Преподобен Никон Сувиот; Светиот маченик Миракс;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная