логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


СВЕТООТЕЧКА РИЗНИЦА

starec.Porfirij3.jpg

Старец Порфириј Кавсокаливиски


Љубовта кон ближниот


Само едно е она што е потребно во нашиот живот, а тоа е љубовта и служењето на Христа и љубовта кон нашите ближни. Сите да бидеме едно имајќи Го како глава Христос. Само така ќе ги стекнеме благодатта, небото, вечниот живот.
Љубовта кон братот ја негува љубовта кон Бога. Среќни сме кога тајно ќе ги возљубиме сите луѓе. Тогаш ќе чувствуваме дека сите нè сакаат. Никој не може да стигне до Бога ако не помине низ луѓето, затоа што ако некој не го љуби братот кого го видел, тогаш како е можно да Го љуби Бога Кого не Го видел? (1. Јован 4, 20). Да љубиме, да се жртвуваме несебично за сите, без да бараме возвраќање. Тогаш човекот станува хармоничен. Љубовта која бара возвраќање е себична, а не е автентична, чиста, интегрална.
Да ги љубите и да сострадувате со сите. Доколку страда еден дел од телото, тогаш сострадуваат сите делови. А вие сте телото Христово, а поодделно членови (1. Кор. 12, 26-27). Тоа е Црква, кога јас, ти, тој, другиот чувствуваме дека сме делови на телото Христово, односно дека сме едно. Себељубието е егоизам. Да не бараме јас да застанам, јас да одам во Рајот, туку за сите да ја чувствуваме љубовта. Разбравте? Тоа е смирение.
Така, доколку живееме соединети, ќе бидеме блажени, ќе живееме во Рајот. Секој човек до нас, секој наш ближен е плот од нашата плот (Ефес. 5, 30). Можам ли да бидам рамнодушен кон него, можам ли да го огорчувам, можам ли да го намразам? Тоа е најголемата тајна на нашата Црква, сите да бидеме едно во Бога. Ако го правиме тоа, тогаш ќе бидеме Негови. Не постои ништо подобро од тоа единство. Тоа е Црквата, тоа е Православието, тоа е Рајот. Да ја прочитаме првосвештеничката молитва кај евангелистот Јован. Обрнете внимание на овие стихови сите да бидат едно, како што сме Ние... сите да бидат едно, како што си Ти, Оче, во Мене и Јас во Тебе... да бидат едно како што сме Ние едно... и оние што си Ми ги дал да бидат со Мене, каде што сум Јас (Јован 17, 11, 21, 22, 23, 24).
Гледате ли? Тоа го кажува и го повторува. Го нагласува единството. Сите да бидеме едно, имајќи Го Христа за своја глава! Како што е едно Христос со Отецот. Тука се крие најголемата длабочина на тајната на нашата Црква. Ниту една религија не кажува нешто вакво. Никој не ја бара оваа деликатност што ја бара Христос, односно да бидеме сите едно со Христа. Во тоа единство, во таа љубов во Христа, се наоѓа полнотата. Таму нема место за никаков расцеп, за никаков страв. Ниту смртта, ниту ѓаволот, ниту пеколот имаат место таму. Само љубов, радост, мир, служење на Бога. Тогаш можеш да достигнеш да кажеш заедно со Апостолот Павле: не живеам веќе јас, туку Христос живее во мене (Гал. 2, 20).
Многу лесно можеме да стигнеме до таа точка. Потребна е добра волја, а Бог е подготвен да дојде во нас. Он чука на вратата и сè ново прави, како што се вели во Откровението Јованово (Откр. 3, 20-21, 5). Нашата мисла се изменува, се ослободува од злоба, станува подобра, посвета. Меѓутоа, ако не Му отвориме на Оној Кој чука на вратата, ако го немаме она што Он го бара, ако не сме достојни за Него, тогаш Он не влегува во нашето срце. За да бидеме достојни за Него, ние треба да умреме за стариот човек, за да не умреме никогаш веќе. Тогаш ќе живееме во Христа вотеловени со целото тело на Црквата. Така ќе дојде Божјата благодат. А кога ќе дојде благодатта, ќе ни даде сè.
Еднаш на Света Гора видов нешто што многу ми се допадна. Во едно бротче монаси држеа различни свештени предмети. Секој од монасите беше од различно место, но сепак велеа ова е наше, а не ова е мое.
Љубовта е над сè. Она со што треба да се занимаваме, деца мои, е љубовта кон другиот, неговата душа. Сè што правиме, и молитва, и совет и укажувања, да правиме со љубов. Без љубовта молитвата не е полезна, советот повредува, укажувањето штети и го уништува другиот, кој чувствува дали ние го љубиме или не го љубиме и реагира соодветно на тоа. Љубов, љубов, љубов! Љубовта кон братот нè подготвува да Го возљубиме Христа уште повеќе. Зарем не е ова убаво?
Кон сите да ја расфрламе нашата љубов несебично, не водејќи сметка за нивниот став. Кога ќе дојде во нас Божјата благодат, тогаш не се интересираме дали нè љубат или не и дали ни зборуваат со добрина. Ќе ја чувствуваме потребата ние да ги љубиме сите. Егоизам е кога сакаме другите да ни зборуваат со добрина. Нека не нè растажува спротивното. Да ги оставиме другите да ни се обраќаат и зборуваат како што самите чувствуваат. Да не бидеме питачи за љубовта. Наш стремеж треба да биде да ги љубиме и да се молиме за нив со сета наша душа. Тогаш ќе забележиме дека сите ќе нè љубат без тоа да го бараме, без воопшто да ја просиме нивната љубов. Ќе нè љубат слободно и искрено од длабочината на нивното срце без да ги принудуваме. Кога љубиме без да бараме да нè љубат, тогаш сите се собираат до нас како пчели. Тоа важи за сите нас.
Ако твојот брат те вознемирува, те замара, тогаш вака да размислуваш: Сега ме боли моето око, мојата рака, мојата нога. Треба да ги згрижам со сета моја љубов (спореди 1. Кор. 12, 21). Меѓутоа, да не размислуваме ниту дека ќе бидеме наградени за нашите наводни добри дела, ниту дека ќе бидеме казнети за нашите лоши дела. Кога љубиш со љубовта Христова, тогаш доаѓаш до познание на вистината. Тогаш не бараш да те љубат. Тоа е лошо. Ти љубиш, ти ја даваш својата љубов. Тоа е правилно. Од нас зависи дали ќе се спасиме. Бог го сака тоа, како што вели Светото Писмо: сака сите да се спасат и да дојдат до познание на вистината (1. Тим. 2, 4).
Кога некој има некоја страст, тогаш ние да се обидеме да му фрламе зраци на љубов и милосрдие, за да се исцели и да се ослободи. Тоа се случува само со Божјата благодат. Да размислувате дека тој страда повеќе од вас. Во општожитие, кога некој е виновен, ние да не му кажуваме дека е виновен. Да стоиме со внимание, почит и молитва. Ние да се трудиме да не го вршиме злото. Кога го трпиме противречењето на братот, тогаш тоа се смета како мачеништво. Да го правиме тоа со радост.
Да имаме љубов, кротост, мир. Така му помагаме на нашиот ближен кога е обземен од злото. Примерот зрачи таинствено, не само кога е другиот присутен, туку и кога не е. Да се трудиме да ја испраќаме нашата благонаклонетост и добра волја. Дури и кога зборуваме за неговиот живот кој не го одобруваме, тој тоа го сфаќа и така го одбиваме од себе. А доколку сме милостиви и му простуваме, тогаш тоа влијае на него (исто како што влијае и лошото), па дури и ако не нè гледа.
Да не се разгневуваме на оние кои се хулители, противници, гонители итн. Разгневувањето носи зло. Да ги мразиме нивните зборови и нивната злоба, но човекот коj ги изговорил тие зборови да не го мразиме, ниту да се разгневуваме на него. Да се помолиме за него. Христијанинот има љубов и благородност и се однесува соодветно на тоа.
Љубовта треба да биде интегрална, а само Божјата љубов е интегрална љубов. Кон личноста која нè заморува и ни прави тешкотии, љубовта треба да се принесува на мек начин, без другиот да сфати дека се трудиме да го возљубиме. И да не се истакнуваме многу надворешно, затоа што тогаш го поттикнуваме да реагира. Молчењето спасува од сите зла. Воздржание на јазикот е голема работа! На еден таинствен начин молчењето му зрачи на ближниот.
Кога ги гледаме нашите ближни дека не Го љубат Бога, ние се секираме и се растажуваме. Со секирањето не правиме апсолутно ништо. Ниту со укажувања. Ниту тоа не е правилно. Постои една тајна и ако ја сфатиме, тогаш ќе помогнеме. Тајната е нашата молитва, нашата посветеност на Бога, за да дејствува Неговата благодат. Ние, со нашата љубов, со нашиот копнеж кон Божјата љубов, ќе ја привлечеме благодатта за да ги облее другите кои се до нас, да ги разбуди, да ги подигне кон Божествената љубов. Поточно Бог ќе ја испрати Својата љубов да ги разбуди сите. Сè што ние не можеме, ќе го направи Неговата благодат. Со нашите молитви ќе ги направиме сите достојни за Божјата љубов.
Да не се обесхрабруваме, ниту да брзаме, ниту да судиме за нештата површно и надворешно. Ако, на пример, видите некоја жена гола или непристојно облечена, тогаш немојте да останете на надворешноста, туку да навлегувате во длабочината, во нејзината душа. Можеби таа е многу добра душа и има егзистенцијална потрага во себе, која ја манифeстира со таквиот свој изглед. Има во себе динамичност, ја има силата на промовирање и истакнување, сака да ги привлече погледите на другите. Меѓутоа, од незнаење ги има растурено работите. Замислете таа да Го спознае Христа. Ќе поверува, а сиот тој нагон ќе се насочи кон Христа. Ќе прави сè за да ја привлече Божјата благодат. Ќе стане света.
Љубовта е само во Христа. За да им бидеш од полза на другите, треба да живееш во Божјата љубов, инаку не можеш да му бидеш од полза на твојот ближен. Не треба да вршиш насилство врз другиот и да го принудуваш. Ќе дојде неговиот час, ќе дојде моментот, затоа доволно е само да се молиш за него. Со молчењето, со љубовта, со трпеливоста и пред сè со молитвата ние таинствено сме му од полза на другиот. Божјата благодат го чисти хоризонтот на неговиот ум и го уверува за Својата љубов. Тука е деликатниот момент. Доколку прифати дека Бог е љубов, тогаш врз него ќе дојде обилна светлина што никогаш ја немал видено. Така ќе го најде спасението.


Извадок од книгата: Γεροντος Πορφυριου Καυσοκαλυβιτου, ΒΙΟΣ ΚΑΙ ΛΟΓΟΙ

Превод од грчки: јеромонах Атанасиј Арсоски

Извор: ПРЕМИН бр.75- 76



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3125
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7597
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

16/11/2024 - сабота

Св. свештеномаченик Акепсим, епископ Наесонски ; +Св. великомаченик Георгиј – Ѓурѓиц; Преподобен Илија Египетски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов Победоносец Георгиј 3 ноември / 16 ноември 2024

Тропар на светиот Христов Победоносец Георгиј 3 ноември / 16 ноември 2024

Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните,помошник на владетелите,

Тропар на светите маченици Акиндин, Пигасиј, Афтониј, Елпидифор и Анемподист 2 ноември / 15 ноември 2024

Тропар на светите маченици Акиндин, Пигасиј, Афтониј, Елпидифор и Анемподист 2 ноември / 15 ноември 2024

Страдалници Господови, блажена  е земјата, која се напои од вашата крв,  и свети се населбите кои ги примија телата ваши. На боиштето...

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная