логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Св. Никодим Светогорец

За тоа дека со постојаното спомнување на името Исусово, се раѓа љубов кон Него

Еве, кnikodim_svetogorac.jpgако по трет пат те замолувам, Исус да биде слатка преокупација на твоето срце, Исус нека биде наслада на твојот јазик, Исус нека биде предмет и мисла на твојот ум, Исус нека биде твое дишење и никогаш немој да се заситиш од повикувањето на Неговото име. Зашто, преку тоа постојано и преслатко сеќавање на Исус, во твоето срце ќе се засади, израсне и разграни  големото дрво на трите големи богословски добродетели – вера, надеж и љубов. Кога некој е далеку од предметот на својата љубов, тој не може на друг начин да го смири својот копнеж и да ја искаже својата љубов, освен преку постојаното спомнување на името на оној, кого го сака и на сеќавањето на неговиот љубен лик. Ова го вели и св. Григориј Богослов; „Оние, кои кон некого чувствуваат голема љубов, со задоволство се соединуваат со името на љубениот“. Така читаме и во некои раскажувањата, кои велат дека и мајката на царот Лав Мудри, кога тој беше прогонет од Константинопол и кога таа веќе не можела да го гледа покрај себе, постојано се сеќавала на неговото име и ништо друго не велела, освен: „Лаве мој, Лаве мој, сине мој“, и тоа толку често, што дури и папагалот што ја слушал почнал истото да го зборува. Така и душата, која Го љуби Исус, Кој е на небесата и Кого таа не Го гледа, не може на друг начин да ја исполни својата љубов кон Него, освен преку постојано сеќавање на Неговото свето име, насекаде воскликнувајќи со огромна љубов и со солзи во срдечна болка: „Исусе, мој, возљубен мој Исусе“. Така вели и св. Исаак Сирин: „Кога во разумот на оној што љуби, ќе започне сеќавањето за Бога, веднаш и неговото срце ќе започне да дејствува во љубовта Негова, така што од очите ќе му протекуваат обилни солзи, зашто во љубовта е вообичаено да течат солзи, при сеќавањето на оној кој се љуби“.Дека со молитвата и сеќавањето на Исус се раѓа љубов кон Него и кон Неговите заповеди, покрај божествениот Исаак, особено потврдува и св. Василиј Велики, кога вели: „Ние треба со полно внимание да го чуваме своето срце, така што никогаш да не го изгубиме размислувањето за Бога и сеќавањето на Неговите чуда. Срцето не смееме да го оскверниме со валкани мечтаења, туку во него треба да ја носиме светата мисла за Бога, втисната во нашата душа од постојаното и чисто сеќавање, како неизбришлив печат. Зашто така ни се раѓа љубов кон Бога, која воедно нè поттикнува да дејствуваме според заповедите Негови, а која, пак, некои ја чуваат, правејќи ја трајна и непоколеблива“. Што е поблажено од тоа? Што е порадосно и послатко од тоа постојано да се испитува славното, мило и многупожелувано име на Исус Христос, во кое, што и да побара човекот од Отецот и од Него Самиот, добива? Што и да посакате од Отецот, во Мое име, да ви даде (Јован, 15, 16). Што и да посакате во од Отецот во Мое име, ќе ви го направам, за да се прослави Отецот во Синот (Јован, 14, 13). Која мисла и кое сеќавање е побожествено од мислата и сеќавањето за спасоносното и богодолично и страшно име на Исус Христос, Синот Божји, името, кое е над секое име, пред кое паѓа и колена преклонува сè што е на небесата и на земјата и под земјата На тоа сакав да те потсетам, возљубен мој, зашто сум побуден од преголемата љубов кон твоето спасение. Ова, како папагал, го научив од свештените книги на богомудрите отци, или, пак сум го слушнал од живиот глас на некои духовни отци, кои тоа на дело го искусиле, но поради својата немарност и своите страсти, ништо од тоа не можев опитно да осознаам.

 Извор: http://bigorski.mk/index.php?content_type=svetootechki_tekstovi&action=details&record_id=68
 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3130
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7604
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

17/11/2024 - недела

Преп. Јоаникиј Велики; Св. свештеномаченик Никандар, епископ Мирски и Ермеј презвитерот;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Галактион и Епистима 5 ноември / 18 ноември 2024

Тропар на светите Христови маченици Галактион и Епистима 5 ноември / 18 ноември 2024

Вера имајќи повредна од животот земен,дарувана ви беше о Галактионе и Епистимо, времето дадено за преумување мудро го употребивте поучени...

Тропар на преподобниот Христов подвижник Јоаникиј Велики 4 ноември / 17 ноември 2024

Тропар на преподобниот Христов подвижник Јоаникиј Велики 4 ноември / 17 ноември 2024

Јоаникие оче наш преподобен, Тебе на кого надеж ти е Отецот,  прибежиште Синот, а покров Духот Свети,  моли се о ти...

Тропар на светиот Христов Победоносец Георгиј 3 ноември / 16 ноември 2024

Тропар на светиот Христов Победоносец Георгиј 3 ноември / 16 ноември 2024

Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните,помошник на владетелите,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная