логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Monahinji2.jpg


ЗА СВЕШТЕНСТВОТО НА ЖЕНАТА

МИТРОПОЛИТ СТРУМИЧКИ НАУМ


Каде што има љубов нема потреба од хиерархија

Свештеникот ја возглавува Црквата. Свештеникот е оној што стоејќи пред Црквата и во име на Црквата  ги принесува Даровите на Бога. Тоа  е оној преку кого се совршува тајната на соборниот начин на постоење; самите себеси, еден  со друг и сиот наш живот на Христа Бога, а во Него, на Бога и Отца да Му го предадеме.Во „историскиот период на Иконата”, тоа е оној што се појавува на местото и во образ Христов, совршувајќи го Неговото дело до денот на Апокалипсата. А Христос еднаш за секогаш Самиот Себеси се жртвува за живот на светот. Свештеник пред се` е Епископот . Ова е светотаинската димензија. Согласно со Преданието на Православната црква, жената не учествува во оваа димензија од Светата Тајна Свештенство. Оваа, пак, димензија нема да постои во царството небесно: нема потреба од Икона таму каде што е присутна Вистината.

Свештеникот ја возглавува Црквата, но само пред тоа ја собрал во своето срце. Постојат три степени во свештеничкиот  чин: ѓаконски, презвитерски и епископски. Овие три степена се соодветни на трите степени од духовниот развој: „чистење на срцето” (практика), „просветлување на умот“ (теорија) и „обожување“ (теологија). Кажано е: Царството Небесно е во вашите срца. Само „очистеното срце” може да ги прими во себе сите, без исклучок на непријателите. Само во него може да се соврши великата тајна на соборниот живот, на земното проникнување. Само во таквото срце може да потече молитвата за целиот свет, исполнета во она неизглаголиво: „Ава Оче!“. Само  на олтарот од „отвореното срце“ умот невидливо да свештенотвори. Ова е аскетско-исихастичката димензија на Тајната на Свештенството. Без оваа димензија се губи персонално-сотириолошкиот карактер на Свештенството како Света Тајна. Оваа, пак, димензија за свештенството никој не може да и` одземе на жената. Таа е услов за влез во Вистината, во Царството Небесно и дар е Божји за секој човек. Оваа аскетско-исихастичка димензија на Светата Тајна Свештенство, всушност Покајанието, е услов за постоење и на Светата Евхаристија, а со тоа и на светот, доволно е покајанието на три човека. Тоа можат да бидат и три жени.

На крајот на создавањето човекот е поделен на два пола, машки и женски – поделба што дефинитивно ќе се оствари по гревот, во паднатата и отпадната од Бога природа. Оваа поделба, според Свети Максим Исповедник, е извршена од Бога Кој што го предвидел гревот. А според Свети Григориј Ниски, поделбата на машко и женско нема никаква врска со Божествениот Архетип, но е поделба која се сродува со ирационалната природа. Согласно со библиската антропологија, Бог ја создаде жената од човекот. Адам ја именува Eва. Таа му беше дадена за помошничка нему. Требаше да исполнат само една заповед. Ова е краток библиски опис на нивниот личносен однос во Рајот, кој според Светите отци се случувал на ниво на „просветленост на умот” (Битие 2, 7- 25). Тоа е така дадено, тоа е дар Божји и за ова во теологијата не расправaме. Постои библиски опис и на нивниот личносен однос по  прекршувањето на заповедта, односно по онтолошкото нарушување на нивниот личносен однос со Бога, а со тоа и помеѓу себе. Ќе бидеш под власта на мажот свој, и тој ќе ти биде господар (Битие 3,1 -16). Оттука, по падот, започнува многу мачниот  ’период на очистување’, подготовката за појавување на Новата Ева и исполнувањето на Домостројот на Спасението. Започнува „историскиот период на Сенкa”.

Каде што има љубов нема потреба од хиерархија, и тоа не само кога говориме за состојби од духовно ниво, туку и за оние од психолошкото. Каде што нема љубов или, пак, таа со нешто е разнишана, се појавува потреба од хиерархија и заедница. Колку помалку љубов има и колку повеќе е разнишана заедницата, толку е поголема потребата од хиерархија и власт. На пример: затвор. Хиерархиската  во Црквата  е слободно и смирено служење на саможртвена љубов кое слободно и смирено ги прифаќаме, свесни за паднатоста и грешноста на нашата природа и за нејзините тежнеења.. На пример: манастир. Најниско ниво на кое може да се најде човековиот дух од коешто може да ја испочитува хиерархиската поставеност е стравот Божји. Хиерархијата е потребна пред се` заради редот во несовршеноста, а не заради разликата во половите.

Не постои хиерархиска поставеност во личностните односи на нивото на „обоженоста”, односно нема да постои во Царството Небесно, во Есхатологијата, како што нема да има потреба ни од свештеници ни од нивната светотаинска, педагошка и организациска улога. Блага хиерархиска поставеност во личносните односи – помеѓу половите и воопшто – забележуваме во периодот на „очистувањето” или – период на одновување и зацврстување на раслабената од гревот заедница.

Како, пак, тоа е решено во односот помеѓу мажот и жената веќе видовме во Светото Писмо: Ќе бидеш под власта на мажот свој, и тој ќе ти биде господар. Овде е очигледно кој е главен и кој е глава во односот, односно кој го возглавува односот. На овој начин се сочувува редот и се заштитува заедницата на семејството како црква во мало и како основна клетка на општеството. Ова е Божја волја и наредба и промисла и за ова исто така во теологијата не расправаме.Иконичниот и суштински се` уште актуелен опис на Црквата како Тело Христово, како жив соборен организам со свои духовни, онтолошки закони на живеење и со свој ред и поредок, можеме да го најдеме во посланијата на Светиот Апостол Павле: И како што е телото едно, а има многу органи, и сите органи од тоа тело, па колку и да се тие, едно тело се – така и Христос.

Зашто преку еден Дух сме крстени сите во едно тело: било Јудејци или Елини, било робови или слободни: и сите сме со еден Дух напоени. Оти и телото не се  состои од еден орган, туку од многу. Ако ногата рече: „Бидејќи не сум рака, не сум од телото” – зар само поради тоа  таа  не е дел од телото? И ако увото рече: „Бидејќи не сум око, не сум од телото” – зар поради тоа само тоа не е дел од телото? Ако би целото тело било око, тогаш каде ќе е слухот? Кога целото тело би било слух, тогаш каде е мирисањето?  Но Бог ги наредил органите, секој од нив во телото така, како Му било угодно. Ако сите тие би биле само еден орган – тогаш каде  е телото? А сега се пак многу органи, но сепак едно тело. И не може окото да и`рече  на раката: „Не си ми потребна”: ниту пак главата на нозете: „Не сте ми потребни”. Напротив, овие органи од телото кои ни изгледаат послаби се многу понужни: и на оние членови на телото за кои сметаме дека  се понеугледни им оддаваме повеќе чест; и нашите понеугледни органи имаат поголема чест, угледните, пак, органи немаат потреба од чест. Но Бог го направи и телото така што на најнезначајните органи им дал најголема чест, за да нема расправија во телото, а органите еднакво  да се грижат едни за други. А кога страда еден орган, тогаш страдаат сите органи; и кога се слави  еден од органите, тогаш со него се радуваат сите органи. Вие сте телото Христово, а одделно – членови. И едни од вас Бог постави во Црквата прво апостоли, второ пророци, трето учители; потоа даде дарба за чудеса  и исцелување; па застапници, управници и луѓе што зборуваат на разни јазици. Та сите ли се апостоли? Сите ли се пророци? Сите ли се учители? Сите ли се чудотворци? Сите ли имаат дарба да лекуваат? Сите ли зборуваат на разни јазици? Сите ли се толкувачи?

Покажувајте ревност за уште поголеми дарби; а јас ќе ви покажувам уште подобар пат (Кор. 12,12-13). Тој пат е љубовта; која никогаш не престанува, за која во продолжение Светиот Апостол Павле пишува(Кор. 13,1- 13), односно е аскетско-исихастичката димензија на Светата Тајна Свештенство. Така, во се`  да растеме во Оној Кој  е глава, Христос, од Кого целото тело, составено и склопено и сврзано преку сите дарувани врски, при дејството на секој дел, според силите негови, нараснува за да се изградува во љубов (Ефес. 4, 15-16).

Поставеноста на односот „маж-жена“ од Стариот завет се потврдува и во Новиот завет, но тоа е сега литургиска поставеност со нагласена христоцентрична дијалектика, која и овој пат ја забележуваме во веќе спомнатиот иконичен опис: Вие жените, покорувајте им се на мажите како на Господа, зашто мажот е глава на жената, како што е и Христос глава на Црквата и Он е спасител на телото. Но како што Црквата му се покорува на Христа, така и жените да им се покоруваат на своите мажи во се`. Вие мажите, сакајте ги жените свои како што Христос ја засака Црквата и се предаде Себеси за неа, за да ја освети, очистувајќи ја со водна бања преку Словото; та да ја претстави пред Себе како славна Црква, која нема осквернение, или порок, или нешто слично, туку да биде света и непорочна. И така, мажите се должни да ги сакаат своите жени како што ги сакаат своите тела; оти, кој ја сака жената своја, тој се сака и самиот себеси. Зашто никој никогаш не го намразил телото свое. Туку го храни и го стоплува, како и Господ Црквата, бидејќи  ние сме членови на неговото тело – од Неговата плот и коските Негови. Поради тоа човекот ќе го остави татка си и мајката своја, и ќе се придружи кон жената своја, та обајцата ќе бидат една плот. Оваа тајна е голема. Но јас ви зборувам за Христа и за Црквата (Ефесјани, 5,22 – 32).

Црквата е во светот, но не е од овој свет. Овој свет, како што вели Светиот Апостол Јован (1 Јов. 5,19), лежи во зло. Овој свет се откажа од Христос и Го распна и со тоа себеси се осуди на самоуништување и Апокалипса. Овој свет е затемнет и заробен во вителот на страстите  кои пренасочени и злоупотребени станале втора човекова природа. Отпаднат во грев, овој свет е долина на солзи и страдања, мака, лицемерство, лага, превознесување, насилства, отстапништво, заборав и смрт. Ова е  свет на суета, раскол и поделби. Затоа, се` што е во светот – похотта на телото, желбата на очите и гордоста на животот – не е од Отецот, туку е од овој свет (1 Јов. 2; 12). Но, тоа не значи дека не постои онтолошки дуализам меѓу Црквата и светот. Со воплотувањето Христово онтолошкиот дуализам е надминат. Постои само етички дуализам; меѓу „новиот“ и „стариот“ човек, меѓу „светото“(спасеното) и „профаното“ (демонизираното). На „стариот човек”  му е потребно исцеление. Но, во секоја терапија постои некој ред. Затоа, хиерарскиот ред и поставеност на нештата во Црквата вообличени во Светите канони – во „периодот на Иконата”, а кои за своја основа ја имаат Светата литургија – се апсолутно потребни и непроменливи. Светата Троица, нашиот Бог, Кој го предвиде и нашиот пад и Кој ја познава нестабилноста на нашата природа и начинот на нашето исцелување, така благоволи.

Можеме веќе да заклучиме и да се поучиме: жената во суштина не е лишена од Свештенството, но треба да внимаваме да не помешаме „периодите на Сенка, Икона и Вистина”. И дека во Црквата постои канонско вообличен ред кој е теолошки заснован и од Светите отци и од Светите вселенски собори утврден и во кој никој не може да интервенира однадвор. Дури ни со сила.  И уште: пренесувањето на одговорноста за падот е пренесување на Свештенството. Ева не го прифати: „Змијата ме измами и јас јадев” (Битие 3,13). Марија, Новата Ева, го прифати и го воспостави од Бога востановениот ред, соодветен на Божјата промисла и условите на животот и пред и по падот, а кои се својствени за создадената природа (Лука 1,38).Секогаш кога одговорноста за сторениот грев ја префрламе од себе на некој друг, не постапуваме според љубовта и го губиме `царското свештенство`, односно не ја живееме аскетско-исихастичката  димензија на Светата Тајна Свештенство. Добро е што Ева во пресудниот час  ги испочитува поставените од Бога ред и улога и не го обвини Адам, којшто неа ја обвини(Жената што ми ја даде Ти, таа ми даде од дрвото, и јас јадев” -  Битие 3,12)  и не му врати зло за зло. Туку ја обвини змијата. За ова може да се размисли.

И уште: свештеничката должност на Адам ја исполни и восоврши Христос така што: Нема веќе ни Јудејци, ни Елени, ни роб, ни слободен; нема машки пол, ни женски; зашто сите вие сте едно во Христа Исуса (Гал. 3,28). Според Максим Исповедник, првиот човек беше повикан во себе да ја обедини целината на создаденото битие; истовремено тој требаше да го достигне совршеното единство со Бога и на тој начин – обожената состојба да ја пренесе на целото создание. Најнапред требаше во својата сопствена природа да ја отстрани поделбата на два дела,  преку бестрасниот живот според Божествениот Првообраз (Архетип). Потоа, Рајот требаше да го соедини со остатокот од Земјата, односно секогаш носејќи го Рајот во самиот себеси, во постојаната заедница со Бога, беше потребно  да ги отстрани просторните услови не само за духот ами и за своето тело, повторно соединувајќи ги небото и земјата – целината на сетилниот свет. Со надминување на границите на сетилното требаше потоа да проникне во натсетилниот и сетилниот свет. На крајот, имајќи го  надвор од себеси само Бога, на човекот би му останало целосно да Му се предаде нему, во еден полет на љубов, предавајќи Му го целиот свет, обединет во Неговото битие. Тогаш и самиот Бог од Своја страна би му се дал на човекот, што преку овој дар – преку „благодатта“ – би имал сето она што Бог го има „по природа”. На тој начин би се извршило `обожувањето` на човекот и на целиот создаден свет. Оваа задача што му била дадена на човекот, бидејќи не ја исполнил Адам, се оствари преку делото Христово, вториот Адам. За ова може да се прочита.

Од книгата: Слово од Водоча

Подготви: Стојанка Тежак

Посети: {moshits}



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3227
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7718
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная