Во комплексот од цркви Свети петнаесет тивериополски маченици во Струмица, вклучен во списокот на културно наследство на Македонија, пред околу 24-25 год., за македонската телевизија, го снимив мојот прв прилог од верски карактер кој всушност го измени карактерот на настаните во мојот живот.
Комплексот цркви посветени на светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици во Струмица вклучува цркви од различни временски периоди и тоа: претхристијанска, ранохристијанска базилика, крстообразна црква и нејзината подоцнежна обнова. Во крстообразната црква се наоѓа најстарата досега пронајдена фреска во Македонија, на која се претставени светите Тивериополски свештеномаченици. Во претхристијанскиот храм се зачувани прекрасни подни мозаици, додека ранохристијанската базилика не може целосно да се открие заради тоа што добар нејзин дел е покриен од крстообразната црква. Оваа петокуполна средновековна црква од таканаречен сложен „цариградски тип“ е единствена во Македонија и една од ретките на Балканот.
Тропар, глас 4
Откако со пост го умртвивте телото, го проповедавте словото на набожност , ги презревте земните (работи) и, сакајќи Го Христа, мудри страдалници, на мачителите храбро им се спротивставивте, и со маченички венци се овенчавте, на оние што ви пристапуваат исцеленија им излевате.
Седален
Денес градот Тивериополски го празнува чесното торжество на своите учители, бидејќи овој град тие го утврдија со своите божествени догмати.
11ти декември 2020 лето Господово
За многу години народе.
Избор од фб профилна
Petronija Makaveeva