логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

sv.Petar.Pavle.k.z

Светите Апостоли (11.07.2022 20:30)


А Он им рече: ’А вие, за кого Ме мислите?‘ Симон Петар одговори и рече: ’Ти си Христос, Синот на живиот Бог‘. Тогаш Исус му одговори и рече: ’Блажен си ти, Симоне, сине Јонин, оти тело и крв не ти го открија тоа, а Мојот Отец, Кој е на Небесата. А Јас тебе ти велам: ти си Петар и на тој камен ќе ја изградам црквата Своја, и вратите на пеколот нема да ја надвладеат. И ќе ти ги дадам клучевите од Небесното Царство, и што ќе сврзеш на земјата, ќе биде сврзано на Небесата; а што ќе разврзеш на земјата, ќе биде разврзано и на Небесата‘“ (Матеј 16, 13–19).

Петар Му се обраќа на Господ како прв меѓу еднаквите по чест, кој во тој момент ги изразува и сведочи верата и опитот на сите Апостоли, а не само својата вера и својот опит. Господ Исус ги праша сите Апостоли, но согласно воспоставениот ред, којшто до денешен ден важи во Православната Црква, првиот меѓу еднаквите по чест го објави мислењето на сите и проговори во име на сите. Или, некој си мисли дека останатите Апостоли така случајно Го следеа Богочовекот Христос и немаа што да кажат, па вади и погрешни заклучоци од тоа свое мислење? Неправилното сфаќање на ова клучно евангелско случување предизвикува негово погрешно еклисиолошко толкување и многу недоразбирања потоа.

Цврстата основа на која Господ Исус ја гради Својата Црква не може да биде кој и да било човек, туку правилната (православната) вера во Него и Апостолското Преемство – како непрекинат дар на Светиот Дух Господ, Кој преку овој дар, во Светата Литургија, го остварува соборот на верните како Воскреснато и Вознесено Тело Христово. Апостолските преемници – Епископите на Црквата Православна, се и сведоци и на гревот и на покајанието на луѓето, и затоа ја имаат власта да сврзуваат и разврзуваат состојби, на земјата и на небото. Но, ја имаат и обврската да ја водат Црквата со личен пример.

Тајната на Апостолското преемство истовремено е подучување и предание на вистинската вера (на Вистината), како и светотаинско предание, што значи совршување на Божествената Евхаристија и останатите Свети Тајни, т.е. раздавање на благодатта. Вистината на Црквата, не толку во смисла на Личноста Христова, колку во смисла на вистинската вера, е пред сè несоздадена и обожителна благодат и Божји дар (харизма), Откровение Божјо, и е суштински неразделна од светотаинскиот (харизматичниот) живот на Црквата, неразделна е од благодатта на Светите Тајни. Така што, таму каде што нема Вистина нема ни Свети Тајни; и обратно, таму каде што нема Свети Тајни, нема ни Вистина.

Апостолското преемство, пак, не се стекнува по автоматизам, и затоа не може да биде дејствително и ефективно ако оној што го прима нема внатрешна духовна подготовка за него. За ѓаконски чин тоа е сериозно чекорење по патот на очистување на срцето од страстите; за презвитерски чин тоа е нивото на просветлување на умот, со дарот на умно-срдечната молитва; а за епископскиот чин тоа е нивото на обожение на целата личност. Внатрешното духовно покритие го нарекуваме и царско или есхатолошко свештенство – свештенство кое ќе нѐ краси во Царството Небесно и не зависи од тоа дали е некој носител на свештенството како овоземна Света Тајна. Тајната на ова царско и есхатолошко свештенство ја разбира само оној што ја има.

Клучевите на Небесното Царство се и редот и поредокот во Црквата, како и поставување на некој што ќе го чува и што ќе го одржува, и врз основа на тој ред и поредок создавање атмосфера за исцеление на нашиот паднат (односно горд, расеан и затемнет) ум. Овој ред, поредок и хиерархија мора да се почитуваат ако некој сака да влезе во Царството Небесно, и не постои друг начин или некаков калауз наместо вистинскиот клуч, затоа што Самиот Бог го надгледува влезот. Овој ред и поредок мора да го почитуваат и оние на кои тој им дава надворешно, пред сè, чинови, права и власт, но исто така и оние на кои тој им дава надворешно само позиција на ерархиска подреденост и на послушание. Клучевите на Царството за оние што ги држат во своите раце се меч со две сечила. Со тој меч тие можат да пресечат за добро на Црквата, а можат и духовно да се самоубијат. Ова е наједноставното објаснување.

Епископот по своето место и функција е врховен водач во Црквата. Но, поради отстапување од светоотечкото Предание за избор и поставување Епископи, односно поради немањето внатрешно духовно покритие кај носителите на овој висок чин – обожение, денес, во Православната Црква суштествува криза на ефикасно духовно и институционално лидерство. Кризата во лидерството, покрај останатите сфери од црковниот живот, се пројавува, главно, од една страна, како грешки (на кој било план) во дејствувањето на високиот клир на Црквата, а од друга, како недоверба на народот во свештенството генерално, како и во Црквата сфатена како институција. Сите овие неправилности имаат свои социјални и многу други несогледливи, лоши последици. Ќе видите подолу некои од нив...

Затоа, и покрај теолошки и канонски цврсто поставената позиција на Епископот во Црквата, ние сè уште не можеме да говориме за некое негово суштинско лидерство. Кога говориме за неговата позиција во Црквата, најчесто подразбираме формално лидерство. Едно е авторитет на Епископ што произлегува само од значењето на институцијата што ја претставува, а друго е авторитет на Епископ што произлегува од внатрешното духовно покритие на неговиот чин со кој тој ја претставува институцијата.

Вистински водач е оној што привлекува и кого човек сака да го следи, а не оној што човек мора да го следи поради функцијата. Така, може да се заклучи дека: стекнувањето на највисоката позиција во Црквата не го обезбедува, самото по себе, и авторитетот на лидерството, ниту пак, немањето формален чин и позиција на власт во Црквата, самото по себе, подразбира неможност за духовно лидерство со авторитет. Напротив, кога во историјата на Црквата тие две позиции не се совпаѓале, секогаш харизматското имало поголем авторитет од институционалното лидерство.

Интересна е и позицијата на Првиот по чест меѓу Епископите. На секој нормален му е јасно дека на таква позиција без Божја Промисла не се стигнува, и на секој нормален му е јасно дека таквата позиција не смее да ја поткопува или руши, туку колку што може да ја поткрепува и штити. Така, доволно би било Првиот по чест да инсистира на избор на барем нормални луѓе за Епископи и неговата поглаварска позиција би била безбедна од лошото влијание на човечкиот фактор. Во црковната историја имаме доволно лоши примери на избори од кои требаше да се извлече поука. Затоа и Црквата Божја, во нормални услови, одредила изборот на Епископи да се врши од докажани монаси, а не под влијание на други, субјективни интереси.

Кон Првиот Епископ по чест, Епископите треба да негуваат чувство на своевидно братско послушание, иако светите Канони не ја регулираат таа тема. Совршено би било кога Првиот по чест би бил што поблиску до внатрешното духовно покритие на неговиот висок чин – обожение, така што своевидната послушност на Епископите да соодветствува на неговиот духовен авторитет, а не толку на функцијата. Ова што го напишав го разбираат само оние Епископи што при својот духовен развој го виделе клучното значење на послушанието во севкупниот Божји домострој на Спасението, во Божјата Промисла. Сега е појасно зошто изборот на Епископи Црквата одредила да се случува исклучиво од монашките редови.

Еве го сведоштвото и на пресветиот Апостол Павле за добрите дела и добрите плодови на новозаветното и есхатолошко свештенство − во сите негови димензии, кое, како што рековме, е незаменливо внатрешно духовно покритие за видливите свештенички чинови, кои преку Тајната на Апостолското преемство денес недостојно ги носиме:

            „Браќа, нас апостолите, Бог нè постави најпоследни, како осудени на смрт; бидејќи станавме призор на светот – на ангелите и на луѓето. Ние сме безумни заради Христос, а вие сте мудри во Христос; ние сме немоќни, а вие сте силни; вие сте славни, а ние бесчесни. До овој час ние и гладуваме, и жеднуваме, и необлечени одиме, се мачиме и се потураме по светов, но се трудиме, работејќи со своите раце. Кога нè укоруваат, ние благословуваме, а кога нè гонат – трпиме; кога хулат на нас, ние се утешуваме. Станавме како сметиште на овој свет, како отпад на сите луѓе.

Но ова ви го пишувам не за да ве посрамам, туку да ве поучам како мои омилени чеда. Зашто, и ако имате и на десетина илјади наставници во Христос Исус, многу татковци немате, бидејќи јас ве родив во Исус Христос преку Евангелието. Затоа, ве молам, подражавајте ме мене, како што јас – Христос“ (1 Кор. 4, 9–16).

            А еве го сведоштвото и на Богочовекот Исус Христос за лошите дела и лошиот плод на старозаветното свештенство – во сите негови димензии, отпаднато од Духот на Стариот Завет. Тоа се истите искривувања и отстапувања од Вистината што ги гледаме и кај денешното свештенство (најпрво за самиот себе пишувам), кое го нема внатрешното духовно покритие за видливите свештенички чинови, кои преку Тајната на Апостолското преемство денес недостојно ги носи:

            „Тогаш Исус му проповедаше на народот и на учениците Свои, говорејќи: ’На Мојсеевото седиште седнаа книжниците и фарисеите. Затоа, сè што ќе ви кажат да пазите, пазете и извршувајте; а според делата нивни не постапувајте, оти тие говорат, а не извршуваат; врзуваат бремиња тешки и мачни за носење, и ги ставаат врз плеќите на луѓето, а сами не сакаат ни со прст да ги помрднат; и сите свои дела ги прават за да ги видат луѓето; ги истакнуваат своите записи од законот и прават големи поли на својата облека; сакаат прво место на гозбите и предни места во синагогите, и поздрави по улиците, и да им велат луѓето: учителе, учителе!‘“ (Матеј 23, 1–7).

            „Како можете вие да поверувате, кога примате слава еден од друг, а славата што е од Единиот Бог не ја барате?“ (Јован 5, 44).

„Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, затоа што го затворате Царството Небесно пред луѓето; оти, ниту вие влегувате, ниту ги пуштате да влезат оние што сакаат да влезат“ (Матеј 23, 13).

            Просто човек да се запраша: ако отстапувањето на старозаветното свештенство од Бог го предвестуваше раѓањето на Синот Божји од Богородица и Секогашдева Марија и Светиот Дух – во тело, тогаш отстапувањето на новозаветното свештенство од благодатта на Светиот Дух нема ли да е предвестување за Христовото повторно доaѓање во слава и за сеопштото воскресение на мртвите?

И, можеме да резимираме: на Црквата ѝ требаат пастири што ќе го возобноват духовниот православен живот; кои во пракса и теоретски, со личен авторитет и пример, ќе го актуализираат вистинското Предание на Црквата; кои ќе се грижат за единството, како и за првенството по чест меѓу Поглаварите и Црквите; кои ќе го сочуваат достоинството (и црковната полнота) на локалната епископална Црква, како и пастирскиот авторитет и кредибилитет на помесната Црква. Пастири кои нема да се занимаваат само со дневна политика, евтин популизам, и лажен патриотизам, туку пастири во кои добронамерните ќе Го препознаваат Христос. Со еден збор, потребни ни се свети луѓе.

Пресвета Богородице, по молитвите на светите Апостоли, спаси нѐ сите!

Митрополит Струмички Наум

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7620
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная