логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

† СТЕФАН

ПО МИЛОСТА БОЖЈА,
АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ,
ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЕРЕЈСКИ СИНОД,
ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, МОНАШТВОТО
И ДО СИТЕ ЧЕДА НА
МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА,
А ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНУВАЊА,
ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА,
ПОЗДРАВУВАЈЌИ ГИ СО ВЕЛИЧЕСТВЕНИОТ И ТОРЖЕСТВЕН ПОЗДРАВ –

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!

Voskresenie.s.jpg

Нашиот Бог не е Бог на мртвите, туку на живите” (Матеј 22,32)
„и, кој верува во Него, и ако умре – ќе живее” (Јован 11,25)

Возљубени духовни чеда,

Воскресенскиот торжествен поздрав, тој преславен восклик, восклик на победа и триумф, кој ни носи живот вечен, одекнува по целата вселена повеќе од две илјади години. Тој триумф на светлината над темнината, на доброто над злото, на вистината над лагата, пак и пак ни ги зацврстува верата, надежта и љубовта во воскреснатиот Спасител и ширум ни ги отвора рајските порти. Зашто, Тој Самиот ни ја објави непобедливата и силна вистина: „Ми се даде секоја власт на небото и на земјата” (Матеј 28, 18). А богоглаголивиот апостолот Павле, додава: „Како што гревот влезе во светот преку еден човек, а преку гревот – смртта, ...како што преку престапувањето на еден човек дојде осудувањето на сите луѓе, ...така и благодатта се зацари со правда за живот вечен – преку Исуса Христа, нашиот Господ” (Рим. 5, 12. 18. 21).

Славното и сепобедно воскресение на нашиот Господ Исус Христос е најголемиот настан во човечката историја. Тоа е аголен камен, темел на верата наша христијанска. Зашто, „ако, Христос не воскреснал, тогаш празна е нашата проповед, празна е и вашата вера” (1 Кор. 15, 14). А, Христос воскресна и, поради тоа - Евангелието стана спасоносна вистина!

Тајната на Христовото воскресение е над можностите на секој збор него да го објасни и над нашата способност тоа да го сфатиме. Тоа е исполнување на великото дело за откуп на човештвото од ропството на сатаната и распадливоста. Преку тој неповторлив настан секому му се дава право да се нарече – син Божји. Тоа е враќање на изгубениот рај, ризница на животот вечен и на единството со Бога. Затоа и апостолот Павле вели: „Да Му благодариме на Бога Отецот, Кој нè направи способни да учествуваме во наследството на светиите во светлината, нè избави од власта на темнината и нè воведе во царството на Својот возљубен Син, во Кого имаме откуп и простување на гревовите” (Кол. 1, 12-14).

Возљубени празникољупци,

Како ние денес Го доживуваме воскреснатиот Господ и Неговото воскресение? – Го доживуваме со неповторлива радост, со радоста на мироносиците и на апостолите, како што сведочи евангелистот: “И како излегоа брзо од гробот, тие со страв и голема радост отрчаа да им соопштат на учениците... Исус ги пресретна и им рече: „Радувајте се!” (Матеј 28, 8-9). Воскреснатиот Господ Самиот посака така, па затоа и ние со целата Црква Му пееме: – „Овој ден, кој го создаде Господ, е да се зарадуваме и да се развеселиме во него!”

Нам не ни е дадено да Го видиме Господа со нашите телесни очи, како што Го видоа учениците Негови, но нашата радост во ништо не е помала, зашто кога Господ му дозволи на Тома – и да Го види и да Го допре, Он ги возвеличи оние кои не побараа да видат, велејќи: „Блажени се оние, кои не виделе, а поверувале” (Јован 20, 29). Ние, пак, веруваме во воскреснатиот Господ без да Го видиме, и, ете, затоа нашата радост е – радост неминлива. Светиот апостол Петар зборува за вистинската радост на оние, кои не виделе, а поверувале: „Исуса Христа, Кого Го сакате, иако не сте Го виделе, и во Кого верувајќи сега, а не гледајќи Го, се радувате со неискажлива и прославена радост” (1 Петр. 1, 8).

Таа радост, пак, не е моментна и не е само за една ноќ - за велигденската ноќ, туку истата постојано треба да нè исполнува. Зашто, ако секојдневно во себе ја носиме воскресенската радост, во ова време на безнадеж, омраза, страдања и војни, многу несреќи во овој свет ќе исчезнат и многу животи ќе бидат поштедени. Следбениците на Христа воскреснатиот треба да се единственото Евангелие, што секој ќе може да го прочита. Затоа, секоја наша љубезна насмевка, секој наш благ збор и благородна постапка кон другите, ќе овозможат секој да ја види незалезната светлина на воскреснатиот Господ, како свети во нашите срца. Така, за луѓето околу нас, ќе бидеме постојана „радосна вест” и живо Евангелие на нашиот Господ.

Возљубени во Господа Воскреснатиот,

И во овие велигденски денови Бог нè повикува секогаш да правиме добро – да сакаме, да бидеме благородни и милостиви, да проштеваме... – „Еден спрема друг бидете љубезни со братска љубов: натпреварувајте се во почитувањето еден кон друг... Радувајте се со радосните и плачете со расплаканите… Никому не враќајте зло за зло, а размислувајте за тоа што е добро пред сите луѓе… Ако е можно, доколку тоа зависи од вас, бидете во мир со сите луѓе… Не позволувај злото да те победи, туку победи го злото со добро” – нè учи боговдахновениот апостол Павле (Рим. 12, 10-21).

Оттаму, Христовото воскресение нека ни биде духовна пролет, време на милост и проштевање за секого од нас, каде и да сме. Стоејќи в црква, да се потсетиме дека стоиме во океанот на безусловната љубов и на бескрајната милост на воскреснатиот Господ. Затоа, „да застанеме добро” и да им простиме на сите што нè навредиле. Зашто, „кој е во Христа, тој е ново создание; старото помина; ете, сè стана ново” (2 Кор. 5, 17).

Возљубени чеда на нашата Света Црква,

Токму таквата убеденост, која во нашиот народ постанала и останала единствен извор на надеж и утеха во сите голготи и страданија, и сега ќе ни помогне да истраеме во одбраната на вистината за Македонија и за сè што е наше македонско. Од таа наша вера во воскресението се научивме на трпение, па затоа и сега цврсто веруваме во правдината и во конечната наша победа.

Неправдите кон нас не се ништо ново! Тие и овојпат само можат и треба да ни помогнат да станеме поединствени и поцврсти во бранењето на нашиот национален и духовен идентитет и во зачувувањето на сè што е македонско. Сите ние, како чеда на Македонија, должни сме да придонесеме во запазувањето на нашето вековно минато и на нашата сегашност, зашто само така ќе обезбедиме и трајна македонска иднина.

Оваа година за нашата Света Црква поминува во знакот на одбележувањето на јубилејните 50 години од Вториот црковно-народен собор, одржан во почетокт на октомври во 1958 година во Охрид, на кој соборјаните донесоа едногласна и еднодушна одлука – да се возобнови Охридската Архиепископија како Македонска Православна Црква. На тој историски собор, тогашниот епископ Доситеј е избран за поглавар, за Архиепископ охридски и митрополит македонски, со што е тргната двевековната неправда кон нашата Света Црква и кон Светиклиментовиот трон. Чествувајќи го тој Јубилеј, ќе се потсетиме и на апостолот Павле, сеачот на Евангелието по македонската земја, кому меѓу христијанските народи ќе му се одбележи 2000 годишнината од неговото раѓање. Ќе се одбележат и 150-те години од хиротонијата за епископ Кукушко-полјански на Партениј Зографски, големиот духовник, преродбеник, учебникар и борец за народен јазик, токму во годината во која се истакнува значењето на јазиците во комуникацијата на народите. Таа и кај нас е прогласена како година на македонскиот јазик, за коешто е потребно – сите да сториме сè да се зачувува чистотата и убавината на нашиот мајчин јазик, јазикот на нашите претци, на нашата култура, јазикот осветен преку духовноста и богослужението.

Честитајќи ви го најголемиот празник – Христовото воскресение, посакуваме, како чеда на Мајката Црква, сите да сме заедно во молитвата, во љубовта, во единството и разбирањето. Исполнети со светлоста на воскресението, ве поздравуваме со поздравот на радоста и вечниот живот:

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ! - НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ!

АРХИЕПИСКОП
ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ
† С Т Е Ф А Н

ЧЛЕНОВИ НА СВЕТИОТ АРХИЕРЕЈСКИ СИНОД:
† КИРИЛ,
Митрополит Полошко-кумановски
† ПЕТАР,
Митрополит Преспанско-пелагониски и
администратор Австралиско-новозеландски
† ТИМОТЕЈ,
Митрополит Дебарско-кичевски
† НАУМ,
Митрополит Струмички
† АГАТАНГЕЛ,
Митрополит Повардарски
† МЕТОДИЈ,
Митрополит Американско-канадски
† ПИМЕН,
Митрополит Европски
† ИЛАРИОН,
Митрополит Брегалнички
† ГОРАЗД,
Поранешен Митрополит Европски
† КЛИМЕНТ,
Епископ Хераклејски  

На Воскресение Христово - Велигден,
2008 Лето Господово

 

Посети: {moshits}



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная