БЛАЖЕНАТА СТАРИЦА МАТРОНА (Iдел)
http://preminportal.com.mk/content/view/1601/54/
Блажената Матрона (Матрона Димитријевна Никонова) е родена во 1881 година во селото Себино во Тулската губернија. Нејзините родители , Димитриј и Наталија, беа благочестиви селани, чесни и сиромашни. Во семејството беа четири деца: двајца браќа – Иван и Михајло, и две сестри – Марија и Матрона. Матрона беше најмлада. Кога таа се родила мајка и имала намера некако да се ослободи од неа. За убиство на младенецот во утробата мајчина не смеело да дојде до збор. Затоа постоеле мноштво на прифатилишта, каде што незаконито родените и незгрижени деца се воспитувале со средствата на државата или со доброволни прилози.
Мајка и на Матрона, уште пред таа да се роди, одлучила кога ќе го роди детето да го однесе во прифатилиштето кнез Голицин, во соседното село Бучалки, но тогаш сонувала впечатлив сон. Уште неродена ќерка и й се јавила на Наталија во сон во облик на птица со човечко лице и со затворени очи и й седнала на десната рака. Прифаќајќи го сонот како чудесен знак, богобојазливата жена ја отфрлила помислата да ја даде во дом.Девојчето се родило слепо, но мајка и ја засакала како свое "несреќно детенце".
Господ избирајки ја неа за посебно служење од самиот почеток положил на неа тежок крст, кој таа со покорност и со трпение го носела целиот свој живот.
На крштевањето девојчето го добило името Матрона, во чест на преподобната Матрона Константинополска, грчка подвижница од 5.век чиј што спомен се празнува на 9(22.)ноември.
За богоизбраноста на девојчето сведочи и тоа што при крштението, кога свештеникот ја спуштил во водата, над младенчето се појавил столб од благоухан дим во вид на облаче, кој го виделе сите присутни. За тоа сведочи и роднината на блажената, Павле Ивановоч Прохоров, кој происуствувал на крштевањето. Свештеникот отец Василиј, кого парохијаните го почитувале како праведен и блажен, бил неискажливо восхитен: "Сум крстл многу деца , но вакво нешто гледам прв пат, и ова дете ќе биде со свет живот". И уште рекол :" Ако девојчето нешто побара , вие обавезно дојдете право кај мене и кажете ми што треба".
Додал и дека Матрона ќе го предвиди неговото упокоение. Така и навистина се случило. Една ноќ , Матронушка неочекувано и рекла на мајка и дека отец Василиј умира. Восхитени и уплашени, родителите се стрчале во домот на свештеникот. Кога дошле, виделе дека тој штотуку се упокоил.
Се зборува за надворешниот знак на телото кој ја покажува богоизбраноста на детето- на градите на девојчето имало испапчување во облик на крст. Подоцна, кога веќе имала шест години, мајка и почнала да ја закачка:" Зошто не носиш крвче?" Мајчичке јас си имам свој крст на градите", одговорило девојчето. "Мила ќерќичко, - се пркорувала Наталија,- прости ми! А јас пак те закачкам".
Пријателката на Наталија подоцна зборувала, дека кога Матрона била уште бебе, мајка и се жалела:"Што да правам? Девојчето во среда и петок не цица, ѓи преспива тие денови без прекин, невозможно е да ја разбудам".
Матрона, не беше просто само слепа, туку кај неа воопшто и немаше очи. Очните дупки и биле затворени со силно навлечени капаци, како во двете бели птици кои нејзината мајка ги видела на сон. Но, Господ и даде духовен вид. Уште како дете, таа ноќе додека родителите и спиеле, скришно одела во аголот на собата со иконите, и на некој необјаснив начин ги симнувала иконите од полицата, ги редела по масата, и во ноќната тишина си играла заедно со нив......
Подготви: С.С.
Посети:{moshits}
БЛАЖЕНАТА СТАРИЦА МАТРОНА (II дел)








Ги собра и ги издаде римските закони. Самиот издаваше многу строги закони против неморал и распусност. Ја состави црковната песна Јединородни Сине и Слове Божји, којашто од 536 година почна да се пее на Литургија. Го свика Петтиот Вселенски Собор во 553 година. Се упокои мирно на 14 ноември 565 година во осумдесеттата година од својот живот и се пресели во Царството на небесниот Цар.
Роден е во селото Витара кај градот Самосат во Месопотамија од христијански родители, Илија и Марта. Беше измолен од Бога од мајка му којашто беше бездетна и како син единец го посветија од малечок на служба на Бога. Во дванаесеттата година прими монашки чин, го посети Св.Симеон Столпник и го доби неговиот благослов. Желен за самотија, Данило го напушти манастирот и се повлече во еден запустен идолски храм на брегот на Црното Море. Овде претрпе безброј напади од демоните, но сите ги победи со трпението, молитвата и знакот на крстот. Потоа се качи на столбот на којштоостана се до својата смрт, поднесувајќи ги еднакво жегата и студот и нападите од луѓето и демоните. Околу неговиот столб се собраа голем број ученици и тој, со својот пример и поучувајќи, сите ги водеше кон живот во светост. Овој Свој слуга заради ползата на луѓето Бог го даруваше со голема благодат на чудотворство уште за време на животот. Беше голем проѕорливец на идните настани. Под неговиот столб притекнуваше народ од сите страни, во потрага по помош и совет од Божјиот светител. Кај него доаѓаа цареви, патријарси и прости луѓе. Царот Лав Велики своите гости државници од странство ги водеше под столбот
Најнапред беше министер на калифот Абдалмелех, а потоа монах во манастирот на Св. Сава Осветен. Заради ревносно застапување на иконопочитувањето во времето на иконоборниот цар Лав Исавријанин Јован беше наклеветен од овој цар кај калифот, којшто му ја отсече десната рака. Тој припадна на молитва пред Пресвета Богородица и раката му се состави и чудесно му зарасна. Кога го виде тоа чудо калифот се покаја, но Јован повеќе не сакаше да остане кај него како големец, туку се повлече во манастир, каде што во почетокот им беше пимер на монасите во смирението, послушноста и во сите монашки подвизи. Испеа посмртни песни, го состави Октоихот, Ирмологијата, Месецословот, Пасхалниот Канон и напиша многубројни богословски дела со вдахновение и длабочина. Голем како монах, и како поет, и како богослов, и како војник на Христовата вистина, Дамаскин се вбројува во големите отци на Црквата. Се упокои мирно во 776 година, во сто и четвртата година од својот живот.
Патријарх Цариградски. Роден е во Антиохија во 354 година, од татко Секунд, војвода, и мајка Антуса. Изучувајќи ја грчакта философија Јован се згнаси од грчкото незнабоштво и ја усвои христијанската вера како едиствена и целосна вистина. Крштение прими од Мелетиј, патријархот Антиохиски, а потоа примија Крштение и неговите родители. По смртта на родителите се замонаши и почна строго да се подвизува. Тогаш ја напиша книгата „За свештенството“ и тогаш му се јавија Светите апостоли Петар и Јован и му прорекоа голема служба, голема благодат, но и големо страдање. Кога требаше да биде посветен за свештеник се јави ангел Божји: истовремено и на патријархот Флавијан (после Мелетиј) и на самиот Јован. А кога патријархот го ракополагаше, сите видоа светол бел гулаб над Јовановата глава. Прославен заради мудроста, подвигот, и словото со голема власт, беше избран по желба на царот Аркадиј за патријарх Цариградски. Шест години управуваше со Црквата како патријарх со неспоредлива мудрост и ревност. Испрати незнабожечки мисионери кај Келтите и кај Скитите, ја сотре симонијата во Црквата симнувајќи мозина епископи-симонисти; ја рашири милосрдната дејност на Црквата; напиша посебен чин на Светата Литургија; ги посрами еретиците; ја изобличи царицата Евдоксија; Светото Писмо го растолкува со својот златен ум и јазик, на Црквата ѝ остави многу драгоцени книги со неговите беседи. Народот го прослави, завидливците го замразија, царицата двапати го испрати во прогонство. Во прогонство помина три години и се упокои на Крстовден, 14 септември, 407 година, во местото Коман во Ерменија. Пред смртта повторно му се јавија апостолите Јован и Петар, а и Светиот маченик Василиск (под 22 мај), во чијашто црква ја прими Светата Причест. „Слава Му на Бога за сѐ!“, беа неговите последни зборови и со тие зборови душата на златоустиот патријарх замина во Рајот. Од моштите на Св. Јован Златоуст главата почива во Успенскиот храм во Москва, а телото во Ватикан во Рим.


























